Final Destination (Судбина)

Член од
29 мај 2010
Мислења
4
Поени од реакции
0
Ако сакаш читај , ако нејкеш немораш...

Значи овоа е оф топик ама ај ...
Значи првата дешафка беше можда пред 5-6 или 7 години ... Незз. Сеа сум 13...
Прв пат : Ми купија брзинец точок и јас наравно срекен итн.. Незнам шо ме натера ама се загледав назад нешто и одедншка БАМ! Ко глеам и јас и точоко на хауба на еден Лилијаков Голф а возачо на голфот умре после неколку години. Бог да го просте. Ко гледам хаубата свиена , стаклото скршено , а на мене ништо не ми е ниту пак на точокот.. А баш се акнав со главата ... Неам ни крв ни ниш.
Втор пат : Нешто татко ми ме скара , се изнервира и ми ја тресна главата од вратата на купатилото која истотака е половина со стакло.. Па ништо не ми беше на главата , не течеше крв , а имаше срчи во косата...
Трет пат : Секогаш кога одам на екскурзија за Пониква (Кај Кочани) мора некоја санка да ме удре по главата ... Ама излезе ми џунка. И пази , се ме удираат кога одам надолу пеш... THE END! :nesvest: :nesvest: :nesvest:
 
Г

Господ

Гостин
Бабини деветини...никој не може за неколку моменти
да ти го смени мислењето за дали до факултет да идеш со 50ка
место 65ка...одлуките ги правиме ние на база на настаните во моментот.
Така да,се што се случува Е со причина,тоест се што се случува е екстензија на некоја претходна случка.
Судбина,НЕ.
А ако за 5 метри си избегнал да ти падне клавир на глава значи дека си одел со недоволно голема брзина за да стигнеш на точното место на удар,пешачењето е навика и воглавно сме навикнати да го обавуваме со иста брзина,или малку побрзо ако се брзаш.
Зборот ми е дека вие не сте ја избегнале смртта туку дека вашата смрт воопшто не требала да се случи.

А да,филмот е страшно глуп...
 

kokolo_sk

Фаринго Егзофагијален Дивертикулум
Член од
8 јуни 2006
Мислења
261
Поени од реакции
8
Значи овоа е оф топик ама ај ...
Значи првата дешафка беше можда пред 5-6 или 7 години ... Незз. Сеа сум 13...
Прв пат : Ми купија брзинец точок и јас наравно срекен итн.. Незнам шо ме натера ама се загледав назад нешто и одедншка БАМ! Ко глеам и јас и точоко на хауба на еден Лилијаков Голф а возачо на голфот умре после неколку години. Бог да го просте. Ко гледам хаубата свиена , стаклото скршено , а на мене ништо не ми е ниту пак на точокот.. А баш се акнав со главата ... Неам ни крв ни ниш.
Втор пат : Нешто татко ми ме скара , се изнервира и ми ја тресна главата од вратата на купатилото која истотака е половина со стакло.. Па ништо не ми беше на главата , не течеше крв , а имаше срчи во косата...
Трет пат : Секогаш кога одам на екскурзија за Пониква (Кај Кочани) мора некоја санка да ме удре по главата ... Ама излезе ми џунка. И пази , се ме удираат кога одам надолу пеш... THE END! :nesvest: :nesvest: :nesvest:
батка си ме изнасмеал... ептен.. хахахахаха
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.577
Поени од реакции
2.560
Татко ми во 2001 требаше да биди во автобусот што беше нападнат на Карпалак. Ако беше во него сигурно ќе седеше до Нане бидејќи со него беше близок, и најверојатно ќе завршеше исто. Имено, вечерта дојдоа кај баба ми на врата(личната карта му беше на од баба ми адресата), и баба ми се уплашила и рекла дека е заминат странство...
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Верувам дека во тоа дека ако ти било пишано да умреш, ќе умреш. Имаше на телевизија за девојката која го пропушти Ербасот кој се урна пред некоја недела во Атлантикот, задоцнила. Некој ќе каже среќа, ама по 3-4 дена загина во сообраќајна несреќа во Италија. Исто така другарка од Чешка ми кажуваше за некој нејзин комшија одамна, кој го пропуштил летот затоа што мајка му не го разбудила за на аеродром. Авионот се урнал само што полетал. Мајка му кога слушнала на вонредните вести, се затрчала да го разбуди, среќна целата, го нашла мртов, умрел на спиење.
Не само за смртта, општо јас верувам дека од пишаното не се бега, затоа што некои работи во животов, колку и да сум ги одбегнувала, сепак, кога - тогаш ме стигнувале и сум морала да се соочам со нив.
Во потполност се сложувам со тебе. А и за приказниве имам слушнато. Јас имам некој сличен пример дека од тоа што ти е пишано не се бега.
На 18.06.2006 бев во Маврово. Црквата Св. Никола што сега веќе е изградена и средена, тогаш беше при крај и во дворот се поставуваше ограда и осветлување. Дента со братучетка ми се шетавме низ Маврово и ај ќе одиме натаму и нешто се врткавме таму, а имаше доста жици и јас се сопнав и паднав, но се задржав со рака за да не паднам цела. Одеднаш братучетка ми почна да лелека нешто и јас ја гледам и си викам, што му стана на девојчево, ко да умрев се испонаша. И таква ми вика гледај што има под тебе. Под мене, шилци. Да не се задржев ќе се набодев поштено. И помина тоа, се вративме никој ништо не дозна. Седам дома, играа Бразил и Австралија (имаше светско првенство во фудбал) и јас се договорив да излезам вечерта и ај да се избањам прво, али ми се гледаше и фудбал и се шуњав низ дома. Моите беа на тараса и излегов по нив, но ја затворив вратата (стаклена) зашто работеше климата. Седнав на едниот крај од тарасата кој ми гледа накај собата и се свртев и гледам Бразилците се радуваат. И секако сакав да го видам голот и се стрчав накај дневна. Имавме завеса ставено и не се гледа ни врата, ни ништо. Како што се стрчав, обично имам навика да рипам преку прагот и така и сега. Ко што бев залетана, си рипнав и право во стаклото. Се мавнав и паднав на земја. Стаклото е такво дупло и само каде што мавнав таму се искрши. Цела бев во крв, само ја слушав мајка ми како пишти. Нозете ми беа испосечени, си ги гледав отворени. Страшно беше. После ми кажуваа дека со чекан одвај го испокршиле стаклото. Значи од тоа што треба да се деси, не се бега. Се спасив од шилците, од стаклото не се спасив.
Има нешто, не знам што е, ама има!
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
На што се должи ова избегнување на несреќи во последен миг и тоа за влакно???

 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.058
Поени од реакции
11.027
Ти си на некоја почетна точка. Имаш 2103910239 др опции пред тебе. ТИ САМ си одлучуваш што ќе избереш. После тоа, имаш пак нови 1032939120 опции, повторно си бираш сам. И така се до крајот на животот. Буквално во секој момент имаш преголем број на опции. Тоа линијата што си ја нацртал од почетокот до крајот(онаа по која си поминал) , е фактички твојот живот.
Е сеа прашањето е, дали при цртањево на линијата од почетокот до крајот т.е дали при изборот на опциите влијае нешто друго - натприродно?

Може да ти текне да излезеш на улица поради најглупава причина, па да те собери некој што се карал со совозачот и изгубил фокус.
Би го објаснил како нешто што се случува поради општ хаос/конфузија т.е сплет на околности кои што не зависат едни со други. Случајност.
Но не може да одречиме и сигурно на сите ни се има случено да се најдеш во ситуација каде што буквално како да те тера нешто или не можеш да избегаш од нешто.
Така да, кој како што сака нека си верува. Некој ќе верува дека нема судбина и сето е оставено на случајноста и хаосот, а некој ќе ти рече од пишаното не се бега.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Што и да правиш од судбината не се бега.

Несреќата ќе те снајде баш тој ден било каде да се наоѓаш, независно дали си дома, дали си надвор на улица.

Несреќата ќе те снајде тој ден во било која држава да се наоѓаш.

Ко ќе е за да се спаси човек било каде да е ќе се спаси...

Дури кога постои и најмала шанса да се случи несреќата, не би требало да е чудно ако се случи, дури и кога постои најголема шанса да се случи несреќата не би требало да е чудно ако не се случи (која логика а?) исто како што тие 0,01% имаат среќа "случајно" или случајно да останат живи, така останатите 99,99% "случајно" или случајно остануваат... мртви
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.401
Поени од реакции
9.272
Дури кога постои и најмала шанса да се случи несреќата, не би требало да е чудно ако се случи, дури и кога постои најголема шанса да се случи несреќата не би требало да е чудно ако не се случи (која логика а?) исто како што тие 0,01% имаат среќа "случајно" или случајно да останат живи, така останатите 99,99% "случајно" или случајно остануваат... мртви
Исто.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Пред некоја година мајка ми разговараше со свештено лице на тема „судбина“ и доста интересно е што попот кажал дека не се согласува со ова „се’ е пишано“. Ако е така секоја одлука на луѓето би била однапред определена од Бог и би немало никаква потреба од „страшниот суд“ пошто од раѓање секој би бил определен за рај или пекол.

Пример, самоубиство. На никого не може да му биде „пишано“ сам да си го одземе животот. Или па убиството. Ако некому му е пишано да биде убиец значи тој немал влијание на таа одлука па секаква „божја казна“ или покајување би било бесцелно...

Така да фразата „се’ е пишано“ се коси со основните учења на религијата и доста е иронично што најмногу ја употребуваат луѓе што се сметаат за верници.
 
Член од
6 јули 2017
Мислења
44
Поени од реакции
23
Ти си на некоја почетна точка. Имаш 2103910239 др опции пред тебе. ТИ САМ си одлучуваш што ќе избереш. После тоа, имаш пак нови 1032939120 опции, повторно си бираш сам. И така се до крајот на животот. Буквално во секој момент имаш преголем број на опции. Тоа линијата што си ја нацртал од почетокот до крајот(онаа по која си поминал) , е фактички твојот живот.
Е сеа прашањето е, дали при цртањево на линијата од почетокот до крајот т.е дали при изборот на опциите влијае нешто друго - натприродно?

Може да ти текне да излезеш на улица поради најглупава причина, па да те собери некој што се карал со совозачот и изгубил фокус.
Би го објаснил како нешто што се случува поради општ хаос/конфузија т.е сплет на околности кои што не зависат едни со други. Случајност.
Но не може да одречиме и сигурно на сите ни се има случено да се најдеш во ситуација каде што буквално како да те тера нешто или не можеш да избегаш од нешто.
Така да, кој како што сака нека си верува. Некој ќе верува дека нема судбина и сето е оставено на случајноста и хаосот, а некој ќе ти рече од пишаното не се бега.

Sami si pisime bate :D ko ke mora nes te tera da naprajs shepotot na gjavolot te tera aloo svesti se
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Sami si pisime bate :D ko ke mora nes te tera da naprajs shepotot na gjavolot te tera aloo svesti se
Прво не си сам па за да пишуваш сам, ти си спој од повеќе лица(маски) кои константно се менуваат. Влијанието е секогаш од надворешни(тука спаѓа и ѓаволот, што и да е кутриот) и генетски фактори.
Е сега, за да пробаш да почнеш да пишуваш сам треба милион рала опинци да излижеш од носење и кога ќе станеш индивидуа тогаш можеби на некој магичен начин ќе може нешто да смениш.
 
Член од
6 јули 2017
Мислења
44
Поени од реакции
23
Прво не си сам па за да пишуваш сам, ти си спој од повеќе лица(маски) кои константно се менуваат. Влијанието е секогаш од надворешни(тука спаѓа и ѓаволот, што и да е кутриот) и генетски фактори.
Е сега, за да пробаш да почнеш да пишуваш сам треба милион рала опинци да излижеш од носење и кога ќе станеш индивидуа тогаш можеби на некој магичен начин ќе може нешто да смениш.

Oti vakvi stravoj mi klavas? kako ne sum sam ...shube mi e sega, prosvetli me detalno
 

Kajgana Shop

На врв Bottom