Фан клуб - РК Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.432
Поени од реакции
68.566
Не ја заборавајте атмосферата која е огромен фактор кога играме во Скопје. Играчите ќе бидат далеку помотивирани, особено што не исплескаа во полуфиналето од Супер Глоуб.
За мене Вардар е благ фаворит, но тоа не значи дека нема шанси да Кил не тепа во Скопје.
Муабетот е дека малку претерано се драматизира на темава :icon_mrgr:
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Не знам зошто се вакви реакциите тука. Во сала се навива, тука се дискутира. Ако не ги потенцираме слабостите, даваме рецензии, мислења за играта нема да има дебата.

Кога си во сала, таму мора поддршка до макс. И во пораз, и при 10 гола разлика за противникот. Никад не треба да се плука по играчите и надвор од сала. Ама, сеа, треба да може да се искаже мислење, да се даде критика.

Доколку си актуелен европски шампион и продолжил да постоиш и играш во ЛШ, тогаш може да се каже дека е нелогично на Скубе да му даваш нов договор (најверојатно поголем од претходниот) а да носиш голман од екипа која испаднала од трета германска лига, а другиот да ти е некој младич што бранел само во Алжир. На место си е тоа.
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.907
Поени од реакции
9.507
Мора да се напомене дека им фалат и два топ играча во ростерот како Де Толедо и Стоилов со нив ке биде и поинаква приказна.
Она што се очекуваше да е проблем се покажа дека и ке е десен/среден бек и голман а еден факт кој е многу очигледен дека Игор Карачич фали ептен иако јас за овој играч сум немал некое високо мислење од аспект на играчки способноости кој ги поседува он имаше огромно влијание во овој тим едноставно Игор/Вардар беше вин/вин комбинација ликов даваше 100% на секое поле за Вардар.
За Вардар ваков старт е одличен како и останатите резултати кој се дешаваат во групава во која нема наивна екипа во Запорожје,Монпелје,Порто,Брест секој може да се сопне она шо загрижува е шо некако нема рутина во победите се гледа дека на среќа/искуство малце ги добиваат натпреварите и што ниту еден од засилувањава непокажа ништо специјално освен Пелко кој горе долу е на она ниво шо се очекуваше од него на стартов остали се да речам бедни
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Еве го поништениот гол во последна секунда, низ нозе на Гедбан од пола терен.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.852
Поени од реакции
3.319
Браво за Вардар уште еднаш! Победа си е победа, па макар и еден гол во вакво натпреварување (Еурофарм испадна најголем малер со три порази по еден разлика на сам старт).
Се гледа дека е тенка клупата, ама еве може за следниот натпревар да го замени евентуално Кукуловски со Кизиќ, па да имаме три голмани а Кизиќ е поверојатно да фати повеќе топки. Овој голмански тандем е прилично слаб, ама и одбраната доста им одмогнува. Го гледам Митревски какви паради прави и какви одбрани везе (Шпанциве поготово му лежат) и ми е жал дури за него зашто не игра во некој појак тим.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.701
Поени од реакции
5.620
Со екипава што ја имаме и буџетот што располагаме 3 од 3 е перфектен старт,небитно каква била играта.

Сезонава нетреба да очекуваме дека ланскиот успех ќе се повтори и незнам што,такво чудо се дешава еднаш во 100 години,колку пари толку музика.
За разлика од лани сега ги нема 10-15 одбрани на Милосављев(поголемиот дел во клучни моменти)го нема Карачич кој ни беше главен играч и мотор на екипата,плус Столе и Самба,Вуко во одреден дел од сезоната и тоа е тоа,на нивно место сега донесоа голман од 3та лига што нема никакво искуство,Пелко од 2ра Австриска лига,Горпишин што беше вишок во Ерланген и Атман што му е пројдено времето.
Неможе од нив да очекуваме сега прваци да бидат.
Силата на екипата моментално е негде осмина-четвртфинале максимум,за повеќе не верувам,ќе видиме сега со Столе и Толедо дали нешто ќе се промени ама искрено не верувам.
Сепак мислам дека екипава не го покажала најдоброто може повеќе од ова,сите до сега ги тепавме во 2ро полувреме и тоа главно на почеток.

Мислам дека грешка се направи кога се кроеше ростерот,мислам дека немаше потреба Толедо да го носиме кога го имаме Криштопанс,подобро некој лев бек да донесеа,исто и Горбок грешка направија што го отавија човекот едвај се движи за платата што ја зима можеше некој помлад колку за ротација да донесат,ама што е тука до пред некој месец да ни го понудеа ова одма ќе прифатевме.
Ако може зимото да се донесе нешто ќе биде одлично.

Супер е сега за сега со појакиве екипа ќе видиме колку е стварно силата,во секој случај треба само да уживаме сезонава,ЕВРОПСКИ ПРВАЦИ сме. :oeoeoe:
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
265
Поени од реакции
349
Пофалба за Тимур и Кристопанс. Единствено тие 2ца се константни оваа сезона.

Треба да се проба со Кизиќ. Секако нема фајде од овие двајца.

Одбраната не е толку лоша, колку што им паѓа мотивацијата што немаат поддршка од голман.
Голманиве ги нервираат и играчите.

Поништениот беше чист, али секој старт над Кристопанс беше за исклучување, некои и за затвор. Судииве не досудија ниту едно.

3 од 3! Ко би реко' :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.878
Поени од реакции
84.182
Еве го поништениот гол во последна секунда, низ нозе на Гедбан од пола терен.
Мене ниту едно streamable не ми се лоуда..нит на сајтот на страната (од 24 ракомет беше ова чинам?) нит на кајганава....
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Мене ниту едно streamable не ми се лоуда..нит на сајтот на страната (од 24 ракомет беше ова чинам?) нит на кајганава....
Сум приметил дека adblock прави проблеми со ова, зошто имаат некои реклами овие на почеток. Види тоа.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.282
Поени од реакции
22.509
3 od 3 i toa 2 vo gosti dodeka site konkurenti veke imaat kiksnato bar ednas. Porto i Monteplie dokazaa deka ne se naivni veke zedoa po eden golem skalp taka da neznam sto sakate. Imame problemi ama sepak pobeduvame. Kristopans, Dibirov i Cupic zasega se odlicni. Doma so publika i drugite se palat taka da so malku poveke koncentracija, postegnata odbrana doma bi trebalo da gi dobieme i Kiel. Teskoto doaga potoa ama valjda poleka i ke se uigrame, ke se vratat Stole i Toledo a i golmanive valjda ke se razrabotat. Krajno vreme e da pokazat dali ima troska talent u niv mada kolku i da gi plukame ovie 3 utakmici bas vo klucni momenti prorabotuvaat.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
А што се дешава со Столе? Поминаа три ипол месеци, а он уште не тренира колку што знам. Пишуваше нешто дека не му идела рехабилитацијата добро. Овој Толедо повеќе не е на штаки.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Поминаа три ипол месеци, а он уште не тренира колку што знам. Пишуваше нешто дека не му идела рехабилитацијата добро
Во втората реченица го имаш одговорот.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Во втората реченица го имаш одговорот.
Да, прашувам зошто обично со 3 месеци рехабилитација се почнува да се игра, он чим не ни тренира по 3 ипол, очигледно има некој проблем, нешто зашкрипело во рехабилитацијата. Па да не знае некој што се дешава, прашав. Да не е некој посериозен проблем?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Да, прашувам зошто обично со 3 месеци рехабилитација се почнува да се игра, он чим не ни тренира по 3 ипол, очигледно има некој проблем, нешто зашкрипело во рехабилитацијата. Па да не знае некој што се дешава, прашав. Да не е некој посериозен проблем?
Не е кај сите телото исто и поспоро оди рехабилитацијата кога ќе заминеш 30.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom