Аргентина одигра до сега најдобро на турниров. Во поголем дел беше подобра од Бразил, нестварно е како загубија 2-0... Пречка на Агуеро, статива на Меси, одбрана на Алисон... Тежок баксуз ги фати плус судијата и тоа како беше наклонет према Бразил. На ваков меч да не се консултираш ни еднаш со ВАР не е нормално. Имаше две спорни ситуации за пенал за Аргентина и тоа првата одма пред да падне вториот гол. Жолтите картони се посебна приказна...
Ама мора и јас да пишам. Која игра на Дани Алвеш.
Човекот игра како да има 22 години.
Аргентина ќе има шанса догодина на свој терен. Искрено малце ми е глупо што пак ќе има КА во 2020 али тоа е. Меси потврди дека останува. Има потенцијал во играчи како Лаутаро, Талјафико и Фојт. Ло Селсо и Де Паул би требало исто да напредуваат. Најбитно е да си најдат асален селектор и да си ги средат работите во федерацијата.