Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
ДК
сабајлево сообраќајот во Скопје имаше достигнато посебна ентропија..како да сум во магичен свет на браунови честички без било како в ред.
На раскрсница застанав да помине едно човече со точак, ме гледаше со неверување и се прекрсти..
Дал да се смееш дал да плачеш...
 
Член од
21 април 2017
Мислења
237
Поени од реакции
703
ДК,

иако ти ветив вчера дека ќе ти пишам каков е ајварот во Германија, сепак не успеав да го дегустирам. Немав време да одам да купам. Ама чим, одма :)
Зато вечерав тортелини со спанаќ и моцарела. И рендан пармезан. И чаша бело вино. Жими мајка, многу убо.
Чашата премина во една, па во уште една...и цело шише замина за нецел сат. Дури вечерав почнав да го гледам "Green Book". Оган филм, многу ме бендиса. Веќе бев потфатен од алкохолот, и то убо. Од ко заврши филмот отворив уште едно шише вино. А во главата ми се вртеше една реченица шо ја слушнав во него : "The world is full of lonely people afraid to make the first move."

Знајш ти хомогена смесо од јајца, колку пати сум бил уплашен да го напрам првиот чекор? Илјада пати е малце. Шо ќе речела, како ќе помислела, ам како ќе функционираме, ам шо ако речела не. И ме мачеше мислата скоро дур не заспав. Морам да се сменам во тој поглед Кајги, жими се.

А во последно, и јас се осеќам осамен. И си мислам, дали е то така ради то шо некоја е уплашена да го напрајт првиот чекор со мене? А помислив на то вчера и ми се слоши, па заспав одма. Ај жити се размисли и ќе те прашам утре шо мислиш :)
 

Ejebajgasad!!!

Фукара
Член од
4 септември 2017
Мислења
677
Поени од реакции
1.116
Јас ги бројам деновите кога ќе си заминам од ова место односно од оваа земја. Не можам да ја наречам држава, оти ова воопшто и не наликува на држава. Навистина ова е мојата земја, ама ова не се моите луѓе односно мојот народ во тоа сум дефинитивно сигурен. Уморен сум да гледам лицемерие на сите страни. Колку да се трудиш да бидеш добра личност секогаш погрешно ќе бидеш разбран од другите тука кај нас. Пред некој ден се шетам низ центар и поминав до фонтаната да се напијам вода. Од ресторанот во близина излезе едно мало детенце и тргна кон фонтаната да се напие вода. Фонтаната беше превисока за да ја достигне. Го прашав дали сака да му помогнам да се напие вода, срамежливо ми потврди со главчето. Го подигнав се напи вода, од ресторанот се појави неговата мајка која го грабна и со прекорен поглед упатен кон мене ми го сврти грбот и замина. Знам на што помисли и ја разбирам бидејќи е мајка. А сега да се вратам на лицемерието на нашиот народ. Денес сосед кој веќе неколку години ми нема прозборено конечно отвори уста, а јас си помислив онемел кутриот. Нормално му требаше некаква услуга или што би рекле само од корист прави муабет. Јас не му одговорив оти пред неколку години баш од него добив навреди кои нема никогаш да му ги заборавам.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Драга,

За некој ден ќе правам 9 години на форумов. Приметив сега, може нема да отворам тој ден, а знам дека ќе заборавам ваљда со се што ми се вртка во глава во последно време.
Се сеќавам точно и кога го правев профилот, и зошто, и која особа ми го посочи, и кај бев. Не се сеќавам зашто бројкиве ги чукнав само, мање битно, секаде имам рандом бројки, сакам бројки.
Пораснав оттогаш многу, во секоја смисла. Мислам дека бев пофина кон луѓето од сега, понаивна, поглупа и нејќев да влегувам во конфликти многу. Сега е некако обратно. :D
Малце работи останаа константни, што најверојатно и така треба и да е во животот. Знак на некој напредок, промена, растење, бла, бла, мразам филозофирање.

Не сум научена да носам прстени нешто многу, поготово оние што ги носиш секој ден мислам дека треба да ти значат нешто и да претставуваат личност. Носам он-офф еден веќе со години, а за вториот си некако и ти виновна.
Енивеј, хепи аниверсари ту ми, предвреме.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.125
Поени од реакции
17.913
Драга

Совет од еден пријател: Не слушај некој растен во Скопје да ти кажува за храна, оти врв на кулинарско доживување му се јадењата од градинка ...
 
Последно уредено:

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.637
Поени од реакции
27.836
Ми се гади кога ги слушам разно разнине докторки и доктори кои ги викаат ради реда на телевизија од што немаат идеја програма да направат,па уште совети делат на умноболни пациенти кои поминале 10 прегледи кај 50 други доктори и не се излечиле,па сега овие што гостуваат у живо ке ги излечат преку совети од јавување по телефон :facepalm:
Да биде трагедијата поголема повраќаница ме фаќа само што ги слушам тие докторите како ги развлекуваат зборовите,обавезно меко л и ги кратат зборовите,на српски да личи дека зборат.Место децата не се вакцинираат-деца не се вакцинират,место родителите одбиваат-родители одбиват,па се пекмезат па се топат абе вилици искривија,гадови искомплексирани.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom