Реално со оглед на ситуацијата не се лоши потезите, Лира доби шанса не се покажа и тоа скоро со никаква конкуренција, Фелипе веќе не е тоа што беше, за тие пари што ги зима не ни треба.
Имаме доста млади играчи во тимот кои ветуваат и такви кои не се покажаа, но добро е што доста време се заедно играчите, имаа време да се воиграат, запознаат, да ја разберат филозофијата на тренерот, и да се подготваат, сто посто ќе бидеме потценети од сите, што може да ни даде огромна предност.
Само не знам како ќе се реши креативноста во играта, која ни е баш доста слаба точка, но се надевам ќе изненадаат некој од младите на крило и исто мислам дека Колевски има потенцијал па ќе видиме, многу се важни припремите, вежбите, системот по кој ќе се работи, за да се развие тој потенцијал у квалитет.
Али верувам дека може да изненадиме.
Па ќе видиме, само нека се исплатат вработените, за да се поправи атмосферата у клубот, и некаа работат имаат цело лето на располагање.