Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 април 2014
Мислења
7.068
Поени од реакции
11.045
Може бе да не знае Зоки, како не.
Ако не си кажуваат со братот за бизнисите.

@Beric Dondarrion
За ситуацијава коментар?
Или кога ќе влеземе ЕУ ќе нема вакви раб, а натаму чекориме.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.804


Ти сеа ме убедуваш дека овој т.е оваа на слииките ладнокрвно седнува тет а тет со ликови кои и ебале матер на оваа држава и притоа прошле сито и решето и им прави изнуда?

Значи не е ова измама како шо има правено претходно, ова е сосема нова категорија и начин на делување и тоа во премиер лигата на криминалот кај нас.

Овој може да е само курир/благајник друго ништо, кој го правел претходно пеглањето е друга приказна.

Не знам дали е соодветно да кажам жртвено јагне, може да биде жртвена коза еве :icon_lol:



Имаш најмалку уште еден конзул на топ листата од „рекетираните жртви“ и еден кој прави напори да стане покрај Камчев, чудно шо тие служби не се нашле повикани да си ги заштитат своите, едната е баеги влијателна кај нас.
Јас сметам дека бугарите се само подизведувачи за некоја помоќна служба во цела оваа ситуација, ама во разведката никогаш нема да дознаеме со сигурност зошто, како, што...

И тоа со бек-ап-от оди и во насока дека некој нешто изработил за тие држави или сеуште одработува т.е застапува нивни интереси, не секогаш е се до парите. Многу често и нема врска.
Зошто бараш толкава позадина на целава ситуација. Аматерскиов начин на кој е правено се ова кажува доволно. Ако сакаш да изнудуваш пари од овие камелеони со толкав багаж позади себе, ова е последниот начин на кој се прави тоа. Ова е повеќе, kick a man while he's down тип на потези, што личи на некој со интелектуален капацитет ко оној што го поседува Катица.
На странците, откако го добија својот дел од тортата, воопшто не им беше гајле што ќе се случи со ликови ко Камчев, Азманов и останатите на листата. Овие помислија дека имаат отворена врата и пробаа и они да удрат. И удриле на се што можеле. :)
Неселективноста покажува дека местото им е таму, колку што на хендикепирани деца им е место на боксерски ринг.

Заев нема потреба преку овие да удира рекет, има он друг канал. Плус, ова се ситни суми за него. Он си го удри и се уште го удира рекетот во бизнис сферата, каде се сериозните пари и каде диловите одамна почнаа.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.968

https://www.facebook.com/MilenkoNedelkovskiDnevnik/posts/2908725169144487
Денеска Јовче Ременски 5 пати го полнел телефонот.
На Кирацовски телефонот цело време бил приклучен на полнач.
Им ги отекле јајцата на амбасадорите и јајниците на амбасадорките.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.245
Поени од реакции
78.870
Тоа што нема протести ниту значи дека е некаква страховлада, ниту значи дека опозицијата немала муда. Мене повеќе ми личи на краен стадиум на апатија и куроболие, што само по себе би требало да даде резултат на избори.[DOUBLEPOST=1563481864][/DOUBLEPOST]Никој не ни помисли дека метлата ќе биде за метење на корумпираните, а не за вгнездување на подобните.
https://www.radiomof.mk/kritiki-i-somnezhi-za-odlukata-da-se-razreshi-direktorkata-na-dramski-arangelova-petrovska/
 
Последно уредено:
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Гајле ви е, сте се загрижиле до кое дереџе е отидена државава, како татко ви да ја градел и да вложувал во неа. Ќе дојдат и вашите 150 минути (барем на минимален, атомски дел од вас) и тогаш ќе можете навистина да покажете колку ја сакате вашата/нашата бесценета (некои ова бесценета, сосем погрешно, го поистоветуваат со безвредна) татковина, а античките членови на форумот со гордост ќе се сеќаваат дека некогаш се допишувале со вас.
Добро, после се', после речиси 3 децении, ако не и повеќе, слободен пад, постои ли некој кој е, онака, навистина изненаден од нивото до кое сме способни да се избугариме!?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.968
Темните облаци се растргнуваат
https://www.mkd.mk/kolumni/temnite-oblaci-se-rastrgnuvaat

По ред:

Квази патриоти на чело со Киро Глигоров, кои до последниот момент се бореа за зачувување на некаква асиметрична федерација, конфедерација или нешто трето што би се викало Југославија.

Млади, слабо обрзувани, неискусни, но крајно безобразни млади политичари (СДСМ,) кои себе се продаваа за авангарда која државата ќе ја води напред, го реализираа најголемиот грабеж на државата, наречен трансформација на општествениот капитал во приватен.

Умрежена група на социјалистички директори и членови на ДБК, како новопечени газди на општествениот капитал, себе си се прогласија за успешни бизнисмени и промотори на економскиот развој на државата. Во реалноста, највулгарен криминал.

Полтичка партија (ВМРО-ДПМНЕ) се прогласи како единствен заштитник на националните интереси на Македонија и македонскиот народ и вети расчистување со криминалната приватизација и лустрација на државниот административен апарат, а во реланоста допродаде и доограби, онаа што претходните не го ограбија.

И едните и другите под мотото за повеќе демократија, воведуваат пропорционален изборен модел, во кој граѓаните не гласаат за луѓе, туку за политички партии.

И едните и другите под мотото за поголема децентрализација прават нова територијална поделба на државата, што всушност е формирање на национални кантони за спроведување на концептот на национална, а не на граѓанска демократија.

Под мотото квалитетна и ефикасна администрација како сервис на граѓаните, во суштина се формира најголемото претпријатие за вработување на партииските членови - послушна гласачка машина.

Доаѓа на власт Груевски со негов тим, како ново поглавје во Македонија, со мотото 24/7, посветеност, работа, инвестиции, подршка на земјоделците, пензионерите... во суштина спроведување на моделот на, држава со тотална партиска диктатура, во која учествуваат трите најголеми партии (ВМРО-ДПМНЕ; СДСМ; ДУИ).

Шарена револуција, „бомби“, нема правда нема мир, живот за сите, нови слогани за подобро утре, во суштина полтички театар, непочитување на Устав, ново име, и тие што десет години јадеа послаба храна како опозиционери, да може да пробаат торта.

Правдата важи за сите. Се апсат или под истрага се „големи риби“ блиски до власта. Во суштина скандал од невидени размери. За милиони евра во кеш се зборува како за сто денари. Рекетари и рекетирани, на кои би им позавиделе и најбогатите рапери или драг дилери во светот.

Заедничко, од почетокот до крајот на оваа продажба на илузии, се само финасиските интереси и алчноста на мала група на луѓе, кои ја држат во заробеништво целата држава веќе цели три децении. Таа група на луѓе ја сочинуваат врвовите на трите политички партии и транзициските богаташи, потпомогнати од мрачните структури на ДБК. Сѐ останато се само послушни извршители (обвинители, судии, полицаијци, инспектори...).

Како и во секоја работа, оваа мала група на луѓе почнаа за себе да мислат дека се мали богови и дека им се може сѐ. Тука започна крајот на продажбата на илузии. Граѓаните ги видоа соголени до коска сите т.н. „успешни бизнисмени“, „борци за правда“, „новинарска авангарда“, „паметни и посветени политичари“. Граѓаните видоа, дека овие луѓе во суштина се дното на македонското општество и затоа нема да дозволат овој илузионистички циркус да продолжи и понатаму.

Граѓаните ќе спроведат активности за промени и тоа конкретни промени. Промените ќе бидат реализирани преку три основни чекора:

  1. Формирање на експертска Влада
  2. Промена на изборниот модел во мнозински
  3. Економска лустрација
Темните облаци на македонското небо полека се растргнуваат. Граѓаните повторно ќе можат да почнат да жнеат.

Да сте здрави и живи. До наредното читање.

Ангел Наков
-------------------------------

Кој е Ангел Наков ?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.961
Поени од реакции
14.714
Сакаш да кажеш дека и после децении од „продажбата„ на „Окта„, Севердонија (што значи: народот од џебот...) се‘ уште плаќа за непотрoшeните тони и тони (непотребен) мазут?...
Да...и тоа е втора тужба.....втор пат ќе плаќаме од другарчињата на ЉуБчо и Црпко
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.245
Поени од реакции
78.870
Не зборете за Окта сега, наќо и владе ќе ве приметат дека намерно дефокусирате.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.641
Поени од реакции
27.891
Знае ли некој што се дешава у Ѓорче?Се слушаше нешто како рафали од автоматско оружје пред 15тина минути,а сега свират сирени
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.275
Поени од реакции
782
Темните облаци се растргнуваат
https://www.mkd.mk/kolumni/temnite-oblaci-se-rastrgnuvaat

По ред:

Квази патриоти на чело со Киро Глигоров, кои до последниот момент се бореа за зачувување на некаква асиметрична федерација, конфедерација или нешто трето што би се викало Југославија.

Млади, слабо обрзувани, неискусни, но крајно безобразни млади политичари (СДСМ,) кои себе се продаваа за авангарда која државата ќе ја води напред, го реализираа најголемиот грабеж на државата, наречен трансформација на општествениот капитал во приватен.

Умрежена група на социјалистички директори и членови на ДБК, како новопечени газди на општествениот капитал, себе си се прогласија за успешни бизнисмени и промотори на економскиот развој на државата. Во реалноста, највулгарен криминал.

Полтичка партија (ВМРО-ДПМНЕ) се прогласи како единствен заштитник на националните интереси на Македонија и македонскиот народ и вети расчистување со криминалната приватизација и лустрација на државниот административен апарат, а во реланоста допродаде и доограби, онаа што претходните не го ограбија.

И едните и другите под мотото за повеќе демократија, воведуваат пропорционален изборен модел, во кој граѓаните не гласаат за луѓе, туку за политички партии.

И едните и другите под мотото за поголема децентрализација прават нова територијална поделба на државата, што всушност е формирање на национални кантони за спроведување на концептот на национална, а не на граѓанска демократија.

Под мотото квалитетна и ефикасна администрација како сервис на граѓаните, во суштина се формира најголемото претпријатие за вработување на партииските членови - послушна гласачка машина.

Доаѓа на власт Груевски со негов тим, како ново поглавје во Македонија, со мотото 24/7, посветеност, работа, инвестиции, подршка на земјоделците, пензионерите... во суштина спроведување на моделот на, држава со тотална партиска диктатура, во која учествуваат трите најголеми партии (ВМРО-ДПМНЕ; СДСМ; ДУИ).

Шарена револуција, „бомби“, нема правда нема мир, живот за сите, нови слогани за подобро утре, во суштина полтички театар, непочитување на Устав, ново име, и тие што десет години јадеа послаба храна како опозиционери, да може да пробаат торта.

Правдата важи за сите. Се апсат или под истрага се „големи риби“ блиски до власта. Во суштина скандал од невидени размери. За милиони евра во кеш се зборува како за сто денари. Рекетари и рекетирани, на кои би им позавиделе и најбогатите рапери или драг дилери во светот.

Заедничко, од почетокот до крајот на оваа продажба на илузии, се само финасиските интереси и алчноста на мала група на луѓе, кои ја држат во заробеништво целата држава веќе цели три децении. Таа група на луѓе ја сочинуваат врвовите на трите политички партии и транзициските богаташи, потпомогнати од мрачните структури на ДБК. Сѐ останато се само послушни извршители (обвинители, судии, полицаијци, инспектори...).

Како и во секоја работа, оваа мала група на луѓе почнаа за себе да мислат дека се мали богови и дека им се може сѐ. Тука започна крајот на продажбата на илузии. Граѓаните ги видоа соголени до коска сите т.н. „успешни бизнисмени“, „борци за правда“, „новинарска авангарда“, „паметни и посветени политичари“. Граѓаните видоа, дека овие луѓе во суштина се дното на македонското општество и затоа нема да дозволат овој илузионистички циркус да продолжи и понатаму.

Граѓаните ќе спроведат активности за промени и тоа конкретни промени. Промените ќе бидат реализирани преку три основни чекора:

  1. Формирање на експертска Влада
  2. Промена на изборниот модел во мнозински
  3. Економска лустрација
Темните облаци на македонското небо полека се растргнуваат. Граѓаните повторно ќе можат да почнат да жнеат.

Да сте здрави и живи. До наредното читање.

Ангел Наков
-------------------------------

Кој е Ангел Наков ?
Земајте пушки пиштоли и револвери кој шо има подома .чумата да ја истераме од македонија,плаќање во готово нема чекање :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.245
Поени од реакции
78.870
Знае ли некој што се дешава у Ѓорче?Се слушаше нешто како рафали од автоматско оружје пред 15тина минути,а сега свират сирени
Ако има некоја врска, околу 3-4 саат имаше неколку полициски транспортни возила по Партизанска, ги видов пред мостот на ООН, идеа во насока накај Центар.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
628
Поени од реакции
1.916
Знае ли некој што се дешава у Ѓорче?Се слушаше нешто како рафали од автоматско оружје пред 15тина минути,а сега свират сирени
Имаа ноќно гаѓање у касарната на ЕБР у ниедно време , ништо страшно.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.641
Поени од реакции
27.891
Имаа ноќно гаѓање у касарната на ЕБР у ниедно време , ништо страшно.
Имало и друг пат,ама сега како да доаѓаше од правец Крушопек.Можда ми се присторило така,ама се совпадна со сирените
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.677
Поени од реакции
4.335
Темните облаци се растргнуваат
Кој е Ангел Наков ?
Верувај ми не сакаш да знаеш!
--
Еве ќе ти раскажам кој е Б.Ц. па ако инсистираш ќе ти кажам кој е и А.Н.
Б.Ц. роден во близина на сараево, син на татко од Прилеп инаку близок на Крсте Црвенковски (да речеме братучед), мајка Муслиманка од Високо-ниско или по ново Босанка (Бошњачка). Таму некаде на крајот од 60-тите таткото на Б.Ц. инаку како официр е фатен во кражба од магацините во кои и работел (магацинер човек) и така човекот е приведен во воениот затвор во Сараево ама заради добрите односи со Крсте Црвенковски целиот овој случај е ставен ад-акта
Ова се зборови на еден наш човек кој во тоа време бил во воена полиција во Сараево и кој е директен учесник на настаните, а ми го пренесе во далечните 1996-8, ми се чини дека човекот е уште жив...
Е сега ако и понатаму те интересира А.Н. можам ама некако не ми е пријатно не такво гојдо ама не е ни ... во главно има голем багаж!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom