3 МФЛ-Региони и Општински Лиги

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.532
Поени од реакции
1.515
денес го добивме. Гоблен се откажа, на негово место влегла Цементарница.

 
Член од
17 септември 2012
Мислења
896
Поени од реакции
515
Пишав пред некое време, сега пак да побарам некој совет. У Куманово, ко што знаете има две општински лиги Четврта и Петта или тука ги викаат Квалитетна Група А и Неквалитетна Група Б. Е сеа, според некакви правила од квалитетната испаѓаат двете последнопласирани, а влагаат првите две од неквалитетната. Годинава двете последнопласирани беа албанските екипите ФК Милано и ФК Башкими, а од втората лигата требаше да влезат ФК Костурник како првопласиран и ФК Козјак како втор. Бидејќи ФК Речица влезе во 3та лига, остана место за уште една екипа. ФК Костурник поради немање на услови се откажал од влагање у квалитетната лига, значи остануваат 2 места за потполнување. ФК Пчиња 2015 (ние) завршивме како 3то пласирана и сакаме да идеме у погорниот ранг, требаше уште лани да влеземе ама бараа некои стандарди као да имаме соблекувална, теренот да е ограден итн. иако некои екипи од квалитетната не ги исполнуваат тие услови. Ние сето тоа го завршивме, односно направивме соблекувална, оградивме, кабини за домашни, гости, делегат и сеа нели логично пошто Речица влага у 3та, мислам дека 3то пласираната од другата лига треба да го пополни тоа место. Но, тие ги оставија ФК Милано и ФК Башкими, и од другава лига влезе само ФК Козјак. Дали некако може да се жалиме, знам дека лигиве се под ОФС Куманово и мислам дека ФФМ нема никаква надлежност. Има ли некакви правилници или нешто слично?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.892
Поени од реакции
84.251
Бреј Милано и Башкими колку имаат паднато значи..
 
Член од
28 октомври 2014
Мислења
329
Поени од реакции
144
Мое мислење е дека нема потреба да форсирате годинава. Ако инфраструктурно сте послаби од Башкими и Милано (кои имаат младински категории), треба да дозавршите тоа шо ви бараат годинава на теренот, составете јака екипа, тепајте се по ред, без инциденти, фер плеј, и на крај тие ќе ве бараат да играте во 4-та лига. Жалба е сосема непотребно да се поднесува.
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.532
Поени од реакции
1.515
најдете го правилникот за натпреварување во лигата за лани, ама црно на бело правиот документ. тој е на ОФС Куманоно, не на ФФМ. видете што пишува кога е во прашање испаѓање и пополнување за да знаете дали сте во право. не е чудно при откажување местото да им се понуди на екипите кои испаднале.

ако имате намера да се жалите, прво проверете.
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
500
Поени од реакции
159
Colt Willcox
Дали можеш да ми објасниш околу двата клуба што се викаат Славија. Кои се точните имиња на соотвените клубови.
Еве ти пример:
https://mk.wikipedia.org/wiki/Општински_фудбалски_лиги_на_Македонија_2009/2010

https://mk.wikipedia.org/wiki/Општински_фудбалски_лиги_на_Македонија_2017/2018
и
https://mk.wikipedia.org/wiki/Општински_фудбалски_лиги_на_Македонија_2018/2019

Фала однапред.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Colt Willcox
Дали можеш да ми објасниш околу двата клуба што се викаат Славија. Кои се точните имиња на соотвените клубови.
Еве ти пример:
https://mk.wikipedia.org/wiki/Општински_фудбалски_лиги_на_Македонија_2009/2010

https://mk.wikipedia.org/wiki/Општински_фудбалски_лиги_на_Македонија_2017/2018
и
https://mk.wikipedia.org/wiki/Општински_фудбалски_лиги_на_Македонија_2018/2019

Фала однапред.
Во првиот случај, тоа е вториот состав на Славија. Во тие години Славија имаше два состави, еден во трета, а друг во четврта лига.
Стануваше збор воглавно за истите играчи кои играа на двојна во двата клуба. Клубот беше шанса за деца од населбата да играат „професионален“ фудбал.
Клубот се вика ФК Славија Пржино и како таков во последниве две години настапуваше во општинска лига. Стариот Мандаровски формираше свој нов клуб под името Славија 19, кој нема ништо заедничко со историјата на Славија, ниту пак со онаа Славија 19 што како Б клуб се натпреваруваше во општинска лига.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.892
Поени од реакции
84.251
Што се дешава со Цементара и зошто нема резултат од утакмциата со Илинден?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Што се дешава со Цементара и зошто нема резултат од утакмциата со Илинден?
Општа тепачка настанала. Тројца фѕдбалери на Илинден завршиле во болница.
Во средата Цементарница не отишле на гостувањето во Петровец.
Веројатно се откажуваат од лигата.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Росоман им зема службена победа на Обршани од 0-3 (натпреварот заврши 2-1 за Обршани), затоа што домаќините имале заостанат долг во висина од 480 денари :pos: :pos: :pos:
Ако сакаат да ја обжалат одлуката, треба да платат 6000 денари :pos:

Инаку, мал пресек на третиве лиги досега.
На север се чини дека има неколку конкуренти за титула, но најизразени се Фортуна, Маџари Солидарност и можеби Локомотива.
Фортуна има предност поради косачките албански екипи како Беса (кај овие, македонските клубови сигурно губат, така што стартуваат со -3 бода) или Ринија, но и македонскиве екипи знаат да понудат жешки гостувања и да им скратат некој бод. Маџари мислев дека има најголеми амбиции, но и Фортуна изгледа има некоја финансиска инекција. Штом тепале 4-6 кај Речица, тоа се знае дека платиле за да победат. Од друга страна, Речица им извади 1-1 на Локомотива, а нормално Локомотива загуби кај Беса во Слупчане.
Фортуна изгуби 2 бода кај ССК, а Маџари кај Ринија.
Ќе видиме како ќе се одвива лигата, меѓусебното дерби е во последното коло, во Маџари.

На западот исто така ќе гледаме голема битка. Не се сеќавам кога се случило последен пат да победникот биде македонска екипа. Откако има поделба на региони, немало таков случај.
Тетекс реално има најсилна екипа, но работите на терен се различни. Директен конкурент им е Беса од Добри Дол која после 5 кола е перфектна, додека Тетекс загуби два бода откако не успеа да слави на жешкиот терен во Големо Речица. Не верувам да овие Беса имаат силна екипа, но ја имаат поддршката од другите селски албански екипи каде што е тешко да победиш. Тешко дека со толку жешки гостувања, Тетекс би завршил прв на крајот.

Албанска екипа владее и на југо-западот. Велешта ита кон втората лига, пекол за другите екипи :D
Велешта веќе има +6 бодови од Црно Буки и плус веќе изиграа кај Црно Буки и загубија со 1-0.
Црно Буки киксираше неколку пати, покрај оној фамозен дуел кај Стеска во Волино, загубија 6-0 и кај Преспа. Мислам дека во оваа лига најбрзо ќе го добиеме шампионот, бидејќи ниту една друга екипа нема амбиции за прво место.

На југо-истокот има неколку екипи при врвот. Слога од Виница има фаворитска улога, а тука некаде е и Овче Поле. Двете екипи имаат перфектен старт по 6 дуели. Се чинеше дека Детонит ќе биде кандидат за прво место, но по поразот против Слога во Виница, загубија и од градскиот ривал, Раклиш. Тиверија и Василево се при врвот, но не верувам дека имаат високи амбиции. На крајот, мислам дека Слога нема да има проблеми да дојде до првото место.

Интересно ќе биде и во трета лига - Центар. Стандардно, Превалец одново ќе се обиде да дојде до втората лига. Засега, главен конкурент им е Росоман. Росоман во моментов е прв со 23 бода по 7 кола, со тоа што еден пораз со Обршани, службено го претворија во победа. Веќе се одигра директниот дуел во Росоман и Превалец успеа да извади 1-1. Превалец има само бод помалку, со едно нерешено и пораз против Ново Црнилиште од 6-1. Има и неколку прилепски екипи кои можат да скинат доста бодови, а тука е и Вардар Неготино, кој стартуваше добро, но во последните 3 кола освоија само бод и после 9 кола имаат само 16 бодови. Мој тип е дека Превалец ќе биде прв, иако се надевам дека Росоман ќе се врати во втората лига :D
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.532
Поени од реакции
1.515
На западот исто така ќе гледаме голема битка. Не се сеќавам кога се случило последен пат да победникот биде македонска екипа. Откако има поделба на региони, немало таков случај.
2007/08 победи Љуботен и загуби во баражот од Кожуф
 

Kajgana Shop

На врв Bottom