Македонско фудбалско првенство

Кој ќе биде шампион на Македонија во сезоната 2023/24?


  • Вкупно гласачи
    80
  • Гласањето е завршено на .
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.532
Поени од реакции
21.407
Нема нешто врска со политика успехов на Академија?
Струмички тим - струмички премиер...

Сериозно прашувам иначе, не имплицирам ништо, ама дека многу работи и многу клубови до сега биле поврзани со партииве...шо ги знам...
На премиерот глаана незнае кај му е од скандали, Академија Пандев шампион ќе ги прави зашто биле од Струмица.

Така беше и кон крајот на минатата сезона како Беласица ќе ги спасувале зашто премиерот бил од Струмица па директ Втора Лига Исток со Пехчево и Плачковица.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.899
Поени од реакции
17.539
Инаку гледам никој не спомнал на темава за купувањето на Брегалница од страна на Кире Гогов.Досега истиот овој го спонорираше КИТ-ГО од Пехчево без никакви големи амбиции за разлика од сега.Оваа сезона се сигурен патник за прва лига,купија доста играчи а и многу работи се реновираат и прават во стадионот и околу него.

Човекот кој го спомнав погоре на јавноста и е познат како бизнисмен(обична фигура е позади целиот проект со маркети стојат Мијалкови) кои поседува маркети насекаде низ југоисточна Македонија а пред некое време влезе и во Скопје.

Мислам дека овој клуб во иднина ќе има голема перспектива во првата лига поготово ако се наредат уште неколку работи на политички план кои ќе му одговараат на газдата од сенка.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
Има сериозна конкуренција од Тиквеш и од Беласица а истиот газда држи два клуба во втора лига исток.За Академија Пандев не и бутајте толку лајкови после 4 кола многу е рано немаат тие ни ростер за маратон да играат до крај ниту некој посебен квалитет предност им е што се воиграни и што имаат многу млади играчи па трчаат повеќе од другите.Ама замислете ги без Дориев прво коло играа без него и беа вон просек.Работнички и Шкупи исто ќе матат вода па и Ѓорче.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.207
Поени од реакции
4.944
Каде бе Академија Пандев ќе се бори за титула ? :pos: :pos:
Шо дрога земате бе ? Па уште и Ѓорче во борба го вмешале :pos:
Јас мислам Пандев дека се послаби и од лани, само му трефна првите кола и то е то, ништо посебно не му е тимот, според мене на средина на табелата ќе завршат околу 5 место.
Ѓорче интересна екипа состави, но далеку од шампионски тим, 3-4 место максимум, ама ко ќе видам кој му е газда.... :jajce: не ме чуди со тој чоек на крај и за опстанок да се борат :icon_lol:
Ренова и Струга Трим и Љум се појаки од Академијата не заебавајте....

Незнам шо се случва со Шкендија, со оној тим можат 36 од 36 победи да имаат, ама мислам јас си го ладат сега, местат к*р ги боли, сега ко ќе нагазат до крај 30 победи ќе имаат без кикс. Без разлика сега шо се последни и натаму се фаворити број 1 за титулата.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
КОја црна шкендија ќе нагази бе таму се испукани пушки се до еден
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.899
Поени од реакции
17.539
Значи според последниве мислења оваа сезона никој нема да ја освои титулата.

Искра не верувам дека ќе ја освои титулата оваа година ама не се знае зошто сепак се најорганизирани а и имаат најдобар тим.

Јас мислам дека Вардар да немаше забрана со само две подобри засилувања и уште некое просечно без проблем ќе ја освојат титулата.Е сега вака со овој тим искрено не верувам.

Пандевци и Ѓорче не може да ги отпишеме во моменталнава ситуација зошто можат да искористат одредени киксови и да завршат на врвот.
 
Последно уредено:
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Македонија Ѓ. П. на Копчар е или некој друг стои во позадина?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Штом не го знаеш тоа име во Макфудбалот, нема што повеќе да ти објаснувам :icon_mrgr:
Екс газдата на Тетекс и Пелистер.
Чичко да не ти е па што го криеш?
Кажи го со цело име и презиме.
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.532
Поени од реакции
1.515
премногу е рано за било какви прогнози за шампион. нека не ве лажат првиве кола, има уште 32 до крај. на хартија Шкендија има и тоа како најдобар тим. сега кубурат пошо Бесарт и Марјан со месеци не играа и се во никаква форма, нека проработат па ќе видите како Шкендија пак ќе биде најефикасен тим. другите клубови сите до еден се боранија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom