Фан Клуб: Барселона

Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Стварно преговараат Семедо да го вклучат во трансферот на Гризман, Фабрицио пиша. Нема зборови со кои може да се опише управава :гомце: се надевам нема да им успее.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.703
Поени од реакции
5.668
На крај боље да го дадат Семедо,барем помалце да го платиме Гризман.

Знаеме сите дека е подобар бек од Роберто,ама што фајде кога и да остане пак Роберто ќе игра на сите побитни утакмици.
Ние да го собереме Алвес најдобро без пари,кај имаме еден тон пензионери нека има уште еден.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Па како што одигра вчера ѕверски Алвеш не би било лошо да го собереме. Ќе послужи сезона-две. Само секако не по цена Семедо да си оди. Ама кај оваа управа нема многу логика...
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
[DOUBLEPOST=1562151611][/DOUBLEPOST]Ако стварно го продадат Семедо, тоа ќе значи дека собираат пари за голем трансфер.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
848
Поени од реакции
1.756
Од една страна ве разбирам зашто го нејќете Нејмар, донекаде и јас нејќам да се врати едноставно премногу цигански си замина и си ја фрли кариерата у бездна за пари, а у Барса и тоа како се примети неговото одсуство мада и да останеше не верувам дека со Валвердево нешто ке правеа, ама пак коа ке ми текне дека имаше тука неколку што пишаа дека им се одмилило фудбалов на Барса што го гледаат реално и вистина е, и ако има и најмала шанса да се врати Барса на оној стариот напаѓачки фудбал? Па добредојде назад цигану. Чим Меси газеше со полумртов Суарез и депресивниот Кутињо што ли ке прави он со Гризман и Нејмар.

А што се однесува до Семедо жал ми е за него стварно тежок потенцијал лежи во него али и да остане не верувам дека ке фати постава од Роберто, би му посакал да си ја бара среќата на друго место исто и на Малколм едноставно не го заслужија овој третман ама ич.

За Тодибо искрено ми се свиѓа саглам стоперче е, ама детево нема шанси да фати постава дури ни како замена, Де Лихт и тој е дете реално ама он се калемеше у Ајакс додека овој преседе на трибини, реално му треба позајмица па ако покаже добри партии да се врати у Барса секако. А што се однесува до Де Лихт па стварно не ми е јасно, Барса од 2009 едноставно го стигна врвот и од тогаш нас минимум ни е тројна круна реално разгалени сме, ама со најдобриот фудбалер на светов како да не очекуваш, и тоа на 2 пати освоена тројна круна. Ај сеа јасно е дека Барса секогаш така ке атакува, и нормално е дека треба ротации, пак не ми е јасно како го испуштија Де Лихт. Го имаме Пике што наредна година прави 33 реално прикрај е на кариера а и неможеме да очекуваме дека со една иста постава ке атакуваат на тројна круна, После него иде Ленгле што стварно си ја искористи шансата и му го зеде местото на Умтити, Умтити што ете видовме како се изглупира и си ја сјеба кариерата и сега можно е да биде продаден и да Тодибо што едвај 2-3 утакмици има играно против последните 3 у табела. Како успеа Јувентус да го земе не ми е јасно, што уште не ми се верува дека ке иде таму, од мал сака у Барса да игра, сите збореа сакал у Барса од негови соиграчи па и скоро готов беше и што сеа немало место у Барса ај у Јувентус, па подобро у Ајакс да останеше барем ке имаше конкуренција и да се калеми а као демек ке иде у Јувентус да атакува на Лига Шампиони, упс извини најјаката Серија А. Мене одамна ми мириса на медиумска хајка само свињата да извади пари, додека не го видам дека го држи дресот на Јувентус не верувам дека ке иде таму.
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.655
Поени од реакции
4.142
@Mayavin , мислам дека ќе изигра 4-5сезони ( еден договор ) во Јувентус , па ќе праи трансфер во Barcelona на 24/25години...
 
Член од
7 август 2011
Мислења
848
Поени од реакции
1.756
@Mayavin , мислам дека ќе изигра 4-5сезони ( еден договор ) во Јувентус , па ќе праи трансфер во Barcelona на 24/25години...
Ке изигра сезона ипол и ке им го тупнат за 120 милиони, а овие колку што се глупи ке се нафатат да го купат кога ке видат дека им шкрипи одбраната и не ја средиле со време.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Тоа го пишувам и јас, да бевме јаки и да игравме убав фудбал без него никој не би го барал. Никој не очекуваше толку да фали, буквално ни се распадна цела игра без цигото, настрана тоа што немаме среден ред со години. МОРА да се донесе играч што ќе може да го носи тимот на грб и кога нема да е Меси тука, а подобар избор на пазарот нема. Крај краева тој им се посра на истата оваа управа, ако тие го сакаат назад, зошто ние би се бунеле.
Ке изигра сезона ипол и ке им го тупнат за 120 милиони, а овие колку што се глупи ке се нафатат да го купат кога ке видат дека им шкрипи одбраната и не ја средиле со време.
Завршена приказна е Лихт, Јувентус ја има најдобрата управа во светов на фудбалот, ништо нема да остават на случајот, преговараат со денови до најситен детал, нема да остават дупка за да им избега, ниту пак Барса би ја платила клаузулата од 150+ милиони.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Дека ни треба Нејмар, ни треба ама и дека треба да клекне ма колена сред Камп Ноу и да бара прошка за циганчењето и тоа треба!
Освен тоа во трампа прифатливо е само Кутињо и Ракитич. Умтити не верувам да го дадат откако се откажаа од Де Лихт.
Мистерија ми е Дембеле, мислам дека ако остане не би имал толку минути игра, но не сакам така лесно да го дадат. Подобро да го продадат за пари отколку да биде дел од трампата за Нејмар.

А ЦБ мислам ќе се бара тек следното лето.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.046
Поени од реакции
6.655
Па како што одигра вчера ѕверски Алвеш не би било лошо да го собереме. Ќе послужи сезона-две. Само секако не по цена Семедо да си оди. Ама кај оваа управа нема многу логика...
се знае како треба да изигра алвес за бразил и нема напорни тренинзи, што мислиш дали ќе биде 50 % овој алвез кога ќе се опнат тренинзи, воигрувања со новите соиграчи, патувања, дерби, ЛШ итн
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Дека ни треба Нејмар, ни треба ама и дека треба да клекне ма колена сред Камп Ноу и да бара прошка за циганчењето и тоа треба!
Освен тоа во трампа прифатливо е само Кутињо и Ракитич. Умтити не верувам да го дадат откако се откажаа од Де Лихт.
Мистерија ми е Дембеле, мислам дека ако остане не би имал толку минути игра, но не сакам така лесно да го дадат. Подобро да го продадат за пари отколку да биде дел од трампата за Нејмар.

А ЦБ мислам ќе се бара тек следното лето.
Па му поставиле три услови демек и ги прифатил, извинувањето е еден од нив. Според Лекип Барса го одбила агентот на Нејмар да се вклучи Дембеле во трансферот, нема да се откажат од него како што стојат работите. Кутињо ќе го понудат сигурно и можеби еден од Ракитиќ и Умтити, но ќе треба и да ги наговорат да си одат, а можеби ќе биде само Кутињо плус кеш. А и клубовите се во ептен лоши односи, па се ова се одвива со посредници според француските медиуми.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.142
Поени од реакции
16.656
Ќе го давате Семедо бе фарсаши :)
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.703
Поени од реакции
5.668
Абе ако сака цигото да дојде ќе дојде по секоја цена,како може не го пуштиле,барале премногу пари незнам што,неможеш да задржиш играч во тимот ако не сака да игра таму.
Може да не го пуштат од инат,ама ќе забушава на тренинзи,ќе си игра за себе на утакмици,ќе ја руши хемијата во клубот и што фајде од таков играч.
Ако некој играч ти каже "сакам да си одам" ти само можеш да се бориш за што повеќе пари да го продадеш,.

Само што имаме најглупа управа на цел свет па нема да стигнеме летово,сега ќе чекаат Гризман да потпише,па што ќе биде со Дембеле,па да почнат преговори...И дојде Август.
Највеќе што ме нервира кај управава е што ќе земат и првата понуда некоја смешна ќе биде како лани на Јунајтед што им понудивме за Погба,Андре Гомеш незнам уште кој беше и 25 милиони,па добро бе не пие некој нафта.
Со Гризман работата ваљда е завршена,нека убрзаат со Нејмар сега пошто Јули е веќе,ако воопшто планираат да го вратат.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
848
Поени од реакции
1.756
Ќе го давате Семедо бе фарсаши :)
Ваш е, го имаме најдобриот бек у историјата на фудбалот Серџи Роберто, со втора замена исто така Серџи Роберто и плус од Ла Масија има и трета замена исто така се вика Серџи Роберто, додека диши воздух и додека му тече крв низ вени Серџи Роберто средниот везњак ке игра бек.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.384
Поени од реакции
7.306
Ова со Нејмар според мене е само една летна сапуница за забавување на медиумите, нема да дојде ниту пак некакви преговори се водат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom