Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Се дур е Рашфорд здрав, Лукаку ке игра на десно крило. Нити му е позиција, ни пак тој ке прифати да седи на клупа. Напаѓач купен 75 милиони. Веројатно и самиот смета дека е подобар од Рашфорд.

Ја тие пари би ги реинвестирал во играч од средина, и онака ни фали квалитет, ако веќе се чувствува по изјавите на Оле дека Гринвуд ке добива повеќе минутажа, не знам дали ке го пробаат него на десно крило.
Ако е ваков планот и на Оле, ни ЛЕ не гледаме догодина! Ако, ќе си го мериме со Евертон ако не друго!
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Санчез и Погба заедно никогаш нема да успее, ако форсира на тоа одма отказ нека си даде.
Него Матич е мнооогу слаб, нека го даде додека може пари да земе.
Ол ин на Ериксен десно крило и бек и побаланс ќе нема.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Мене ми личи дека Оле пре би идел на опција Алексис у напад него Лукаку, т.е ова го изјавил денес, демек у играта која ја сакал, не морало шпицот да е 6'4".

Инаку Марсијал ми се свиѓаше како изигра со Лидс на 9ка, типот утрчуваше, бркаше топка и правеше пресинг, одамна не сум видел таква желба од него.Башка Оле го фали дека се подобрил поготово у work-rate делот и дека бил нај sharp до сега.Ако ојт Ром, ја би го играл Марсијал како главен шпиц и најистурен а двојка од Рашфорд , Џејмс, Алексис или Лингард би да рмбаат и поврзуваат средина со напад.
Кој да р'мба и поврзува? Алексис за последните три години има две успешни додавања до играч од својот тим, Лингур е дупло поуспешен, Рашфорд не се ни труди да даде топка, сите се негови, значи сета надеж на Џејмс, е ебаго, сме завршиле работа ако е така.
У тој случај не ни треба ни Мегваер, Смолинг и Џонс се тамам за 7-8 место![DOUBLEPOST=1563566570][/DOUBLEPOST]
Санчез и Погба заедно никогаш нема да успее, ако форсира на тоа одма отказ нека си даде.
Него Матич е мнооогу слаб, нека го даде додека може пари да земе.
Ол ин на Ериксен десно крило и бек и побаланс ќе нема.
Ако Матич се користи паметно, ќе игра он уште 2-3 сезони на високо ниво! Треба да спуштат топката со него, не може најдобриот везњак за една сезона да заборави да игра!
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.505
Поени од реакции
62.325
Дечки не прија лукаку на играта, ама мора и некој да трча у четврток со Карабаг.Толку ни е јак нападот, што дури ни прва тројка не можеме да формираме јер нема десно крило.Минути годинава ќе има буквално за сите, и шуто и рогато, старо и младо, добро и лошо.Ја би му шлапнал 100м цена на Лукаку па ко воли нек изволи.Типот лани имаше одлична сезона, годинава исто не даде малку голови а пола ја помина повреден.А циганите од интер до денар треба да ги исцедат после глупирањето со Перишич.

Мене ми личи дека Оле пре би идел на опција Алексис у напад него Лукаку, т.е ова го изјавил денес, демек у играта која ја сакал, не морало шпицот да е 6'4".

Инаку Марсијал ми се свиѓаше како изигра со Лидс на 9ка, типот утрчуваше, бркаше топка и правеше пресинг, одамна не сум видел таква желба од него.Башка Оле го фали дека се подобрил поготово у work-rate делот и дека бил нај sharp до сега.Ако ојт Ром, ја би го играл Марсијал како главен шпиц и најистурен а двојка од Рашфорд , Џејмс, Алексис или Лингард би да рмбаат и поврзуваат средина со напад.
Проблемот со Марсијал е што 3 месеци игра, 6 паузира.

 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
И овие веќе не знаат што да пишат до завчера готов трансфер беше
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.651
Поени од реакции
9.230
Оставете шпекулациите. Веќе се докажа дека никој нема допирна точка со клубот како релација. АВБ три пати потпиша до денот кога официјално потпиша.

Околу Лукаку. Видлива е намерата на Оле да има помобилна игра каде играчите без топка ќе играат многу подобро во офанзивна транзиција, како и во дефанзивна. Веќе видливо е како 4ката во форот се движи без топка. Кога средината ја има топката крилата се доволно мобилни за да втркнуваат во празно. Со тоа се прави дополнителен слободен простор за бочните бекови, како и за играчот зад напаѓачот. Има уште за работа за усовршување на тој дел. Но ете впечатлив ми остана голот на Гринвуд кога АВБ паметно утрча во празен простор, а Погба испрати одлична топка до него. Џејмс имаше пар такви ситуации исто така. Затоа мислам дека Лукаку не би се вклопил во тој начин на игра. Јас не би го продал по секоја цена, но има доста слабости во неговата игра кои би дошле до израз со моменталните барања на Оле. Плус и самиот сака да си бега, така да доколку се исплатат тие 79м фунти ништо против немам да си бега. Мора овие 15 дена целосна офанзива да се купат уште два играчи, пред се мислам на стопер и среден играч. И да бега Лукаку не е толку неопходна замената колку што е неопходен играчот во средниот ред, па и десното крило.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.505
Поени од реакции
62.325
Мора да купиме саглам CB. Срамен е бројот на голови што ги примивме лани.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Мора да купиме саглам CB. Срамен е бројот на голови што ги примивме лани.
Па не знам колку е лек само централниот? Ние еден куп голови примивме од грешките на задната линија на везњаци! Мора Матич да добие човек за ротација и озбилен партнер кога е во игра, Фред не е тоа, а Мектоминај сеуште не израснал до таму! Ако остане Погба, а ќе остане, да му се удираат по две три воспитни пред натпревар!
Едно не можам да сфатам, Лукаку е спор за брза транзиција и пресинг а Погба е брз? Ако лигушов игра понапред, он е поспор од Лукаку. Ако игра поназад, а не смее, ни тројца Мегваери не не спасуваат, плус пак ќе го издишат Матич брзо, со покривање на дупките зад Погба.
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Денеска ли со Интер играат овие
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.614
Поени од реакции
10.863
Огромна грешка ќе биде ако го продаде Лукаку, бидејќи другиве напаѓачи нити се докажани нити пак се центарфори. Евентуално ако ги научи да даваат голови па тогаш да правиме муабет. Вака ми личи на уште една не многу голеста сезона, што е рамно на катастрофа и очобол за клуб од овој ранг.
За одбраната немам коментар, хаос е мал збор, а средината не постои.
Пријателскиве не ми се репер дека нештата ќе се подобрат, баш напротив, потребни се константност и квалитет, а овие играчи тоа го немаат.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.651
Поени од реакции
9.230
Огромна грешка ќе биде ако го продаде Лукаку, бидејќи другиве напаѓачи нити се докажани нити пак се центарфори. Евентуално ако ги научи да даваат голови па тогаш да правиме муабет. Вака ми личи на уште една не многу голеста сезона, што е рамно на катастрофа и очобол за клуб од овој ранг.
За одбраната немам коментар, хаос е мал збор, а средината не постои.
Пријателскиве не ми се репер дека нештата ќе се подобрат, баш напротив, потребни се константност и квалитет, а овие играчи тоа го немаат.
Лукаку со главата е веќе во Интер. Не верувам дека има повреда во моментов и нашите се во интензивни преговори со цел да ќариме повеќе. Оле во пресовите воопшто не е сигурен за иднината на Лукаку. Според мене не е незаменлив играч. Во моментов би бил во втор план и мислам дека идеална шанса да ги вратиме во најмала рака вложените пари за него. Јунајтед има поголеми дупки кои мора да се пополнат. Стопер, играч за врска и десно крило. Задоволен сум со покривање на 2/3.

За делот дека останатите напаѓачи не се докажни. Не играле стрикно 9ки цела сезона Рашфорд и Марсиал, а и често се ротираа досега. А за да имаат таква голгетерска сезона мора да добијат шанса. Ќе те потсетам на сезоната 2006/07. Рој Кин претходната сезона го раскина договорот сред сезона и очајно ни фалеше играч за врска до Сколси. САФ го продаде најдобриот докажан голгетер во тој период (Руд Ван Нистелрој) и не доведе никого за негова замена (Хенрик Ларсон таа сезона 3 месеци го имавме на позајмица). Единствено засилување ни беше играчот кој ни требаше да ја пополни дупката во средината и тоа беше Мајкл Керик. Претходната сезона во Јануари ги доведовме Видич и Евра. И двајцата изгубени во втората полусезона. Е сега САФ во таа сезона ја направи клучната точка во давањето доверба на Руни и Роналдо кои како млади таа сезона ја превзедоа одговорноста и целосно ја оправдаа зошто и двајцата поседуваа талнет кој мораше да го докажат на терен кога товарот ќе биде на нивни плеќи. Исто така одлилчно ги припреми Видич и Евра во предсезоната и ја добија довербата за следната сезона. Да бидеме објективни дека и Роналдо и Руни не беа скроз константни до тој период. Со овие 4 играчи преломна точка зошто се во светлата страна од нашата историја е тоа што е баш тој момент кога САФ товарот им го префрлил на нивни плеќи верувајќи во нивните квалитети.
РВН бил повеќе незаменлив играч во тој период од тоа што е сега Лукаку. Дали Рашфорд и Марсиал поседуваат квалитет? Да. Дали заслужуваат шанса да бидат носители на форот? Да. Не викам дека ќе ја оправдаат и дека ќе се повтори историјата да бидеме шампиони, но преломна точка дали тие ќе бидат носителите во нападот наредните години можеби е сега во оваа сезона под Оле. Плус ги имаме и Гринвуд и Алексис кои би биле 3 и 4 опција во форот. Не се исти околностите во поглед на конкурентите можеби, но во тој период имаше страшен Челзи кој беше 2 сезони по ред шампион, Арсенал финалист во ЛШ и во игра за титула, Ливерпул истата сезона беше повторно финалист во ЛШ.

Не сакам да се навраќам на времето во САФ, но како фанови мора да учиме од редици машки одлуки кои ги направил ризикувајќи лоша сезона со цел да им даде шанса за играчи кои сметал дека поседуваат квалитет да направат голем пресврт во нивните кариери. Таква шанса добиле и други играчи и не ја оправдале. Тој ризик таа сезона се исплати со шампионска титула таа сезона и 1/2 финале во ЛШ. Таа сезона постави одлична основа за наредниот трофејски период. Следнта сезона мозаикот го дополна со пополнување на дупките од таа сезона и дојдовме до титиула во ЛШ.

Оваа сезона не очекувам резултатско чудо, но со топ 4 сум презадоволен. Доколку Оле си го реализира планот чекор по чекор како што намислил овој процес на враќање по старите патеки би траел 2-3 сезони со 4-5 трансфер периоди кои ќе значат пополнување на дупките со квалитет.

Наш приоритет се како што кажав стопер, играч за врска и десно крило. Се надевам дека стопер и играч за врска ќе доведеме до почетокот на сезоната, а за десното крило ќе се обидуваме да покриваме со Гринвуд, Џејмс и Лингард, а наредно лето би тргнале ол ин по Санчо.

Едит: Мислам дека денес ќе го видиме Џејмс на десно крило.
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Рашфорд игрше повреден пола ланска сезона. Очекувам 20 гола од него како од шала.
Рашфорд за разлика од Лукаку е подвижен, непредвидлив, и ќе биде главен голгетер сезонава кај нас.
 
Член од
16 јули 2019
Мислења
113
Поени од реакции
189
Едит: Мислам дека денес ќе го видиме Џејмс на десно крило.
Ако не се донесат нови играчи ова ќе биде првата постава за следната сезона.

Дали некој може да постави добар линк?

Благодарам
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

Kajgana Shop

На врв Bottom