Фан Клуб: Барселона

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.964
Поени од реакции
35.576
Ќе му ги мести месијата сега, пак ќе ја заврши сезоната со двоцифрена бројка благодарение на него.
Па ќе му ги мести, и сама знаеш дека кога беше повреден Меси голот неможевме да го најдеме. :D Погледни ја само ситуацијата тројца или четворица беа скоцентрирани околу Меси пред да ја додаде топката до Суарез. Тоа е тоа што не влече во последните 2 сезони и освојуваме Лалига. Во ЛШ треба премногу коцки да се поклопат за да успева.
Далеку од тоа дека Суарез е единствен кривец, на клубот пред се му е потребен ремонт од тие главучите во управа па после хиерархијски надолу. Среќа ситуацијата и со Реал и Атлетико не е сјајна па ќе биде војна за титулата во лигата, за ЛШ мислам дека тим од Шпанија нема шо да бара оваа сезона.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Сега баш да видиме со каков состав ќе излезе Валверде викендов.
Де Јонг мора да го врати на ДМ, Артур лево а десната страна да ја ора Видал. Мора повеќе да ја игра оваа средина. Видал неоправдано му е на клупа. Мора повеќе да игра, дечкото не само што многу трча и пресекува топки туку и знае да се убаци од втор план со некој пас, асистенција или да се најде во шанса за гол. Бускетс од друга страна не смее да биде првотимец, со формава што ја тера веќе подолго време е играч само за ротација.

Напред, иако вчера одигра одлично Суарез, мора да му даде шанса на Гризман во шпицот на нападот. Сакам да видам како ќе функционира нападот со Дембеле, Грзиман и Меси. Тимов има многу потенцијал ама џабе е се тоа со тренер како Валверде.Се кладам дека со друг асален тренер, не само колективно туку и индивидуално повеќето играчи ќе кренат ниво и ќе изгледаат многу подобро од сега. Дури и Артур кој и под Валверде е солиден ќе крене уште повисоко ниво зашто дечкото технички е одличен играч, само му треба повеќе слобода во играта.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.142
Поени од реакции
16.657
Кој сака нека дојди тренер дури е Меси Суарез ќе игра стартер во нападот знаете и сами зошто.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
848
Поени од реакции
1.758
Одамна им е поминат прајмот на Суарез, Пике и Бускетс, самото тоа што го имаат направено за клубот уште ги држи во прва постава. И тренерот да се смени не верувам дека ке има муда да ги седне на клупа а камоли шут карта да им даде. Носоњава сеа засеа само на Ракитич може шеф да му изиграва, а ако ги направи тие дубари со горе наведените тројца ја ке му ги простам сите криминали што ги направи во клубот. Океј не сите ама барем само женаму ке ја пцујам а не ќерка му што ја крие.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.964
Поени од реакции
35.576
Не заебавајте, Суарез си оди од Барса наредното лето, јасно како сончев ден.
 
Член од
11 октомври 2017
Мислења
414
Поени од реакции
153
Ај да дадам и јас мислење свое.........Типична Валверде победа,која можеше да не чини ептен многу во групава,(Автоматски со победата на Дортмунд зборувам-Свршен чин),Меси НЕдоволно спремен,Пиќе типично заспано-Дезориентиран,Ленглет се повеќе испрашуван-Дали ќе порасне/дорасне на штопер кои можеш да му ги дадеш конците во одбраната,т.е да биде лидер,Роберто како што течи сезоната се повеќе и повеќе катастрофа е (Поготово Бек-каде дуваше многу промаја по таа десна страна).Пред се од цела четворка во одбраната Семедо има некоја каква-таква пролазна оценка,доста цврсто се покажа во дефанзива (Стандардно за него) во напад нормално изгубен малце,сепак не му е природната позиција,а и имав впечаток како цело време да си сметаа со Гризман,али ќе одам по ред.....Натпреварот започна типично лежерно/заспано,млитаво,каде одма на средината на теренот подзаспаа Бускетс и Де јонг,Ленглет неуспеа да затвори и гол доста рано.......Почна Барса да се мачи,немие јасно како психички паднаа,или се поставува прашањето:Дали раните од Енфилд се сеуште свежи?Неможеа два паса да сврзат,средината изгубена,доста оштри и груби фаули НЕтипични за Барса,доста картони,Меси затворен,Де јонг пробуваше да даде пас меѓу линии,али без успех,Бускетс премногу бавен,млитав,доста доста грешни пасови,Интер можеше и лесно и втор гол да даде каде Тер штеген фати чисти зицер,и на некој начин го одржа Валверде во живот т.е да не добие отказ :D Тоа што сакам да го потенцирам е,Тимов изгледа преморено,без идејно,изгубено,млитаво,Ленглет уште не е дораснат за да биде лидер во одбраната,Роберто е ептен надвор од форма,Гризман се гуши на онаа позиција,и ако настави онака т.е на онаа позиција да игра ЗАПАМТЕТЕ МИ ГО ЗБОРОВ СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ФОРУМОВ ќе биде прогласен како едно од најголемите промашувања,и може иста судбина да го снајде како Кутињо,а можеше и можи многу поинаку т.е не на онаа позиција,ама Тренериштево наше ептен ги погодува позицииве на играчиве,а иначе кога сме веќе кај Валверде се осеќа дека неможи т.е не е способен да го крени тимов напред,да го истаде максимумот од некои играчи,неможи да ги мотивира,неможи психички да влијае над нив,кажав на почетокот на сезонава,ако НЕ ГО ИЗБРКААТ Валверде.......Тешка и напорна ќе биде оваа сезона,уште сега плукаме по тренеров,а каде е Април/Мај.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.142
Поени од реакции
16.657
Има нешто по вашите медиуми или чиста глупост е ова ?
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.523
Поени од реакции
62.386
Ми се чини дека овие Чингирито секогаш имаат екслузива која не се остварува...
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.142
Поени од реакции
16.657
Ми се чини дека овие Чингирито секогаш имаат екслузива која не се остварува...
Јас не ги земам за релевантни, ич, ги гледам само после полноќ оти се циркус. Уствари овие никој не се новинари туку емисијата е направена за да анализираат натпревари и да се ребрат меѓусебе, кога станува збор за Реал или Барса.
Пред некое време во емисијата имаа демек !! ексклузива !! caso Neymar, отворам ко ќе видам шо ќе видам, Кога играле Псж со Реал лани го потапкал по рамо Модрич, Иско му шепнал нешто а Рамос се поздравил, демек играчите на Реал сакале да дојди боже сачувај :pos:
На муабет ја по 5 минути шо пишат .
Демек ја демантираат веста :ROFLMAO:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom