Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Сите очекуваа дека у денешното објавување нема да има ништо жешко. Веројатно има пожешки бомби од овие, пошто "нови околности" не гледам тука. Кога би се останало на објавување на само овие бомби, би било прилично скандалозна ситуација.
Нема. Сигурно нема. Ова е продолжение, и тоа многу невкусно, на политичка хајка за деградација на некои противници на власта. Со истите методи како кога Заев објавуваше трачови и интимни муабети на луѓе без никаква поврзаност со криминал. Е сега, тоа дека такви гомненици пика во судница на која се суди за убиство на деца не е „прилично скандалозно“, туку е психопатско. А тоа дека мисли оти ќе му помине и народ ќе се занимава шо рекла некоја Нада и ќе се исмева со некоја гатачка, му е тешко промашување. Еднаш помина тоа, во некое друго време, со некој друг контекст, ама да го користиш ПАК, сред судење на вахабии за убиство на деца, како пи-ар маневар, е тешка психопатија. Дно.

Оваа прогресивнава правда ќе се изучува во учебници. Денешното рочиште е една од најсрамните глупости во историјата на македонското судство. Каква е побогу вмешаноста на било кои од овие со случајот па да биде нивното трачарење третирано како доказ?

Ако било кој на Правен има ронка личен интегритет ќе започне постапка за одземање на дипломи и на обвинителите и на судијата.
Имај у предвид дека Заев беше ослободен заради „контрадикторни изјави на сведокот/оштетениот“. Не е ништо чудно Фатма да оди камиказа за да се најде некој ваков повод некои докази да станат контрадикторни, некои нови „докази“ како овие да фрлат магично „основи за сомнеж“, па драстично да се намалуваат казни.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.144
Поени од реакции
25.570

Нада: Не прашав, знаеш Никола многу не збори.

А Никола во последно време кога ќе се распише, не можеш да го вратиш назад. Остај се, си ставил за задача и сите можни емот икони да ги употреби. Што значи дека сведокот Надежда дава контрадикторни изјави, и Пуно тука со право ни викаше дека сме под влијание на злобна вмровска пропаганда.

На вакво нешто мислиш?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.227
Поени од реакции
78.810
Нема. Сигурно нема. Ова е продолжение, и тоа многу невкусно, на политичка хајка за деградација на некои противници на власта. Со истите методи како кога Заев објавуваше трачови и интимни муабети на луѓе без никаква поврзаност со криминал. Е сега, тоа дека такви гомненици пика во судница на која се суди за убиство на деца не е „прилично скандалозно“, туку е психопатско. А тоа дека мисли оти ќе му помине и народ ќе се занимава шо рекла некоја Нада и ќе се исмева со некоја гатачка, му е тешко промашување. Еднаш помина тоа, во некое друго време, со некој друг контекст, ама да го користиш ПАК, сред судење на вахабии за убиство на деца, како пи-ар маневар, е тешка психопатија. Дно.
Не гледам кој знае што деградирачко тука за минатата власт (освен тоа што намерно не барале екстрадиција, а што го знаевме и без бомбиве).
Така да, ако ова не е увертира во некои пожешки бомби, не му гледам некоја функција.

Имај у предвид дека Заев беше ослободен заради „контрадикторни изјави на сведокот/оштетениот“. Не е ништо чудно Фатма да оди камиказа за да се најде некој ваков повод некои докази да станат контрадикторни, некои нови „докази“ како овие да фрлат магично „основи за сомнеж“, па драстично да се намалуваат казни.
Не верувам, дека ако испаднат судски криви, ќе може драстично да им се намали казна, по било кој основ.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Не гледам кој знае што деградирачко тука за минатата власт (освен тоа што намерно не барале екстрадиција, а што го знаевме и без бомбиве).
Така да, ако ова не е увертира во некои пожешки бомби, не му гледам некоја функција.
Не гледаш затоа шо имаш апологетски пристап. И кога Заев ги пукаше бомбите на прес и сега, неговиот интелектуално бос пиар тим ја користи истата хипотеза. А таа хипотеза се вика „народ чита наслови, а не текстови“. Тогаш насловите беа дека се вршела тортура на гнидата Бошковски, дека Груевски СИ КУПИЛ мерцедес со државни пари, дека противправно му срушиле на некој торбеш нешто и дека НИЕ СМЕ ЛУДАЦИ БЕ!!1 Сега, еве читам дел од насловите:

-„Бомба“ во Монструм: Јанакиески открива зошто е убиен рибарот од Црешево
-И мама Нада Груевска била „вклучена“ во истрагата за „Монструм“
-И гатачката на Груевски во „бомбите“ за Монструм предвидува вмешаност на луѓе со униформа

И се гледа дека на ист начин се протнуваат истите глупости. Во судница. Сред судење за убиство на деца. Професионално убиство на деца, со умисла. Од верски побуди, за Велигден.

Пизда им матер.
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260

Еве уште еден таков наслов:

ЕЧЕА ,,БОМБИ“ НА СУДЕЊЕТО ЗА ,,МОНСТРУМ“ – СЕ СЛУШААТ ГЛАСОВИ НА ПОРАНЕШНИ ФУНКЦИОНЕРИ

Ечеле бомби... Како за некој курташак да станува збор, а не за ваков сериозен случај. Плус и поранешни функционери пишале, што е можно поопшто и побледо. Ама знаат убаво што ќе им упали кај публиката и си тераат.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.800
Поени од реакции
15.716
Не гледаш затоа шо имаш апологетски пристап. И кога Заев ги пукаше бомбите на прес и сега, неговиот интелектуално бос пиар тим ја користи истата хипотеза. А таа хипотеза се вика „народ чита наслови, а не текстови“. Тогаш насловите беа дека се вршела тортура на гнидата Бошковски, дека Груевски СИ КУПИЛ мерцедес со државни пари, дека противправно му срушиле на некој торбеш нешто и дека НИЕ СМЕ ЛУДАЦИ БЕ!!1 Сега, еве читам дел од насловите:

-„Бомба“ во Монструм: Јанакиески открива зошто е убиен рибарот од Црешево
-И мама Нада Груевска била „вклучена“ во истрагата за „Монструм“
-И гатачката на Груевски во „бомбите“ за Монструм предвидува вмешаност на луѓе со униформа

И се гледа дека на ист начин се протнуваат истите глупости. Во судница. Сред судење за убиство на деца. Професионално убиство на деца, со умисла. Од верски побуди, за Велигден.

Пизда им матер.
ќе има некоја бомба и со министер за рибарство, кој ќе открие дека во Смилковско езеро имало риби..
јасно е, се замаглува предметот... а Косово не ги екстрадира убијците...
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.227
Поени од реакции
78.810
Безвредно бомбашко шоу на позерката Фатиме Фетаи
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Сега за сега пак истото, веќе познати работи и рекла казала шпекулации кои се вртат низ народов цело време... Каква невидена фарса, не може ни да се опише ова. Па уште и рочишта на две недели, таман да се доизрелативизира. Ама битно барање за екстрадиција на тие од Косово има, нема зошто да се изврши притисок преку други играчи кога може да се дреме. (y)

И тука што се спомнува Башким Бајрами, кој неколку години претходно учествувал во убиството на специјалец... И нормално како никој не го фермал полицаецов што збори во разговориве.

Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.953
Поени од реакции
14.709
PAЗУЗHABAЧ CBEДОЧИ: Macakрот кај Смилковско го извeлe лицa во yнифopми на УЧК со амблеми „Илирида“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска цел ден се читаат транскрипти од разговори и СМС пораки за случајот „Монструм“. Меѓу разговорите кои се читаат добар дел се од лице вработено во безбедносните структури, Зоран Т., кое со разни соговорници разменува информации, меѓу кои и дека дваесетина дена пред масакрот имало информација за лица во униформи кои ќе направат некоја белја.

Имаше информација од пред 20 дена дека има лица со униформа и дека ќе удрат во полициска станица или врз недолжни луѓе за да се слушне нивниот глас”, потсетува лицето Зоран Т. во еден од разговорите.
Во друг разговор, со друг соговорник, за лицата во униформа тој кажува дека се „таму горе” и веќе не се со амблем на УЧК, туку со Илирида. За информацијата од пред 20 дена, вработениот во безбедносните структури зборува во повеќе разговори.
Ти кажав и на тебе и на Синиша дека имаме информации дека има луѓе во униформи, дека имаат намера да се прокламираат, дека ќе удрат во полициска станица или во невини луѓе. И денеска сите ќутат никој не кажува чекај да провериме дали се можеби тие истите луѓе, вели Зоран Т. Тој вели дека информацијата која ја имале уште тогаш ја кажал каде што може. Сум ја кажал и кај советник за безбедноснат на претседателот, сум ја кажал сегде кај што можам, кај што ми креваат телефон, вели вработениот од безбедносните служби.
Од транскриптите се слушна и дека тој кажува и оти има сомнеж оти зад ова стои поранешен негов колега од граничниот премин Блаце, Башким Б., кој е во бегство поради убиство на некој друг колега од специјалните единици.
Рочиштето на кое се читаат транскрипти, е во тек, а веројатно ќе останат разговори и за следните рочишта.
За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. Другите двајца обвинети се во бегство во Косово, од каде до сега не се екстрадирани. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.
 
M

Macedon1um

Гостин
Ама битно барање за екстрадиција на тие од Косово има, нема зошто да се изврши притисок преку други играчи кога може да се дреме. (y)
Џабе има барање кога Косовариве не не фермаат ни 1% ама нашиве се глупи, требаше да го држат Морина се додека не ги испорачаат убијциве
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.899
Поени од реакции
17.539
Џабе има барање кога Косовариве не не фермаат ни 1% ама нашиве се глупи, требаше да го држат Морина се додека не ги испорачаат убијциве
За жал тие не се наши.И од двете страни одлучуваат истите т.е Албанци.

А не знам дали сум грешка ама мислам дека имаше некое инфо дека двајцата убијци беа пуштени од затворот во Косово.Или грешка сум?
Не знам и дали беа таму уапсени за некое друго дело или приведени заради ова?
 
За Морина мислам последен збор имаа од Министерството за правда односно Десковска и пак ништо не направија
Инаку да мислам беа уапсени едно време таму ама некоја поситна казна и веќе е одлежана, Косово стана заштитна зона за криминалци. Почнувајки од овие двајца во Смилковско преку убиецот на Пино за кој исто има информации дека е таму до овој кој дури и бил командир на граничен премин
 
Kajgana Shop

На врв Bottom