Фан Клуб: Барселона

Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Овие Евертон наша филијала во Англија ги направивме. :icon_mrgr: Сите играчи што не добија минутажа во Барса ги пративме во Евертон. Мина, Дињ, Андре Гомеш...
Само нив ги поштувам, единствени што плаќаат добри суми за наши играчи, а и им се погодија реално, Дињ особено изгази. На Малком ептен ќе му одговара англиска лига, еден-два пас фурај до корна и нафрли.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
833
Поени од реакции
1.714
Штета за Малколм, колку малку и да влегуваше и тие шанси што ги доби повеке самодоверба имаше од Кутињо, и дриблаше и имаше муда сам да превземе нешто и да шутне. Криминал е ова од странава на Валверде што му го прави 2-3 гола даде и се расплаче дечкото... Дефинитивно ке го биде у Евертон и за некоја година ке го земе некој од Јунајтед или Арсенал.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.364
Поени од реакции
7.293
Barcelona, with six players, is the team that contributes most to Spain's U19 side. Tenas, Miranda, Jandro, Sanz, Marqués and Ruiz are all called up. [fcb]
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Овие Евертон наша филијала во Англија ги направивме. :icon_mrgr: Сите играчи што не добија минутажа во Барса ги пративме во Евертон. Мина, Дињ, Андре Гомеш...
Со ваква лоша "трансфер политика" стадионот нема да го реновираат уште 10 години и се плашам дека на долг рок особено во пост Меси ерата ќе бидеме многу неконкурентни на Реал.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Со ваква лоша "трансфер политика" стадионот нема да го реновираат уште 10 години и се плашам дека на долг рок особено во пост Меси ерата ќе бидеме многу неконкурентни на Реал.
Многу треба да се работи на продажба на играчите, ист тип играчи реал ги продава по 3-4 пати повисока цена. Ама за тоа да се случи треба прво медиумската машинерија да не јаде многу лајна за играчите, на пример матер му ебаја на Кутињо, како сакаш некој да го купи, таква лоша слика направија за човекот што никој не би го зел. Прати какви оцени му даваа бразилските медиуми за настапите на Копа, 8-9, а спорт и мундо 0 му ставаа. Да се дава шанса на резервите во ревијални утакмици каде што ќе блеснат и ќе бидат воспевани од медиумите итн. Маркетинг да им се прави како да се којзнае колкави ѕвезди, наместо да пишат дека нема никаква понуда за играчот, ќе пишат дека го бараат најаките тимови итн. Значи на такви нефудбалски работи мора многу да се работи.
 
Член од
11 октомври 2017
Мислења
411
Поени од реакции
153
Де лихт е завршена приказна мислам јас,високата плата и провизија за Раиола си го направи своето,од друга страна ова меѓу Барса и Атлетико за Гризман наликува повеќе на психолошка војна,(Кој прв ке попушти),на Барса им се брза да ја платат клаузулата,да го официјализираат,да помине лекарски прегледи,за веќе во понеделник да почни со тренинзи,од друга страна и Атлетико им се брза,бидејќи треба да ја платат ратата за Феликс,.......АМА.....По се изгледа Барса ке попушти бидејќи времево е доста кратко,цело време работат на тоа, како да го изведат активирањето на клаузулата.Од друга страна за Нејмар граничи со НЕВОЗМОЖНОСТ,ќе треба многу коцки да се поклопат,и жртвување на 2-3 играчи КОИ НЕМААТ АБЕР ДА СИ ОДАТ,сега глуми некое лудило тој во предсезонава за на Псж да им дојди преку глава,фрла искри некои во медиумите,не се појавува на тренинг,ама можи ова да трае пример до 15,и да си се врати на тренинзи.Скоро сме на пола преоден рок и (Како по обичај) Во Барса незнаат кај тераат,па........Ростерот не е НИ МАЛКУ скроен,засега немаат никој абер за да си одат,не се знаат ни самите во управава што прават,нити Валверде да знае дефиниран ростер па да прави формации тактики (Ако веке ги има уште),иако јас со овај тренер немам некои големи очекувања за нареднава сезона (Поготово за Лш),се виде дека тоа е преголем залак за него,мада и лигава ако овај Реал т.е Зидан направи интересна гала 11-ка,со добра тактика,формација,можно е и лигава да ја земат поготово кога Реал стагнира во Ла лига изминативе 6-7 години
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Се повеќе сум сигурен дека Нејмар нема да дојде. Ми се чини, а и такви гласини стигнуваат, дека од управата пополека се тргаат од целата работа. Изгледа сега за сега само ќе пратат што се случува во ПСЖ. Овој сигурно ќе прави уште мајмунлаци за да го пуштат да си оди па ако зоврие ептен работата нашиве ќе пробаат да го лапнат. Само до тогаш веројатно ќе фати крај на август па кој знае дали и ќе има време и можност да се реализира таков трансфер. Може па циганот ќе си издејствува подобар договор со ПСЖ и ќе си ќути барем до наредното лето.

За Гризман мислам дека сепак брзо ќе се заврши работата. Преголема бламажа ќе биде ако после толку натегања пропадне трансферот. Со ова раководство веќе ништо не изненадува ама сепак мислам дека за 2-3 дена ќе ги соберат парите и ќе ја платат клаузулата.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Состаноците на нашава управа веројатно изгледаат како состаноците на дрвата од ЛОТР.


Доаѓа 1ви јули тргнуваат од домовите на состанок, стигнуваат на 3ти јули, пијат кафе до 5ти, почнуваат да размислуваат, до 7 заклучуваат дека Гризман треба да се купи, до 9ти планираат како да го купат, на 10ти им текнува дека за тоа треба да земат заем од банка и почнуваат да бараат. До крај на месецов ќе ја активираат клаузулата, можеби.

Наместо да си ги спремиш паричињата, да си ги изгланцаш кондурите и сакото ко господин на 30 јуни и на 1ви во 7 сатот одиш во федерацијата и фино лепо ја активираш клаузулата, им оставаш пусулче на кое пише еби се Церезо и си заминуваш.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633
подобро да се земи дисциплинираниот Грижман отколку малото детенце Нејмар и да се задржат Кутињо, Малком,Дембеле па да се воигруваат во некоја си 4-5-1 формација со згусната средина и отворање по крила

ако сака и во задрид нека оди самобендисаниот, направи голема штета по тимот со неговото его кога го напушти клубот, зошто би му се дала втора шанса и од каде гаранција дека на полусезона нема да се преправа дека е повреден и да бара друг проект каде тој би бил главен..........се гледа дека е психо и голем егоист, подобро подалеку од Барса
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Клаузулата е платена попладнево преку трансфер од банка, но ла лига работи до 16:00, па ќе биде одобрена утре.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Изгледа бидна работата со Гризман,треба утре официјално да биде.

Мене не ми е ништо посебно овој трансфер,мислам дека како Кутињо ќе заврши за една година,многу без врска и непромислен е,само колку да донесат нешто да се замачкаат очите да пројде хејтот.
120 мил не се малце.
Незнам искрено како мислат да ја прават формацијата,Гризман игра на позицијата како Меси,изгледа ќе го начукаат на другата страна и после цацко ќе биде крив зашто не е погоден трансферот.:tapp:
Меси и Суарез сигурно нема на клупа да седат,ако е така Гризман,Дембеле,Кутињо и Малком ќе се борат за една позиција.:facepalm:

Да имаме нормален тренер може да се искомбинира некако,ќе го седне Суарез на клупа,Кутињо средина и Малком продажба и решен проблем.

Ќе видиме што ќе биде само уште поголем проблем е што Валверде и управата имаат скроз спротивни мислења и поглед на работите.
Читав Валверде планирал Роберто средина да го игра:pos:
Па тоа каков кармбол ќе биде,конкуренција колку сакаш.
На крај Ракитиќ,Бускетс и Суарез ќе скапат цела сезона на терен,а за другите...


Отиде у пм и наредната сезона,кога ќе ми текне како играме у Ла Лига:popce:.
Полека стрпливо да даде Меси гол па да се затвориме и да се влечат по терен цела утакмица.
Нослето ќе ќути и околу 50та минута ќе го викне Пиќе на муабет.
После во 70та следуваат две замени што никој неможе да ги погоди,и на крај во 88ма влегува во игра Алења.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
833
Поени од реакции
1.714
Ќе биде џумбус лето, а уште по џумбус сезона, последна година му е на Валвердево на клупа осеќам незаборавна ќе е.

И управата донесла одлука за Фелипе Луис дека не им требал, сакале нешто помлад да биде за да е сериозна конукренција за Алба. А на крај ќе испадне недоволно искуство има и ќе прегорат Алба цела сезона.
 
Последно уредено:
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Следната сезона е осудена на пропаст со самото останувањето на валверде на клупата. Само сезона без титула ќе донесе вистински промени во тимот, барем така се надеваме. Мене дури и побитно од титулите ми е да играат убав фудбал напаѓачки, последниве две сезони ретко кој се израдува на титулите, не е то то. Најважна промена ќе е тренерот, па потоа 5-6 позиции во тимот кои чкрипат.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Со самото тоа кога тренерот ќе ти каже "немам желби донесете вие што мислите" се знае дека сезоната е готова.
Ни самиот незнае кај тера,само си ќути,а на управата им одговара тоа,прават трансфери што немаат врска со ништо,на играчите им е супер не им збори ништо тренерот,а си имаат сагарантирано место во прва постава.

За лев бек незнам зашто не го вратат Кукуреља,сезонава супер изигра во Еибар,дете од школата,20 години има за ротација е супер со помалите тимови во Ла Лига да игра и во купот супер ќе му биде,ќе може и да напредува зашто да не биде и наследник на Алба.
Незнам што ќе ни е Филип Луис кога човекот е 33 години,за пензија ли ќе го спремаме,во моментов е подобар од Кукуреља ама и онака го планираат за да дреме на клупа,ќе изигра 5 утакмици и толку.
За 2 години во пензија,до тогаш и Алба ќе остаре и курац замена наоѓање.

Уствари на сите позиции е така освен Артур и Де Јонг нема ни еден млад играч што може да се ослонат во иднина.

Пуиг и Алења никој не ги спомнува,незнам зашто не си бараат трансфер,млади се уште па изгледа сонуваат дека ќе станат Чави и Иниеста еден ден.
Само што во наредните 3 години ќе изиграат 3-4 утакмици и тоа во купот против некои од 3та лига.
За жал ги чека иста судбина како Денис,ќе дремат на клупа додека да направат 22-23 години и после ќе одат во клуб кај што ќе имаат минутажа,ама за жал касно ќе им биде.
Незнам зашто не се збори со нив да ги пуштат уште сега на позајница во некој помал клуб на пример Еспањол,Ајакс,или било кој од слабите екипи во Ла Лига.

Уствари што зборам,кој да размисли за тоа Барто има работа човекот 10 функции има во клубот,тренерот незнае кај се наоѓа.[DOUBLEPOST=1562887498][/DOUBLEPOST]Сега нов бран на шпекучации велат дека Барса понудиле на ПСЖ да изберат 3 од овие 4 играчи.
Дембеле,Умтити,Кутињо и Семедо.

Очигледно пари за давање нема веќе е сега ако дојде Нејмар ќе биде супер,ќе видиме што ќе испадне ама ако не се појавува на тренинзи мора да попуштат.
 
Последно уредено:
Член од
29 април 2015
Мислења
4.037
Поени од реакции
3.805
Замислете само на овие играчи, плус Гризман и Нејмар, тренер да ни е Пеп....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom