Ристо Шишков

Член од
29 септември 2007
Мислења
245
Поени од реакции
17
29. јули 2013
Васил Шишков ќе го разгледа досието на татко му


На негово барање, Васил Шишков го доби целосното досие, без покриени имиња на инспекторите и соработниците на тајните служби кои го кодошеле татко му. Тоа значи дека син му на големиот актер Ристо Шишков ќе ги дознае имињата на луѓето кои го следеле и кодошеле неговиот татко и наредбодавачите на тајната служба. Кој го кодошел, што им кажувал на тајните служби, какви привилегии добил. Синот на Ристо Шишков на денешната седница доби дозвола од Комисијата за лустрација да го разлиста досието на својот татко.

Аџиев вели дека во последниве ниеколку недели значително расте бројот на лица кои се заинтересирани да проверат, кој за нив ги информирал тајните служби и што им кажал.

Согласно законот сите жртви или нивните наследници имаат право да направат увид во своите досиеја и да побараат од Комисијата да ги лустрира оние функционери кои во нив се појавуваат како кодоши или наредбодавци.

Еден од лустраторите, стандардно против одлуките на комисијата.

До комисијата за лустрација денеска пристигна и документација која и ја доставил еден од порталите на СОРОС. Комисијата ги прими докуентите, и по првичниот увид, претседателот Аџиев рече дека станува збор за лице кое не било носител на јавна функција и кое не подлежи на Законот за лустрација.

Васил Шишков: кажи ги јасно и гласно вошките за да ги плукаме додека пиреј им расте в душа
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.492
Поени од реакции
80.551
Да беше жив денес би полнел 79 години... можеби лошо зборам, али од денешна перспектива и подобро е што не го доживеа денешниов ден. Почина од раката на комунистите, а нивните наследници направија Македонците од Егејска Македонија да се множат со нула.

Ристо Шишков не беше националист или шовинист, никогаш не кажал лош збор за билокој народ во Југославија... единствена маана му беше што беше преголем Македонец во таа поранешна земја. И го осудија за најбаналното, што кажал лош збор за Тито.

Ристо Шишков... актериште, људина, и пред се горд Македонец. Слава му...

 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Ненадминлив актер и боем. Ја паметам анегдотата за него што ми ја раскажуваше еден постар актер кој не би сакал да го именувам сега. Имено на една од пијанките Шишков ја симнал сликата од Тито која нели била задолжителна за секој ѕид и ја треснал од земја пеејќи си ги зборовите-Опрости ми папе, инаку песна на Оливер Драгојевич


Сакам друга работа да посочам, кои некои од вас ја начнаа за да никогаш не се случи повторно таква работа на голем човек. Против Шишков, неговите истомисленици и против слободата на изразување тогаш кодошеле истите оние лицемерни гадови кои сега се Архибригади, Отворени Општества, ГЕМ клубови, Распеани дегенерици, кои сега бараат некакви си социјални правди, права на педери и останати либералистички срања. Истите тие се нарекуваат борци за урабано Скопје и Македонија (а уште утре би се пишале и говнари во пасош), прогресивна интелектуална сила, нивните синови, ќерки и наследници пуштаат срање музика по разни Скапан Анови, уредуваат некои квази андерграунд уметнички списанија, кино-проекции и слични лајнарии, влијателни се на Твитер, во главном се ди џеи, фотографи и уметници иако немаат основен поим од ништо од горенаведеното. Воедно сите Леви Сили, титољупци, плачипички по Југославија и останатни поддржувачи на слични луѓе и идеологии со солена ретардација која не можат ни да ја одбранат аргументирано, со самата поддршка на тој начин на делување го потпомагаат сето она што му се случило на Шишков макар и индиректно. Со гадење гледам на таков шлајм, кој на жалост го има тука и на форумот. Никогаш да не се дозволи такви говнари да диригираат било што во општеството.
Да ја воскреснам темава по повод денешниот ден. Слава му.
Те цитирам за да се види повторно овој маестрален опис на сегашново време.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Повеќе ми личи на небулози и лични фрустрации одколку добар пост.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Повеќе ми личи на небулози и лични фрустрации одколку добар пост.
Мене ми е скроз на место. Опфатени се последиците од некаков аномален облик на либерализмот.
Џон Лок, Томас Хобс, Дејвид Хјум и дружината, кога поставуваа основи на нештото, не мислеа дека ќе се појават ликови кои ќе ја засерат целосно таа идеја.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Мене ми е скроз на место. Опфатени се последиците од некаков аномален облик на либерализмот.
Џон Лок, Томас Хобс, Дејвид Хјум и дружината, кога поставуваа основи на нештото, не мислеа дека ќе се појават ликови кои ќе ја засерат целосно таа идеја.
Врска нема со тоа што си го пишал ти и другар ти погоре.
Ристо е кодошен/местен од страна на негови колеги, кој и ситем да бил па ќе бил местен.

Инаку една интересна анегдота или факт; опасно интелегентен примерок е Рики, опасен физичар, освојувач на многу награди додека бил средношколец. Планирал да студира физика но плановите се смениле и останатото е историја.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom