Разговарајќи онака на работа темата беше како денес децата одат на училиште, почнаа да ми се враќат спомени како ние одевме на училиште од мое маало, како глутница, 12-15 деца и правејќи разни нешта по пат, ако училиштето ни беше на 10 минути од маало и тоа одејќи бавно , нас понекогаш ни требаше и по 25.
И добро тоа но што ми текна во истиов момент да размислувам кој каде е, увидов дека од цела таа глутница во државата останавме само 3ца, сите фатија штрафта од државата, по што ме облеа едно такво чувство кое никогаш претходно не сум го почуствувал, тешко да се опише.
Таман се совземам од тој шок денес се научив сабајлечки на кафе дека уште една блиска личност со која се зближив летово и поминав квалитетно време ја напушта државата, бидејќи за неа нема иднина во неа.
Ми останува она горко чуство и да се запрашам по кој знае кој пат, кога на овој народ ќе му дојде ум да расчисти со онаа багра што е на власт од двете страни.