Па досега на никој не му ни сметаше кутлешот бе другар.Нормално дека нема од СВР Охрид да речат ги апсевме поради тоа.Јас не сумњам дека имало инцидент во една таква лига ама пак ова покажување сила и апсење како да се дилери на дрога укажува само дека се е поради кутлешот.Познавајќи какви партиски ботови има по вакви места кои се спремни за партијата да загинат јасно ми е дека кутлешот им боде у очи сега.
Разликата е во тоа што насловите викаат дека ПОЛИЦИЈАТА ГИ УАПСИЛА ПОРАДИ ВЕЕЊЕ ЗНАМЕ.
Не, полицијата не ги уапсила поради веење на знаме, туку дека влегле во терен да го млатат судијата. Да, можеби влијаела и партиската припадност при апсењето (според сликиве што ги гледам, овие сите се членови на дпмне), но тоа не било причината. Да не направеле ништо неправилно, немало да ги апсат.
Ама, бидејќи направиле беља, сега му даваат политичка слика на случајот (пошто и самите се партиски обоени) со цел да ја дефокусираат јавноста и нормално партијата тоа го користи за лапнување поени.
Милион портали ја раширија веста поради ексклузивност, никој нив не чул ни за трета лига, ниту знае како се игра во трета лига.
Цел живот сум во третите лиги и сешто сум видел. Прво тие во публика најчесто се стари локалци дојдени да утепаат време. Не ни разбираат фудбал, на секоја судиска одлука само слушаш „ДОШОЛ ОВОЈ ОВДЕ ДА НИ ГИ ОШТЕТУВА ДЕЦАТА“, а тоа врска си нема. Секогаш се судиите на удар и никој не ги штити, иако и самите тие често се подмитливи во понискиве лиги и судат за одредени екипи.
Патем, Црно Буки е еден од фаворитите за пласман во повисока лига, со оваа победа, Сатеска „одигра“ за Велешта и Влазними, кои се ривали на Црно Буки во борбата за втора лига.