Росоман им зема службена победа на Обршани од 0-3 (натпреварот заврши 2-1 за Обршани), затоа што домаќините имале заостанат долг во висина од 480 денари
Ако сакаат да ја обжалат одлуката, треба да платат 6000 денари
Инаку, мал пресек на третиве лиги досега.
На север се чини дека има неколку конкуренти за титула, но најизразени се Фортуна, Маџари Солидарност и можеби Локомотива.
Фортуна има предност поради косачките албански екипи како Беса (кај овие, македонските клубови сигурно губат, така што стартуваат со -3 бода) или Ринија, но и македонскиве екипи знаат да понудат жешки гостувања и да им скратат некој бод. Маџари мислев дека има најголеми амбиции, но и Фортуна изгледа има некоја финансиска инекција. Штом тепале 4-6 кај Речица, тоа се знае дека платиле за да победат. Од друга страна, Речица им извади 1-1 на Локомотива, а нормално Локомотива загуби кај Беса во Слупчане.
Фортуна изгуби 2 бода кај ССК, а Маџари кај Ринија.
Ќе видиме како ќе се одвива лигата, меѓусебното дерби е во последното коло, во Маџари.
На западот исто така ќе гледаме голема битка. Не се сеќавам кога се случило последен пат да победникот биде македонска екипа. Откако има поделба на региони, немало таков случај.
Тетекс реално има најсилна екипа, но работите на терен се различни. Директен конкурент им е Беса од Добри Дол која после 5 кола е перфектна, додека Тетекс загуби два бода откако не успеа да слави на жешкиот терен во Големо Речица. Не верувам да овие Беса имаат силна екипа, но ја имаат поддршката од другите селски албански екипи каде што е тешко да победиш. Тешко дека со толку жешки гостувања, Тетекс би завршил прв на крајот.
Албанска екипа владее и на југо-западот. Велешта ита кон втората лига, пекол за другите екипи
Велешта веќе има +6 бодови од Црно Буки и плус веќе изиграа кај Црно Буки и загубија со 1-0.
Црно Буки киксираше неколку пати, покрај оној фамозен дуел кај Стеска во Волино, загубија 6-0 и кај Преспа. Мислам дека во оваа лига најбрзо ќе го добиеме шампионот, бидејќи ниту една друга екипа нема амбиции за прво место.
На југо-истокот има неколку екипи при врвот. Слога од Виница има фаворитска улога, а тука некаде е и Овче Поле. Двете екипи имаат перфектен старт по 6 дуели. Се чинеше дека Детонит ќе биде кандидат за прво место, но по поразот против Слога во Виница, загубија и од градскиот ривал, Раклиш. Тиверија и Василево се при врвот, но не верувам дека имаат високи амбиции. На крајот, мислам дека Слога нема да има проблеми да дојде до првото место.
Интересно ќе биде и во трета лига - Центар. Стандардно, Превалец одново ќе се обиде да дојде до втората лига. Засега, главен конкурент им е Росоман. Росоман во моментов е прв со 23 бода по 7 кола, со тоа што еден пораз со Обршани, службено го претворија во победа. Веќе се одигра директниот дуел во Росоман и Превалец успеа да извади 1-1. Превалец има само бод помалку, со едно нерешено и пораз против Ново Црнилиште од 6-1. Има и неколку прилепски екипи кои можат да скинат доста бодови, а тука е и Вардар Неготино, кој стартуваше добро, но во последните 3 кола освоија само бод и после 9 кола имаат само 16 бодови. Мој тип е дека Превалец ќе биде прв, иако се надевам дека Росоман ќе се врати во втората лига