Македонска фудбалска репрезентација

Член од
8 септември 2008
Мислења
11.834
Поени од реакции
10.147
Мислиш дека лесно ќе поминиме и со нив ? Азербејџан е тврд орев, и со нив ќе се ис......е
Еден играч знам нивни, а Косово цела прва постава им игра во топ 5 лиги низ Европа, башка знаеме каква атмосфера ќе има со браќава

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.544
Поени од реакции
21.492
Мене искрено сеедно ми е со кого ќе играат. Јас репрезентацијата не ја чувствувам како своја. Некако ми е одбивна уште од 2012 година. Искрено толку многу малверзации немаше ниту кога на чело на ФФМ беше Харалампие.
Какви малверзации има сега што немало во време на Хари?
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Косово изгледа ќе не спаси, ќе играме со Азербејџан

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
Грешка си друже. Ако Косово се пласира ние играме со Белорусија а Грузија со Луксембург. Тие се петти на табелата во Група Д и се први на листа на чекање.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.139
Поени од реакции
16.651
Со кој и да играме дури не се искористи оној лузерски менталитет нема да не бива.
Имавме шанса да ги добиеме Израел пред некоја вечер затоа што не беа ништо посебно и покажаа премногу слабости на натпреварот а ние се одлучивме да одиме на бод, било која друга репрезентација ќе го искористеше моментот и ќе си заминеше со 3 бода лагано.
 

Ejebajgasad!!!

Фукара
Член од
4 септември 2017
Мислења
677
Поени од реакции
1.116
Какви малверзации има сега што немало во време на Хари?
Ќе зборувам општо за македонскиот фудбал. Дали има и каков вид на малверзации има? Ќе почнеме од добивањето на тренерски лиценци од страна на ФФМ. Голем број добија тренерски лиценци, а квалитетот и тренерското знаење и искуство е на најниско ниво. Во детските лиги наместо да ги учат децата да играат фудбал во преден план им е резултатот. Децата не знаат да ја изнесат топката од својата половина и мислат дека фудбалската игра се сведува на избивање односно популарното кај таквите тренери рогање на топката и примање на топката од страна на напаѓачот и постигнување на погодок. И тоа се поради тоа што постојат такви тренери кои немаат доволно познавање на фудбалската игра. Што е најтрагично не ги знаат ни основните правила на фудбалската игра, а тие треба да учат дечиња за да играат фудбал. Потоа се чудиме зошто репрезентацијата е ваква. Дечињата кои играат на бековските позиции не ги учат да ја примат топката и да се обидат да ја изнесат. После чудете се зошто нема асални репрезентативци на бековски позиции. Квалитетот на севкупните младински категории е сведен на минимум. За плаќањето да играат татини синчиња нема да споменувам тоа го имало секогаш. Да се вратиме на домашната лига. Местењето на натпреварите во домашната лига во последните 7 години значително е зголемена. Ако Ѕинго намести 3-4 сезони, а Харалампие 1 или 2 сезони последниве 7 години нема сезона каде што не е наместена лигата. Значи македонската фудбалска лига е лажирана во секој поглед. Кога имаш лажирана лига нормално дека нема да има квалитет. Каде се стадионите кои се ветуваа дека ќе се направат? Претходната сезона никој не беше санкциониран за местење на натпревари , а имаше премногу сомнителни натпревари. Не знам ниту дали постои истрага за тоа. Како и да е сега од ФФМ имаат поголеми шанси да си крадат, оти во време на Харалампие не се добиваа толку високи суми за развој на фудбалот. Сега крадат во големи размери. Делат опрема само на одредени фудбалски школи, а другиот дел од опремата којзнае каде завршува. Поради се од горенаведеното мислам дека сега има поголеми малверзации и поголем грабеж од времето на Харалампие.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.834
Поени од реакции
10.147
Грешка си друже. Ако Косово се пласира ние играме со Белорусија а Грузија со Луксембург. Тие се петти на табелата во Група Д и се први на листа на чекање.
Пред да почнат квалификацииве е знам дека читав оти ако Косово се пласира директно ние играме со Азербејџан, ако тогаш имале грешен податок

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.895
Поени од реакции
84.267
Косово се појаки од другиве можни екипи во Лига Д.

Ама..ако Косово се пласира за ЕП директно тоа значи дека нема да мора да глумат лудило и да го преместат најбитниот натпревар во историја во Струмица (или било кој друг стадион освен Градски :D )
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.544
Поени од реакции
21.492
Ќе зборувам општо за македонскиот фудбал. Дали има и каков вид на малверзации има? Ќе почнеме од добивањето на тренерски лиценци од страна на ФФМ. Голем број добија тренерски лиценци, а квалитетот и тренерското знаење и искуство е на најниско ниво. Во детските лиги наместо да ги учат децата да играат фудбал во преден план им е резултатот. Децата не знаат да ја изнесат топката од својата половина и мислат дека фудбалската игра се сведува на избивање односно популарното кај таквите тренери рогање на топката и примање на топката од страна на напаѓачот и постигнување на погодок. И тоа се поради тоа што постојат такви тренери кои немаат доволно познавање на фудбалската игра. Што е најтрагично не ги знаат ни основните правила на фудбалската игра, а тие треба да учат дечиња за да играат фудбал. Потоа се чудиме зошто репрезентацијата е ваква. Дечињата кои играат на бековските позиции не ги учат да ја примат топката и да се обидат да ја изнесат. После чудете се зошто нема асални репрезентативци на бековски позиции. Квалитетот на севкупните младински категории е сведен на минимум. За плаќањето да играат татини синчиња нема да споменувам тоа го имало секогаш. Да се вратиме на домашната лига. Местењето на натпреварите во домашната лига во последните 7 години значително е зголемена. Ако Ѕинго намести 3-4 сезони, а Харалампие 1 или 2 сезони последниве 7 години нема сезона каде што не е наместена лигата. Значи македонската фудбалска лига е лажирана во секој поглед. Кога имаш лажирана лига нормално дека нема да има квалитет. Каде се стадионите кои се ветуваа дека ќе се направат? Претходната сезона никој не беше санкциониран за местење на натпревари , а имаше премногу сомнителни натпревари. Не знам ниту дали постои истрага за тоа. Како и да е сега од ФФМ имаат поголеми шанси да си крадат, оти во време на Харалампие не се добиваа толку високи суми за развој на фудбалот. Сега крадат во големи размери. Делат опрема само на одредени фудбалски школи, а другиот дел од опремата којзнае каде завршува. Поради се од горенаведеното мислам дека сега има поголеми малверзации и поголем грабеж од времето на Харалампие.
Јас те прашав конкретно какви малверзации има, ти ми кажуваш сосема други нешта за тоа како ги тренирале децата и дека Ѕинго местел 3-4 сезони а Илчо 7.
Па ако не Илчо да иде од школа до школа и да им кажува на тренерите како да ги учат своите деца.
Дај ако имаш нешто конкретно за оваа гарнитура нешто што е многу поочајно од времето на Хари или Ѕинго а не само чаршиски муабети за местење и крадење, нешто што го читаме секој ден без ниеден доказ.

За мене оваа гарнитура е најдобрата што постоела. Не е сјајна, ама знаејќи што беше претходно едноставно не смееме да кажуваме такви работи дека бољи било во времето на Ѕинго и Хари.
 

Ejebajgasad!!!

Фукара
Член од
4 септември 2017
Мислења
677
Поени од реакции
1.116
Јас те прашав конкретно какви малверзации има, ти ми кажуваш сосема други нешта за тоа како ги тренирале децата и дека Ѕинго местел 3-4 сезони а Илчо 7.
Па ако не Илчо да иде од школа до школа и да им кажува на тренерите како да ги учат своите деца.
Дај ако имаш нешто конкретно за оваа гарнитура нешто што е многу поочајно од времето на Хари или Ѕинго а не само чаршиски муабети за местење и крадење, нешто што го читаме секој ден без ниеден доказ.

За мене оваа гарнитура е најдобрата што постоела. Не е сјајна, ама знаејќи што беше претходно едноставно не смееме да кажуваме такви работи дека бољи било во времето на Ѕинго и Хари.

Па ете ти конкретно. Имам одено на семинарите на ФФМ за тренерските лиценци и не го зборувам ова од чаршиски муабети. Едноставно критериумот за добивање на лиценца не е поставен како што треба. Самото тоа го повлекува сето ова што го напишав погоре. За плаќање под рака за добивање на лиценци да не зборуваме има илјадници примери. Што сакаш да ти извадам слики каде што примале пари под рака за некој да си купи лиценца. Не сум јас папарацо. Лоша е оваа гарнитура и ќе се види тоа за неколку години. Си се запрашал колку пари се добиваат за развој на фудбалот, а колку од тие пари вложиле во негов развој? Не треба никој да им кажува, тоа само покажува дека на секакви им даваат сертификати. А тоа кажува дека постои подмитување. Затоа што ако учел по програмата ќе знае што треба да ги научи играчите на различни позиции од теренот и на што треба да посветат посебно внимание.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.750
Поени од реакции
8.834
За мене оваа гарнитура е најдобрата што постоела. Не е сјајна, ама знаејќи што беше претходно едноставно не смееме да кажуваме такви работи дека бољи било во времето на Ѕинго и Хари.
Ниту една гарнитура не била добра,сите си гледаат за личен интерест,корист итаканатаму..сите се коруптивни до коска и сите гледаат да си се упикаат што можно погоре или да бидат делегати на што е можно повеќе утакмици за да земат пари со лежење..никој апсолутно со ништо не се замара во врска со фудбалот и со децата за идните генерации ..со секој да правиш муабет ќе ти го кажи истото и сите критикуваат а никој не превзема мерки нешто да се смени..само за крадење и упикавање и лижење се сите...потоа кога ќе губиме и бидиме тотално надиграни,надтрчани,убиени фудбалски од репрезентација како Австрија потсетете се како се работи во фудбалската федерација и ќе ви стани јасно...додуша доволно е да се кажи дека кај нашите соседи фудбалски личности ги водат сојузите а кај нас политички.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Пред да почнат квалификацииве е знам дека читав оти ако Косово се пласира директно ние играме со Азербејџан, ако тогаш имале грешен податок

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
Грешка било ваљда. Луксембург влегува во плејоф ако Косово се пласира. Си има листа на чекање според бодовите освоени во Лига на нации. Луксембург, па Ерменија, па дури после е Азербејџан. Е сега пошто во тој случај Луксембург важи за четвртопласиран а се игра во формат 1 со 4 и 2 со 3 ние играме со Белорусија која би била третопласирана.
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.532
Поени од реакции
1.515
грешка е, толку знаат како функционира Лига на Нации, односно толку се потрудиле да научат. еве и сеа читам по медиуми дека Азербејџан ќе ни се убацел, а кутрите Азербејџaнци за да се убацат во баражот се молат покрај Косово да се пласираме и ние и Грузија. они си праат филм пошо Азербејџан беше во група со Косово и демек ако овие се пласират Азербејџан како втор иде, ама не е така.

Според оваа табела се гледа. Во случај некој од првите 4 да се пласира преку квалификациите, неговото место го зема наредниот најдобро пласиран, а тоа е Луксембург, потоа Ерменија, па тек после Азербејџан.

јбхјклхјкл.PNG
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.146
Поени од реакции
4.539
За мене оваа гарнитура е најдобрата што постоела. Не е сјајна, ама знаејќи што беше претходно едноставно не смееме да кажуваме такви работи дека бољи било во времето на Ѕинго и Хари.
Што добро има оваа гарнитура направено? Убаво напомена некој погоре, разликата во сумите што се добиваат сега и порано од УЕФА, ФИФА за развој на фудбалот е смешно да се споредува, а што има ФФМ направено со тоа? Еден организиран Супер куп, кој освен за туризмот, не придонесе буквално со ништо за развојот на фудбалот во Македонија. И за тој ебан супер куп, брда пари се фрлија за шминкање на Градски, на единствениот стадион кој посекако беше функционален и сосема солиден за наши услови, а во исто време еден куп други стадиони низ другите градови се буквално пред распаѓање. И со тие донации што ги добиваа, никако не се потрудија стварно да ги потсредат стадионите низ другите градови, и топката ја префрлија на општината, наместо прво да издејствуваат општините да пројават интерес и почнат со извршување на нивниот дел, па отпосле да ги добијат донациите за подлога, рефлектори и што друго и да беа. Првата лига послаба никогаш не била, а интересот за фудбал во државава не памтам да бил на волку ниско ниво, ни репрезентации како Шпанија, Италија не можат да го наполнат Градски. Да не напоменувам дека во првата лига ФФМ буквално ги брка гледачите од трибините, постојано неатрактивни термини, постојано забрани, натпревари со висок ризик, 70% од натпреварите се без гостински навивачи, се играат натпревари на ниви коишто срамота е да ги наречеш стадиони. Репрезентацијата тапка во место веќе со години, никаков напредок не е постигнат, се исфураа со успехот на У-21 генерацијата што се погоди и сите сили ги имаа вложено таму, а трпеше сениорската репрезентација на големо поради тоа. За крај, само би споменал дека селектор на А-репрезентацијата е Мрме, чие единствено професионално искуство е водење на Работнички, пред 10 години човекот тренираше деца во фудбалска школа кои смешно е да ги наречеш тим, немаше утакмица каде што не примиле под 5 гола. Не сакам никого да омаловажувам, ниту пак да го спорам неговото знаење, ама едноставно за да водиш репрезентација сепак потребно е малку поголемо искуство, затоа што не може да се спроеди со водење на клуб, поготово не со клуб од рангот на Работнички, каде немаш никаков притисок.
Ниту една од претходните гарнитури не заслужува преодна оценка или пофалба, ама истото важи и за оваа, а бирање на помалото зло не води кон ништо добро. Оваа гарнитура ја интересираат само парите и ништо друго, и све што имаат до сега направено било чисто од интерес и лични придобивки, а фудбалот нема воопшто мрднато од мртва точка, единствено може да уназадувал од порано
 
Член од
12 март 2013
Мислења
757
Поени од реакции
1.196
Еден играч знам нивни, а Косово цела прва постава им игра во топ 5 лиги низ Европа, башка знаеме каква атмосфера ќе има со браќава

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
освен Бериша што "игра" у Лацио ниеден друг не игра у топ 5 лиги
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.544
Поени од реакции
21.492
Со господ напред и од утре со нов селектор.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom