Почекав да ми заврши краткиот престој дома за да се вратам во реалноста и уште подобро да сумирам зошто решив полека да се оттргам од злото наречено држава доле и да си барам живот во асална средина.
Секојдневието во Македонија изгледа вака:
1. Насабајле те буди или комшиката која што во 2019 не знае дека има телефони и урла по децата да се симнат да не закаснат или пак некој багер од главната улица зошто нели мора да се копа во Скопје 365 дена во годината.
2. Одиш на работа, во сообраќајот од шуто до рогато зеле дозвола, не даваат жмигавец, возат по тротоар, убрзуваат, ти се пикаат во лента, ако им посочиш дека се грешка после за инат те претркуваат, ти кратат пат као у стил ти мори со мене ќе се мериш
и накурчен влагаш на работа.
3. Е сега за работа кај мене е специфично пошо јас работам со години во фирма која е низ целиот Јадрански регион + Австрија + Германија така што во ова поле му доаѓа како да сменив сектор (уште сум во истата фирма), така што мене на работа и во Скопје ми беше супер и работното место и примањата беа на последно место зошто се решив на ваков чекор. Ако веќе ставам нешто како минус е тоа што во Македонија очекувано нели, потешко е да наплатиш услуга иако клиентелата се пува по фејсбуци со инкамот.
4. Одиш нешто да завршиш работа низ град пешки, патиките после тоа за во машина за перење.
5. Цигани на семафор - стандард, мора некој да те накурчи и од нив зошто шанси нема да се тргнат од шофершајбна, поготово она племено кај Соборна.
6. Да завршиш некоја работа низ државниве институции, нема што да пишувам, дете вагинално полесно ќе родиш отколку за еден ден да средиш администрација.
За здравство, загадување, нечистотија, ѓубришта и сељанштана народ нема што да пишувам.
Си испрал кола во недела, во понеделник е пак за перење.
Сакаш да одмориш за наредниот работен ден, си заспал во 23:00, пијаници под прозор ти поминуваат зошто нели секојдневието им е „кладилница“ и „жена ми ме вара со комшијата“.
Викаш брза помош за роднина, те прашуваат колку години има, зошто нели не дека цел живот плаќал здравствено, онака, ако си над 60+ нема потреба да доаѓа брза помош.
Имав горе нешто да завршам во поглед на пријавување, одам во општината, сите културни, здраво, повели, за што си тука, седни, почекај, одма ќе дојде некој, ако нешто имаш прашања повели наш број, мејл, на мејл одма враќаат...Во октомври месец им пишав мејл на институт за јавно здравје зошто требаше да патувам на една чудна дестинација а имам само македонски пасош и ми бараа потврда дека немам прележано Зика вирус, еве ги уште ги чекам да ми вратат на мејлот.
Што знам, работи што мене ме интересираат тука има во изобилие - спортски настроена личност сум која што не дека не сака да оди во проводи ама поголем дел од деновите сакам да имам пристап до незагаден воздух каде што ќе можам да трчам, базен да пливам, со точак да заминам некаде на подалечна рута без да мислам дали ќе ме изгази некоја ретарда отколку тоа Цеца дали ќе ми гостува улица под мене.
Единствено само на лебот не можам да се навикнам, нашиов ги шие сите
Сигурно имам испуштено погоре нешто ама во глобала мислам дека опфатив поголем дел зошто се решив на таков чекор.
Совет од мене до сите што сакаат да заминат - учете јазик што побрзо, подруго ќе ве гледаат ако видат дека се трудите и читајте искуства од иселени кои се на ваше интелектуално ниво, ни повисоко, ни пониско, зошто не секој може да го добие тоа што го сака. На пример, зошто да ве избедира некој си ропак од Батинци да не се селите кога главна причина му е казните во сообраќајот што биле високи и слични уби Боже причини.