- Член од
- 28 јануари 2018
- Мислења
- 1.703
- Поени од реакции
- 5.667
Добро не го оспорувам ова,ако гледаме така Ориги најбитни голови даде сезонава.Нема да ти пуштам видео од 100те одбрани против Барса во двомечот, само ова видео ќе ти го ставам од Ливерпул - Наполи во 93та.
Да дадеше Милик гол, Ливерпул одеше во ЛЕ а Наполи во ЛШ
Реално ако гледаме Ливерпул се тим,не зависат од еден играч,си имаат систем на игра и си газат.
Алисон,ВВД,Салах,Мане сите имаа улога во овој успех,ама неможе да се одреди на кого да му ја дадат,ќе биде едноставно глупо за другите.
Најдобро нека му ја дадат на Меси.
Ако се гледа статистиката човекот е 3 пати над сите овие,прв стрелец во Европа,во ЛШ 12 гола и 3 асистенции на 9 меча.
Во Ла Лига 36 гола и 12 асистенции на 38 меча.
Стигна до полуфинале во ЛШ и освои Ла Лига.
Ова се неверојатни бројки за еден играч,незнам само како може за два натпревари да се избрише цела сезона.
Знам сега дека ќе се јават некои што ќе се силат и за инат ќе тврдат дека Меси не ја заслужува итн.
Нема да му ја доделат само зашто имаат исто со Роналдо и до крај на кариера ќе местат да имаат исто.
Да имаше Меси една помалце сега ќе му ја дадеа без размислување.