Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.097
Поени од реакции
5.767
Драга,

Само ја можам да бидам толкава стока и на секое идење во Македонија да не искочам од кафана цела недела и да се вратам 3 кила потежок :facepalm: :tapp:

Идеме од утре пак здрава исхрана и секој ден на шипки, мора да се вратам у форма :roker:
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.637
Поени од реакции
27.838
Море женишта на тротинети,не живеете во Виена 2014та туку во Скопје 2019та,намалете филмот малку.Цели 5 години касните и сега што,преку ноќ госпоѓи на тротинети?Прво таму не се возеа електрични туку обични тротинети,не се мрзи тамошните жени,второ не возеа во куси здолништа со пет кила шминка размачкана од пот,трето слушалки ставаа кога го склопуваа тротинетот и влагаа во метро, а не главата нагоре у небо,сите ме загледуваат не ебам жива сила,пун гас по тротоар побрзи од колите па уште слушалки во ушите пикнати.Значи не е тротинетот моден детал ниту статусен симбол,ниту справа да се убиеш или друг да отепаш некој,тоа е превозно средство што треба да ви го олесни движењето.
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.719
Кај,

Викендов го поминав во друштво на женска и хари потер маратон со многу пица пиво и чипсови неможам да се пожалам ама ми дојде преку глава од излегување па редно беше quiet weekend. :cool:
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Кого го сакаш повеќе мајка ти или татка ти,прашање поставено на 4 годишно дете!:facepalm:До кога бе ќе ги замарате децата со вакви глупави прашања бе алооо,токмаци едни неизживеани!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Кајг,



мислам дека за време на Дивот Запад немало толку пљачки на банки како СЕГА кај нас,



барем тогаш на зид имало залепено потерница и награда за тој кој ќе ги фати крадците (уште во тоа време се знаело и кои се крадците, а не пак во денешно време),



ама овде кај нас, во Waild North Macedoninan дури е „нормално“ да се украде и да не се фатат крадците, а најмалку истите да ги вратат парите и кривично да одговараат!
...денешнава утринска понеделничка пљачка со висока стратегија на „отривање“ на крадците, наместо да се бркаат крадците се претретусуваа обични граѓани! одозгора бисер оправдување од надлежните: ,,..осигурани се парите, граѓаните да не грижат! допрва се ресФетлува случајот и се испитува причината за пљачкање на 113 000 евра..,, :facepalm:
..јас ја знам причината зошто е опљачкана банката...за ќеФ, е опљачкана!:pos:
туку, КОЈА БАНКА е сега на ред? :vozbud:
 
Последно уредено:
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.815
Поени од реакции
7.504
upload_2019-7-8_22-1-40.png

Шо бе, во Германија немало да се пријави некој друг како шофер и да одлежи три години од кои двеипол условно??

Прашања кои ме мачат
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.305
Поени од реакции
10.314
Кеј,

Сите брзаме и го бркаме времето, сонот и целта. Колку од нас сме се запрашале до каде сме на скалата „човек“ ? Колку од нас имаме заборавено што значи да бидеш и да си навистина човек ? Одвратно е кога ќе помислиш колку сме себични и лицемерни кога се работи за било кој освен нас. Колку пати сме навредиле некој со нашето однесување и говор бидејќи престанавме да бидеме културни и морални. Се се случува за некој си вид на фама и внимание. Земјава е таа што е , ама луѓето во неа станаа преголеми гадови. Добра ноќ
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Ова лето колку што отидоа печалбари во ,,Немачка" мислам дека никогаш претходно не отишле. Не е проблем одењето, проблем е разликата што ја прават во човечкиот карактер две илјади евра заработка откако ќе се вратат назад. Има ликови кои што кога немаат пари се приземјени, зборат реални муабети...штом се вратат назад буквално не се трпат. На површина испливува онаа македонштина. Него сите го сакале, газдата го молел да остане, бил највреден ама знаел и да забушава, тој никад не чистел WC-иња, се дупнал од јадење на гага, германците глупи биле а тој итроманот македонски ги заебал, ако зел две илјади ќе каже оти зел четири, обавезно се дупнале пиво пиење, слика на фб од лименки пива наредени една врз друга ѓоа кривата кула во Пиза, да види сиротињата дома како се живее во ,,Имачка" хехе...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom