Иран

Член од
23 мај 2019
Мислења
3.684
Поени од реакции
4.344
Мораш да веруваш во .... и никогаш нема да бидеш изненаден.

Ирнаската гарда задржала танкер со обвинување за шверц со нафта!
Иранската револуционерна гарда задржала танкер со екипаж од 12 лица со обвинување дека биле шверцери на нафта!
се говори дека танкерчето имало на себе околу 1 милион литри нафта, и дека не му е познат сопственикот.
Инаку пред неколку дена Бритите рекоа дека праќаат свои воени бродови за заштита на не знам кого, потоа се говореше дека Бритите нешто заебуеле па дека моторите на некои од бродовите не им работеле во топлите мориња итн итн... па дека повторно пред 4-5 дена еден танкер во Хормуз изгубил сателитска навигација...
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Ова долгорочен план мене отсекогаш ми претставувал поим тежок за разбирање. Едноставно има премногу променливи што може да влијаат дијаметрално спротивно од она што сега го гледаме. Добар дел работи можат да се предвидат во наредните години, па и неколку децении. Но се после тоа е некако матно во смисла серија настани може да направат една земја да биде суперсила или да замине во другата крајност.
Еве како пример да ги земиме опиумските војни (иако ми текнуваат еден куп други), доколку Кина победеше во тие војни, ќе имавме комплетно друга геополитичка мапа. Втората светска војна ќе беше поинаква.
Што ако Јапонија не ги нападнеше САД...
Што ако Германија прва стасаше до нуклеарно оружје...
Вакви "мали променливи" одредуваат дали некоја земја би станала глобален играч дури и да не учествува во таа равенка.

Една работа што ги прави САД моќни се сојузниците. Цела Западна Европа, Австралија, Јапонија, С. Арабија, Кореја, Тајван...

Друга работа е технологијата. Без малку имаат монопол и голема контрола кон доста технологии од кои зависат многу работи. Почнувајќи од комерцијални авиони, комуникациски сателити, архитектура, чипови, нуклеарна технологија итн. Кина буквално е изградена од Западни фирми. Секој облакодер, модерна железница, нуклеарен реактор, компоненти за компјутери, сето тоа е дизајнирано и направено од Запад.

Што би направила Кина доколку Јапонија, Кореја и Тајван се решат да и направат поморска блокада? Обезбедување на рутите низ кои течи извозот и увозот, особено енергенсите е една од најбитните работи. Кина нема капацитет моментално да се избори со соседите, камоли со САД.


Не велам дека Кина нема да успее да ги истисни САД од Југоисточна и Централна Азија. Можеби и ќе доминира на глобалната сцена. Но долг пат е тоа. Можеби и цел век. Маратон со пречки. Постојат еден куп работи што Кина треба да ги среди:
Сојузници (моментално "сојузник" им е само С. Кореја)
Армија
Технолошка еднаквост со остатокот од светот или надмоќност
Одржлива економија која ќе расти
Обезбедување на потребните ресурси и коридори за истите да течат безбедно

Патот до Топ листата е тежок. :)
Тежок е, ама они во добар дел го имаат изодено. :)
Не викам дека Кина дефинитвно ќе ја преземе палката од САД како доминантна светска сила, има многу прашалници поврзани со нејзината иднина, дел од кои и ти ги имаш наведено. Ама, веројатно е дека во иднина ќе биде единствената која ќе биде во позиција да му конкурира на САД за тоа место. Никој друг не е ни блиску. Што би се случило после тоа, тешко е да прогнозираме.

Инаку, на место е аргументот дека долгорочно не можеме да предвидиме што ќе се случува. Премногу варијабли се во прашање, не можеме прецизно да детерминираме што ќе се случува следната година, а не па понатаму. Плус светскиот поредок е покомплексен од кога било. Меѓутоа, можеме да збориме за веројатности и трендови. Веројатно е дека во текот на следната деценија Кина ќе стане и номинално најголемата економија во свет, а не само според PPP. Нормално, некои настани можат комплетно да ја смената проценката. Можно е и следната рецесија да има катаклизмичен ефект за американската економија, можно е нивните интерните општествени конфликти да ескалираат во екстремни пропорции, можно е Трамп да победи пак и Калифорнија да прогласи независност. Меѓутоа, колку е тоа веројатно? Мислам дека ќе се согласиме дека, во моментални услови, многу малку веројатно. Иако, не спорам дека веројатноста нешто да тргне на лошо е многу поголема за Кина, отколку за САД.
Кога сме кај тоа, колку е вистински веројатно дека Јапонија, Ј. Кореја и Тајван можат да направат поморска блокада на Кина? Прво, нема да можат физички да ја одржат конфронтацијата, зошто нема да ја издржат ескалацијата која би следела. Второ, блокади во Јужнокинеското море, која е поморска рута низ која поминува 1/3 од светската трговија би го фрлило цел свет во длабока рецесија и би имало катастрофални економски ефекти врз самите Јапонија, Ј. Кореја и Тајван. Јапонија со нејзината стагнирачка економија нема да издржи ни неколку недели да прави блокади. САД чиј најголем трговски партнер е Кина, чиј цел технолошки сектор е поврзан со производствените капацитети на Кина би си пукала во двете колена со потикнување на такви агресивни чекори,и тоа против земја која го поседува 20% од вкупниот нивен јавен долг.

Технолошкото заостанување. Кина не е повеќе технолошки backwater како порано. Секоја година производството агресивно им се искачува по ланецот на вредности. Они го имаат сличниот историски пат на развој како другите успешни азиски економии, Јапонија и Ј.Кореја, без да ги имаат ограничувачките фактори. Многу потрпелив и понасочен пат кон развојот, што е карактеристично за тие култури. Воопшто не заостануваат во технологиите од 4та индустриска револуција, која ќе биде трансформативен процес, како AI, блокчејн, роботика, 5Г, биотехнологија, дури и лидери се за во некои од нив. Веќе се 2 или 3 најголем patent holder во свет, позади Јапонија или Сад, (први во барања за патенти, ама тоа е ради сувенциите кои ги добиваат за тоа), имаат неколку универзитети во топ 50 технички универзитети во светот, втор најголем вложувач се во R&D, многу блиску до САД, произведуваат огромен број на висококвалификуван кадар годишно (STEM). Плус истураат огормни суми на државни пари во хај-тек индустриите секоја година, со Made in China 2025 програмата. Пазарите на технологиите кои ги имаш наведено се претежно олигополски, ги доминираат неколку огромни мултинационални компании, кои вертикално или хоризонтално се неодвоиво интегрирани со кинеската индустирија. И тоа се однесува и на технологиите за чипови и авиоиндустријата. Кина веќе апсолутно доминира многу пазари за хај-тек производи, пример Кина ја сочинува 50% од глобалната побарувачка на пазарот за чипови, има 40% удел во глобалниот пазар на потрошувачка електроника. Скоро секој мобилен или лаптоп во светот е произведен во Кина. Никоја од овие мултунационални корпорации нема да се откаже од предностите и екосистемот кој кинеската економија го развива околу нив, дури поверојатно е дека комплетно ќе се преселат таму отколку да се откажат од тој пазар. Од аспект на инфраструктура, логистика, supply chain и висококвлификувана работна сила никој не ни блиску толку конкурентен колку Кина. Иначе, предимензиониран е ефектот кој странските компании го имаат во нивната економија. Во минатото уделот во БДП на Кина им беше прилично голем, меѓутоа тој секоја година се намалува. Странските компании моментално сочинуваат нешто помалку од 40% од извозот на Кина, кој е 18% од нивното БДП, и помалку од 15% од вкупните продажби на целата нивна преработувачка индустрија. Плус тие странски компании во најголем дел се од Макао, Хонг Конг и Тајван и во нив се вброени и оние компании во форма на приватни партнерства (кои се најчеста мета на критика поради трансферот на технологија). Инвестирањето во инфраструктура е комплетно дело на нивните домашни програми, странски држави немаат скоро никаков удел во тоа.

За одржливиот економски раст. Пред кризата од 2008 година, Кина имаше период од 30 години со повеќе од 10% раст на БДП. Тоа е историски преседан, прогрес кој тешко може да се конципира. За овој период економијата им се има зголемено околу 50 пати. Само за споредба економските чуда од економската историја, растот на САД во втората половина на 19 век и почеток на 20 век е нешто повеќе од 4% годишно, а во периодот на индустријализација економијата на Германија растела околу 4,5% годишно. Од 2008 година наваму, Кина има годишен просечен раст на БДП од 6,5 %. Нивната економија ја спаси светската економија од 2009-2012 да не падне во рецесија, буквално го финансираа опоравување на американската економија после кризата. Некаде имам читано дека 40% од вкупниот светски економски аутпут пост-2009 е благодарение на нивната економија. Тоа се запрепастувачки бројки. Критиките за нивната економија, најчесто се на линија дека економијата ќе им падне во т.н. middle income trap и ќе почне нагло да забавува во следната декада. Меѓутоа дури да стигне кинеската економија до тој проблем, проекцијата е дека следната декада кинеската економија ќе расте со оној спомнат конзервативен процент на раст од 5%. И да го има тој проблем Кина, во моментот кога ќе настане, веројатно веќе ќе биде најголема економија на свет, ќе ја има убедливо најголемата средна класа во свет и ќе биде најголемиот пазар на свет. Ако пак случајно станат високоразвиена земја, тогаш трката веќе ја имаат добиено.

Алијансите и обезбедување на рутите. Тоа е во голема мера поентата на OBOR, копнени и поморски алтернативни рути, кои тие ќе ги имаат под контрола. Алијансите се резултат на обостран бенефит, а Кина е единствениот играч во светската политика која истура пари. Брзо се формираат кога нема алтернатавни актери, за што како пример го имаме тоа што се случува со Западна Африка и како сите се нацртаа, дури и најголемите европски економи, кога се формираше AIIB.

Мислам дека ние во Европа имаме малку потценувачка, евроцентрична перцепција за нивните општества и за нивната историја. И јас се вбројувам во таа група, дури и кога сум имал контакт со нив. Меѓутоа, ако се остави тоа на страна, а треба да се кладиш на некој, мислам дека никој не треба да ја отпишува државата која во 37-те од последните 40 века е цивилизациски, технолошки и економски лидер во светот. :)
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.684
Поени од реакции
4.344
Тежок е, ама они во добар дел го имаат изодено. :)
Не викам дека Кина дефинитвно ќе ја преземе палката од САД како доминантна светска сила, има многу прашалници поврзани со нејзината иднина, дел од кои и ти ги имаш наведено. Ама, веројатно е дека во иднина ќе биде единствената која ќе биде во позиција да му конкурира на САД за тоа место. Никој друг не е ни блиску. Што би се случило после тоа, тешко е да прогнозираме.
..
Многу убаво, каков есеј си напишал браво, сигурен сум дека ако го испратиш на конкурсот кој го распиша Рада за западните вредности и НАТО ќе биде високо ма највисоко оценет и ќе добиеш некое грантче за иновативност.
-----------
А сега да одиме со Иран и случувања околу Иран.
Во меѓународните води над Хормуз САД собори беспилотно летало на ОС на Иран..
Трамп упати порака до неговите ... да испратат сили за да го заштитат преминот...

HITNO: SAD srušio iranski dron i poziva druge zemlje da zaštite Hormuški tjesnac

А цело време говореа дека игранката ќе почне на есен, можеби оваа е само уште една игранка за да се создаде атмосфера!
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.644
Поени од реакции
38.835
ситуацијава станува напната, Иран заплени танкер, овие срушија дрон на Иран. Којзнае што ќе испадне на крај, тоа ме загрижува иако не верувам дека ќе има некаква копнена инвазија. Ми делува тие неоконс како да го гураат Трамп у конфликти.
 
M

Macedon1um

Гостин
Не верувам дека ќе има воена интервенција, не им одговара на Саудијциве такво нешто оти мислам највеќе ќе на*бат при евентуален конфликт. Ама верувам дека Америка ќе врши притисок уште долго време врз Иран, успат ќе им продава скапо оружје на нивните сојузници околу Иран сепак Трамп е бизнисмен и го интересира само $
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.684
Поени од реакции
4.344
Не верувам дека ќе има воена интервенција, не им одговара на Саудијциве такво нешто оти мислам највеќе ќе на*бат при евентуален конфликт. Ама верувам дека Америка ќе врши притисок уште долго време врз Иран, успат ќе им продава скапо оружје на нивните сојузници околу Иран сепак Трамп е бизнисмен и го интересира само $
Во секој случај се игра по системот топло-ладно, што упатува на фингерај.
Дали ќе има или не интервенција е прашање на кое би сакале да го знаеме одговорот, меѓу другото и затоа што една таква авантура би имала последици и пошироко.
Тоа што го говориш дека на овие или на оние им одговара е неважно, интервенција(војна) е скапа работа и не е за секого, за такво нешто покрај ресурси е потребно и да имаш доволен количина на топовско месо...
За сега состојбите се тие, во кој правец ќе продолжат наше е да следиме за да знаеме на време од каде и како ќе дува ветерот.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Многу убаво, каков есеј си напишал браво, сигурен сум дека ако го испратиш на конкурсот кој го распиша Рада за западните вредности и НАТО ќе биде високо ма највисоко оценет и ќе добиеш некое грантче за иновативност.
With all due respect, одјеби. Да коегзистираме во тишина, постирај си ги булшит линковите, пишувај си ги кооперација-теориите, нема потреба од контакт и цитирања.
 
M

Macedon1um

Гостин
Иранците не се заебаваат, веќе втор танкер на Британска компанија како е запленет откако овие предходно запленија Ирански кај Гибралтар

А праќаат и поздрави до Американците :D
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.684
Поени од реакции
4.344
Иранците не се заебаваат, веќе втор танкер на Британска компанија како е запленет откако овие предходно запленија Ирански кај Гибралтар

А праќаат и поздрави до Американците :D]
Не би рекол дека Иранците се шегуваат.
Додека од една страна на САД им нудат нова спогодба за инспекција на нуклеарната програма во поголеми размери, од друга страна на Бритите им запленуваат танкер.
Според агенциите, околу 16:00 по локално време британски танкер со носивост од 30.000 тони скршнал од патот и се упатил кон водите на Иран.
Танкерот пловел под британско знаме сопственост на компанија “Стена балк“ пловел кон пристаниште во КСА ама заради непочитување на поморските правила корпусот на ИРГ го задржал.
Сега да видиме што ќе одговорат Бритите, дали пловилата кои ги испратија се во функција или ќе барат помош од поголемиот брат.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.074
Поени од реакции
3.225
Еве каков е сообракајот во персискиот залив
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.684
Поени од реакции
4.344
каква врска има сообраќајот во персискиот залив со 2 британски танкери кои се однесени на ремонт во Иран?
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Многу убаво, каков есеј си напишал браво, сигурен сум дека ако го испратиш на конкурсот кој го распиша Рада за западните вредности и НАТО ќе биде високо ма највисоко оценет и ќе добиеш некое грантче за иновативност.
-----------
А сега да одиме со Иран и случувања околу Иран.
Во меѓународните води над Хормуз САД собори беспилотно летало на ОС на Иран..
Трамп упати порака до неговите ... да испратат сили за да го заштитат преминот...

HITNO: SAD srušio iranski dron i poziva druge zemlje da zaštite Hormuški tjesnac

А цело време говореа дека игранката ќе почне на есен, можеби оваа е само уште една игранка за да се создаде атмосфера!
Има потврда дека е срушен иранскиот дрон?
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.684
Поени од реакции
4.344
Има потврда дека е срушен иранскиот дрон?
последното што беше објавено е дека Иран не признава дека е срушен нивни дрон, а веста за тоа беше објавена и на РТ, преземена нормално од западните твит-централи.
Иран дури и се шегува па тврди дека дронот всушност бил американски и дека тие по грешка срушиле свој дрон.
Во моментов таму и ваму се води медиумска војна за добивање на наклонетост на јавноста, а во позадина се одвива специјална војна.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.074
Поени од реакции
3.225
каква врска има сообраќајот во персискиот залив со 2 британски танкери кои се однесени на ремонт во Иран?
Има огромна врска, на влезот влегуваат преку омански води, ама натаму главниот сообракај оди низ Ирански води, имаат островчиња на сред залив што слободно можат да прават што сакат таму,
има некој поморски правила за слободно пловење (не ги знам точно што како се), ама кога можеше Гибралтар, слободно може и Иран.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom