Kоја е последната претстава што сте ја гледале во театар?

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
@wot
Се извинувам шо не ми текна навреме да те известам, се надевам разбра и беше вечерва на Клетници? :D
za zal, samo ovaa uspeav da ja vidam ovojpat od festivalot
ama poln pogodok, mi go zasiti apetitot

prepoznav nekoi od deckite od minatata godina, isto zahtevna, isto dinamicna pretstava
3 casa mi pominaa kako nisto, prezadovolen, blagodaram na preporakata

strumickiot teatar moze da sonuva vakva pretstava da sklopi

5/5
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Што е финтата со МНТ и онлајн билетите? Ми дава да одберам само партер, ложите и галериите не ми ни ги отвора, а сите претстави за ноември се 90%-100% распродадени. Навистина луѓе купуваат билети повеќе од месец дена унапред или има некој мајтап со системот?
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Што е финтата со МНТ и онлајн билетите? Ми дава да одберам само партер, ложите и галериите не ми ни ги отвора, а сите претстави за ноември се 90%-100% распродадени. Навистина луѓе купуваат билети повеќе од месец дена унапред или има некој мајтап со системот?
И на МОБ е слично, ти отвара онлајн само дел од седиштата, истите за било кој балет или опера, по што заклучив дека врска си нема системот, најарно е да одиш кај нив на билетара да си одбериш седиште и да си купиш. Претпоставувам и кај овие е истото.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Постот за МТФ е ин д мејкинг, само процедурално да се пофалам дека вечер одам да гледам Медеа во амфитеатарот во Пловдив, само една единствена изведба ќе има и ќе е грандиозен спектакл, ќе сликнам нешто ако можам:D:D:D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
На Мизантроп заспав на пола престава од што беше досадна. Во салата 30 души имаше. Најлоша престава на МНТ.
Мој термин во МНТ е една од најдобрите комедии што сум ги гледал.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
МТФ „Војдан Чернодрински“ 2019

  • „Макбет“ - МНТ, режија Нела Витошевиќ
Сашко Коцев и сериозна претстава. Оксиморон. Уште пред премиерата знаев дека ќе е катастрофа - и бидна. Визуелно претставата беше одлична, настрана од Сашко улогите беа релативно добро поделени и изиграни (Вуиса, Благој, вештерките:cuc: и Драгана како Леди Макбет:love:), костимите беа перфектни, атмосферата на самиот текст сценски беше супер доловена, но воопшто не ми се допадна како финален производ. Немаше флоу, премногу заморна и долга, без режисерски „потпис“, без поента и да, факинг Сашко Коцев како Макбет. Како бе? Нела, сериозно, како? Во кој твој универзум Сашко може да изигра трагична главна улога? Било кој друг актер, буквално, ќе беше подобар избор. Слабо тројче од мене.

  • „Венера во крзно“ - Кино Култура и Театар на навигаторот Цветко, режија Ивана Ангеловска
Можеби најубавата претстава што сум ја гледал во животот. Ми го наполни срцето. 10+. Ивана и Благој се чудо од актери и чудо од луѓе. :love::love::love: до бесконечност.

Се друго што имам да кажам, кажав во рецензијава, ви благодарам однапред на читањето :D.

  • „Бакхи - краток преглед на распадот“, Битолски театар, режија Игор Вук Торбица
Епски театар, солзи, пот и крв. Доста бавна и ментално захтевна на почеток, но токму во моментот кога си на работ на дискомфортот и си готов да речеш па кој кур се случува овде, каде е Еврипид во сето ова и зошто сеуште седам и гледам, започнува спектаклот и со 110% вози до самиот крај. Останав без зборови од перформансот на целиот ансамбл, кој што исто како и прилепскиот, постојано докажува дека е способен не само да се носи со било каква претстава, туку и понесен од својата синергија, да креира и огромна додадена вредност и секоја продукција да ја воздигне на едно скај-хај ниво. Не вреди да пробувам да опишувам во детали, бидејќи што и да напишам ќе биде малку за сето тоа што се случува на сцената. Презаслужена главна награда и огромна препорака до сите искрени театарџии.

  • „Странци“ - Драмски театар, режија Нела Витошевиќ
Искрено, преку Тасета веќе од сценски преџвакувања на филмови. Претставава единствено ја извадија искусните волци на сцена, кои Нела добро знаела како да ги одбере и со тоа да си ја заврши својата работа. Буквално ништо друго не се сработило, освен што сценографите ја наместиле сцената и глумците го научиле текстот. Филмот го гледав околу Божиќ, но не верувам дека е до тоа, бидејќи и пред 3 години да го бев гледал, повторно ќе се чувствував исто. Имаше океј хумористични моменти, не беше заморна и тоа е тоа. Просечно тројче.
  • „Пиреј“ - Прилепски театар, режија Љупчо Ѓоргиевски
Само океј за мене, ништо повеќе. Знам дека е роман и дека е навистина тешко да се постави на сцена, ама сепак можеби можело да биде подобро изведено (а, како подобро немам појма ни самиот, нејсе). За глумата немам коментар, наградите за Марија и Степануле се сосема на место, но мене ни да ме такне што би рекол Пикац. Ваљда е до мене и до мојот вкус. Останува фактот дека е навистина сериозно спремена претстава и заслужува да се погледне.
  • „Шекспиријада“ - ЕСРА
Изненадувачки добар провод и за ЕСРА стандарди навистина одлично сработено. Децата (а и еден 35-годишен што не знам што мајка бараше во претставава) изглумија супер, ни покажаа понекое цице и лабудче (наклон за храброста) и генерално добро се претставија.

  • „Ана и Хана“ - Турски театар, режија Драгана Гунин
Добро е што е релативно кратка, па издржав некако до крај. Не ми се допадна баш, иако сите потребни елементи си беа присутни и беа на ниво. Ваљда е до тоа што е демек young adult, па затоа мене ми се виде празна, бледа и без поента.

  • „Дневникот на лудиот“ - монодрама на Бобан Алексоски, режија Ѓорѓи Ризески
Бобане дете, кое возење ни го приреди, секоја ти чест! Капа до под! Ме зачуди, ме воодушеви, ме насмеа до солзи, ме тресна од земја, ме натера да се соживеам со тебе и да те сожалувам и сето тоа во само 50-тина минути. Мразам претстави со учество на публика, но овде тоа беше одлично осмислено и изведено. Неконвенционална, магична и навистина луда. Браво!


Настрана од „Војдан“, го изгледав и следново во изминатава сезона.


  • „Казимир и Каролина“ - Прилепски театар, режија Нела Витошевиќ
Исто како и „Венера“, прекраснотија од претстава, убавина и за очи и за душа. Ми се чини единствена претстава која ми го стегнала грлото и ми измамила толку силни емоции. Седев некаде на трет ред и се гледав очи в очи со глумците, кои сите до еден си ги соголија душите пред нас и пуштија и понекоја човечка (а, не актерска) солза.

  • „Демократија“ - Прилепски театар, режија Кирил Петрески
Хм, онака, просечно. На моменти заспивачка, немаше воопшто динамика на сцена (позитивно е што е релативно кратка), но просечно добриот текст (кој на моменти допринесе за „досадноста“) и секогаш квалитетната глума сепак преовладаа на крајот. Доволна добра за да се гледа во рандом саботна вечер.

  • „Женска утопија“ - монодрама во улога и режија на Димитрина Мицкоска
Парчиња од монолози на женските ликови на Плевнеш, така да тука нема што да се коментира, a Димитрина е глумица и пол :love:.

  • „Еден месец на село“ - МНТ, режија Паоло Маџели
Перфектен кастинг, перфектен баланс на драматични и комични елементи, перфектно времетраење, перфектно се. Претстава за сечиј вкус и претстава што едноставно мора да се изгледа. Прочитав пар рецензии според кои не била баш одлична, Маџели не знаел во кој правец ја терал, заморна била за гледање, бла бла.....ништо од тоа нема врска. Уживав во секоја една секунда од тие 2 и пол саати (кои поминаа како ништо) и во перформансот на буквално сите актери од екипата. Shout out за Сашка и Дарја; женетини :cuc::love:.

  • „Семејни приказни“ - Прилепски театар, режија Милош Б. Андоновски
Издржан и интересен текст на Србљановиќ, поврзан со транзицијата и екс-Ју војните. На мала сцена со oдлична сценографија и со, за ваков сериозен текст, навистина умешно проткаени комични нишки. Пофалба за екипата (y)

  • „Медеа“ - Plovdiv European capital of culture, режија Десислава Шпатова
Првпат гледам претстава во амфитеатар и останав без зборови. На пола изведба надојде олуја, со ненормален дожд и громови на 10 метри од амфитеатарот, а ние тројца под едно кинеско чадорче накиснавме до гола кожа. Нит изведба се прекина, нит некој си замина, глумците почнаа и да импровизираат и да си играат со локвите вода на сцена. Иако не беше по мој вкус и не бев премногу воодушевен, сепак целосното искуство беше неописливо.

1565577857089.png

1565577873303.png
 
Последно уредено:
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Нешто нова престава да не се спрема во Театар Комедија, бидејќи се имам изгледано до сега...?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.290
Кутрите мали хрчки - пред 15 години.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Хаха, на што конкретно? :D
На тоа што имаш можност да го пратиш Чернодрински, а богами и на времето. :D
Човече, скоро секоја претстава си ја изгледал од годинашново издание. (y)
 

HellRaiser

Реметам кајганџии
Член од
1 јануари 2014
Мислења
815
Поени од реакции
854
Posledno bev na pretstava pred 15 godini I ne se sekavam na imeto od pretstavata
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.515
Поени од реакции
9.412
Сите претстави ги изгледав во сите театри но единствена која ќе ја паметам и на која повторно би одела е Вардарски пастуви..
Смеење до помочување, а тоа и му треба на овој напатен народ оптоварен со политика..смеење и само смеење:)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Сите претстави ги изгледав во сите театри но единствена која ќе ја паметам и на која повторно би одела е Вардарски пастуви..
Смеење до помочување, а тоа и му треба на овој напатен народ оптоварен со политика..смеење и само смеење:)
Гледај ја и "Не сега драга". Исто смешна како Пастувите. А добра е и Стјуардеси.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom