Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Знаеш дека си најдобриот дечко на цел свет, да не се оние бели влакна на главата би рекла дека имаш 25. Ти благодарам што постоиш, ми требаше да знам дека оваа недела има некој кој ќе биде дома и ќе се грижи за нашето куче, за нашиот дом, а вчера да ме пречека со топла чорба и чист, среден дом, пријатна атмосфера и сјај во очи. Те сакам!
 
Член од
8 април 2012
Мислења
165
Поени од реакции
84
Повторно дојде ноќта и јас седам сам во мојата соба и на тебе мислам. Ја слушам музиката која ме потсеќа на твоите очи на твоето лице на твојот глас. И се прашувам зарем мала е мојата љубов кон тебе. Зарем таа не е вистинска?!
Додека упорно те љубам со сето мое срце и тагувам за тебе, ти некаде шеташ со некој друг со друг го дочекваш утрото. А јас?
Зар ништо не ти значам? Зар толку вредам?Кажи ми барем дека не ме сакаш. Ќе те разберам, но никогаш нема да те заборавам! Се обидувам да те заборавам, еднаш засекогаш, но не е лесно. Не е лесно да избришеш од мислите нешто многу сакано. Кога ќе ги прочиташ овие зборови веројатно ќе се препознаеш себеси. Понекогаш сети се на мене. Сети се на моето име.
Сети се на онаа голема љубов, на оној што искрено те сакаше и сето негово срце било исполнето со љубов кон тебе!
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
129
Поени од реакции
295
Оваа вечер те сонував. Ми дојде толку јасно на сон шо немаше како да не те препознаам. Беше истата ти: тоа лице, тие коси, тие раце... Точно дека тоа беше ти. Не можам да се сетам дали си одговоривме нешто но многу добро го препознав чувството што ме обзема кога ти си во прашање.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Ми вика не и треба ништо, ако треба на улица само со мене да биде. Искрено не сум се надевал дека има жена на светов што би ми кажала толку голема работа......се се случува со брзина на светлината, да не халуцинирам????? Сака ќерка со мене да има, и да имала плави очи како мене......со господ напред ова време наредната година би посакал да ја гледам ќерка ми во плавите очи....или кафеави сеедно ќе ми биде. Ми се преврте светов наопаку......не е нормално. Спремен сум животов да го дадам за некоја што ја знам пар месеци.
 

LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
730
Поени од реакции
924
Кога ја читам оваа секција очигледно не сум единствениот што немал толку среќа со љубовта.Многу биле..
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
A be taka vika duri se omazi i dobie dete e posle druga pesna peat ("Zosto si me majko rodila"). Ili mozda stvarno nema da bara nisto ama ke pocne da ti kazuva kako ovoj ili onoj ima ova ili ona ili napravil ova ili ona a ti nisto ama aj da ne predviduvame da pocekame pa ke vidime.
Автоматски споено мислење:

Ova ja cisto od iskustvo
Доволно ми е што е спремна целиот свет што го има во моментов да го напушти за мене.
Јас сум таков да не мора да бара за да добие, може првите години не затоа што сакам да ги поминам цело време со неа. После Ирак не ми бега во крајна солуција, или Германија :)
А гледам дека е многу вредна......така да спремен сум на било што.
Автоматски споено мислење:

Ме нервира што пали по некоја цигара.....ама ќе ги остави :)
 
Последно уредено:
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Те видов на слика.После толку време, тука си пак.Но сега до тебе беше и твојата жена...И се сетив, на оној момент пред 11-12 години, кога те прашав дали е точно дека ќе заминеш на студии во Америка, а ти ми рече тоа се глупости...
Денес си тука со твојата жена токму од таму.Слушнав муабет дека тоа е само заради документи.Но не е така...Ти едноставно имаше среќа...
Тоа девојче (помлада е од мене мислам, затоа ја нарекувам така)..го живее мојот сон.Кога ја гледам како да се гледам самата јас но онаа од моите соништа.Мила, насмеана, преслатка таа.Имаш 10ка од мене за изборот.Без двоумење, жена достојна за тебе.Секако не ја познавам, но тебе да.Пораснавме заедно.А тоа е она со што таа не може да се пофали.Да, дошла, ќе го види твојот роден град, твојата земја, фамилија, другари, училиштето во кое учеше, но сеќавањата што те врзуваат за нив ме врзуваат и мене.Таа и јас сме како минатото и иднината...
Неизбежни се сеќавањата на тебе, сеќавањата на таа болка пред многу години кога се соочив со веројатноста дека ќе живееш далеку одовде.
Среќна сум што ги оствари твоите соништа.Уште првпат кога те видов сликан таму скокав и плачев од радост.Тоа беше почетокот на едно долго патување, помирување со реалноста,преболување...
Ни јас не те замислував да останеш овде во оваа околина.Но сонував за тебе, те сонував со години...
Ќе беше убаво да се оствареше нешто, да ме избереше, да ме фатеше за рака...
Да ми го исполнеше животот...
Знаеш, после се, после толку време на ум ми паѓаат разни идеи како да те сретнам и да разговарам со тебе, но недостижен си за мене...
Затоа се сетив на оваа тема.Овде лесно паѓам во искушението да те поздравам...
Биди ми жив и здрав прва љубов моја!
 
Последно уредено:
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.627
8 месеци. Звучи скоро исто лесно и тривијално како и 8 недели. Или денови. За изговарање де. Всушност се 240 денови. 240 денови на бескрајно повторувачки циклуси кои стануваат се понеподносливи и побезначајни. Ноќите се најтешки, затоа и најлесно прелажуваат. Стануваат прибежиште на некое неописливо лудило во кое се дружиш со ѓаволите и заедно ги дочекувате и славите утрата... парадоксално тоа лудило е единствената нишка која го одржува здравиот разум. Нешто слично како во мојата омилена песна од д-р Неле. Веројатно ми била судбина, и не по коинциденција ми е омилена.
Се научив сам, преживеав, мислев дека нема. Или сум Бог или сум ѕвер, така е напишано. Моето го платив, со најголема можна цена, и воопшто не уживам што доаѓа твоето време за наплата. Со камата, знаеш, го исквернави најсветото. Станав пророк, се мое се исполни, и допрва ќе се исполнува. Имаш голема цена за плаќање, и тоа воопшто не ме радува.
Доаѓа Нова година. И го мразам тоа. Ме потсеќа на лани. И лани немаше љубов, и ова не е во врска со љубовта. Ова е во врска со пркосот и инаетот пред се, знам дека читаш. Пркосот и инаетот ме одржаа во живот. Ме плаши мојата осветољубивост, времето работи во моја корист, се надевам дека ќе бидам разумен, иако ти лично не заслужуваш никаков разум.
Ти посакувам поубава година. Сигурно нема да ти биде полоша од оваа. И на мене исто.
 
Последно уредено:
Член од
28 јуни 2013
Мислења
316
Поени од реакции
1.940
Ја најдов твојата слика оваа вечер.
Се сетив на тебе и тргнав да ја барам.
Најдов и други, исто од луѓе кои повеќе ги немам во животот.

Колку чудно изгледаат посвети на слики од луѓе кои веќе ги немаш. Се губи ли смислата на тие зборови тогаш, знае ли таа фотографија колку тешки зборови носи на грбот?

Ја видов твојата.
Пожолтела.
А и како не би, девет години поминаа.
Да, точно девет години.

Понекогаш си велам луѓето цел живот изживеа во тие девет години.
Јас имам другарка која го запозна дечко и, се запиша на факултет, го заврши, за цело ова време беше со истиот дечко, се вработија, правеа веридба, правеа свадба, се роди еден убавец, му славеа прв роденден и именден.
Сето ова во девет години.

А јас и ти?
Ние успеавме да се погрижиме за тоа да си ги живееме нашите животи секој на своја страна.
Со постојано довикување од другата улица, нешто навидум на 'не ме заборавај.'

И со постојано проколнување на нашите создавачи и денот кога се запознавме.

Секогаш се сеќавам на тебе кога ми се случува некој крај во животот. Ти си ми како некое прибежиште, кое воопшто не е сигурно ама наликува на дома и затоа си доаѓам при него.
Се сетив и вечерва и се запрашав зошто ништо не направивме од нас.

Дали цело беше моја вина?
Дали навистина бев одвратен човек кој никогаш не успеа да ти покаже колку всушност те вреднува и си важен за мене?
А гледав, гледав колку многу менував во тебе. Колку успевам да ти влијаам.

Се сетив вечерва и на нашиот последен муабет.
Кога ти кажав некои работи во кои своевремено верував дека се точни.
Несомнено, како и секогаш, бев грешка. Ама не знам дали ми се причини, или целиот тој разговор те направи тажен.
Можеби мојата пуста желба да ти недостигам ако ме изгубиш да е поголема од тоа што реално се случува.

Нема како тебе, едноставно не постои.
Ти секогаш ќе си архето на мојот живот, без разлика што и да се случува.
Го сфатив тоа после девет години, веројатно предоцна.

Нема да успеам да ти ги кажам овие зборови некогаш, знам тоа.
Ќе се потпирам на фактот дека ти кажав дека е крај и на тоа дека сум отровна за тебе и подобро да ме немаш.
Ќе се тешам со тоа дека сепак, барем тебе нема толку да те повредам иако не би знаела колку имаш страдано од мене.
А сакам, верувај сакам да можам да ти го кажам сето овоа..
Којзнае и што ќе ме пречека од другата страна.

Сигурно ќе биде твоето 'ти кажав маче, ќе се вратиш, што е сега, пак ли раскина' и слични изјави кои ќе ме докршат.
Се повеќе верувам дека си створен за да бидеш дел од мене и нашето.
Ама мислам дека ќе морам да живеам со тоа дека сепак, на крајот на краиштата, тоа нема да се случи.

Ти никогаш нема да дознаеш за ништо од овоа и животот ќе си помине.
Можеби во некој нареден живот, ќе бидам порано похрабра и нема да те пропуштам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom