Самоубиство!

Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
@Anon И генерално и негенерално млатеш празна слама. Поим немаш, за престава да не праеме маабет.
Иначе у останите теми у ред е да се интелектуализира, да се заебава, ама треба да се има осет за некои длабоки теми. "Eмоциoнална Интелегенција". Емоцијата е една димензија. Интелегенцијата е сосем друга димензија. Ама си го прочитал повеќе пати па си почнал да го употребуваш по навика.
 
Последно уредено од модератор:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.157
Тие шо вистински размислуваат за самоубиство не се жалат. Напротив го кријат тоа длабоко во себе. Ногу одамна коа бев мал мој братучед се самоуби. Никогаш не се жалеше, напротив, беше спортски настроен, работеше, ама имаше оќув идиот у буквална смисла на зборо (значи крајно неинтелегентен оќув кој не го сакаше). Едноставно последниот месец дена стана крајно пасивен и без воља за живот. Мајка му дури го водеше на психолог последните денови и дента пред да заврши работа после психолог со мајка мѕ беа кај нас.
Мајка ми меѓу другото му рече-Напи се едно апче да се смиреш. А тој го испи апчето ладнокрвно и смирено рече:-А што потоа?- Тоа беше последното шо го чув од него. Ноќта ја напуштил планетава.
Исто така мој другар се има обидено да се самоубие со сечење вени и лутање некаде по ридови за да биде успешно, ама за жал го нашле и се разбудил во болница. После повеке години дојде кај мене да се поздрави и очите му беа крвави од болка. Некако ми текна една приказна за која верувам дека Господ ја кажа преку мојата уста од која некако другарот го погоди и се замисли и предомисли.....
....Лично несум вистински мислел на самоубиство и покрај тоа шо неколку пати сум имал периоди во крајно црни расположенија во кои просто животот го осеќав како терет, а не како дар. Да, сум си викал у себе- да испијам една кутија апчиња и да не се разбудам веќе-, ама таа мисла беше светлосна година од одлука.
Ногу деца едноставно прелесно го изговараат тај збор -САМОУБИСТВО. И најлесно е да се мудрува и стил - неблагодарен, треба да се биде благодарен на родителите (ова е тема за себе оти не секој сазлужува да биде родител), благодарен на Бога. Имате ли појма шо чуствувал тај индиец, каков живот имал? Не! ...
...Се зависи од каков "материјал" е поединецот. Колку е силен, колку слаб, колку може да поднесе.
Последно самоубиство на човек кој го познавав, на околу 60 год. возраст причина му била сознанието на неговата снаа дека имала швалер а неможел да докаже.....
Погоре некој кажа опција лечење. Ако мислеш на лечење со помош на "стручно лице" кус нека е таквиот живот на зомби после кое ке го има несреќникот. Познавам таков. "Живее" баш како зомби.
Кога некој веќе не си го сака животот, тука нема лек без промена на околината и "пријателите". Мудрувањето па е најмал лек.......Некој може да имал тежок живот, ама се изборил некако и си го средил животот. И сега размислува -Ако можам ја може секој друг- И мудрува и јаде бурек. Ама секој поединец не е исти.
Како и во некои други теми и тука го го спомнам денешното модерно општество кое е засновано 99,99 % на материјалност и себичност има силно влијание и предизвикува самоубиства.
Dobro be se druzis ili znaes ti nekoj sto ne se samoubili ili barem ne pokusal ednas? Ke si pomisli covek loso vlijaes na okolinata i poznanicite. Site okolu tebe se samoubivaat:cautious:.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Познавав една жена,живееше во близина.Ја викав жена-лавица.И покрај тешките животни ситуации шо ги имаше секогаш вежбаше и џогираше го живееше животот со полни гради.Во разговор со неа секогаш делуваше како бескомпромисна и самоуверена.Секогаш и се восхитував ја сметав за нескршлива.Се до едно утро кога слушнав дека се самоубила со бесење.Шок како е можно таква особа да се самоубие!?Значи никој не знае шо мака си има чоек.Лесно е да судиш или осудуваш,се до онај момент кога животот ќе ти се пушти со клизачи.Така да не оправдувам самоубиство,ама не сум од тие шо одат на околу и ги осудуваат тие шо се самоубиле како кукавици.Секој со својата мака.Секој си ја води својата битка дали со некоја тешка болест,дали со околината,дали со себе!
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Секој човек помислува или размислува за самоубиство во текот на животот.
Тоа ти иди како момент за преиспитување на (не)љубовта кон сопствениот живот со сите гомнарии во него.

Иначе човечката психа е заебана работа. Од еден обичен психолошки шок, можи да настани пореметување со панични напади, анксиозност и останати мачнини, кои се навраќаат периодично и го тиштат човек, не пак за некои посериозни проблеми кои оставаат длабоки траги.

И секој различно се носи со проблемите и реагира на дразбите.
 
Член од
13 мај 2016
Мислења
492
Поени од реакции
937
Има една народна која често ја спомнуваме низ смеа.."Умот ти е ко срча, неЗнајш кога че пукни".
Скрос е точна.
Кој не го искусил тоа "пукање", никогаш нема да знае што е тоа (да чува Господ).
Нема ни реченици..ни зборови..па ни доволно букви да го опишат пеколот што може да се случи во психата.
Физичката болка спрема тоа е прошетка низ парк.
Некогаш изборот ти се сведува на ужасен крај или ужас без крај.

Дали има излез? (Сакам да) Верувам дека има.
Но се си има своја цена, и без лузни нема да помине.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.307
Поени од реакции
7.442
Го пријавив типов, ама гледам моите постови се избришани. Уште еднаш би апелирал до модераторите не знам кои се на темава... Aјде @Peja989 , вакви ликови да се банираат од осетливи теми, вакво поттикнување може да биде и кривично дело, како за него така и за јавниот форум.

Денес баш поради такви спрдачења се самоуби познат YouTuber https://twitter.com/NYPDnews/status/1143558996172967937
 
Последно уредено од модератор:
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Го пријавив типов, ама гледам моите постови се избришани. Уште еднаш би апелирал до модераторите не знам кои се на темава... Aјде @Peja989 , вакви ликови да се банираат од осетливи теми, вакво поттикнување може да биде и кривично дело, како за него така и за јавниот форум.

Денес баш поради такви спрдачења се самоуби познат YouTuber https://twitter.com/NYPDnews/status/1143558996172967937
@Agda Beata
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.731
Поени од реакции
24.345

Избришани се мислења кои би биле тригер и би предизвикале непотребна расправија. Продолжете со дискусија.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.960
Поени од реакции
3.665
Има една народна која често ја спомнуваме низ смеа.."Умот ти е ко срча, неЗнајш кога че пукни".
Скрос е точна.
Кој не го искусил тоа "пукање", никогаш нема да знае што е тоа (да чува Господ).
Нема ни реченици..ни зборови..па ни доволно букви да го опишат пеколот што може да се случи во психата.
Физичката болка спрема тоа е прошетка низ парк.
Некогаш изборот ти се сведува на ужасен крај или ужас без крај.

Дали има излез? (Сакам да) Верувам дека има.
Но се си има своја цена, и без лузни нема да помине.
Во најголем дел од случаите на самоубиство најверојатно се работи за такво ,,пукање,, односно тежок ментален проблем, независно коа била причината која го предизвикала тој ментален проблем или се јавил и без некоја видлива причина.
Но има и случаи кога самоубиството е резултат и на здраворазумско расудување, на пример кога некој тешко болен кој знае дека му остануваат месец или два живот ( во тој случај дискутабилен е и називот живот) кои ке треба да ги помине во тешки болки и агонија, ке реши да си ги скрати маките, и своите и на семејството. Или кога се самоубивале комитите кои ке се нашле во безизлезна ситуација и здраворазумски резонирале дека е подобро да се самоубијат отколку да паднат живи во рацете на непријателот во кој случај секако пак ке биле убиени но би биле подложени на тешки мачења...
Но овдека муабетот е за случаите во кои нема здраворазумско резонирање туку се работи баш за тоа ,,ментално пукање,,. Веројатно и секој човек има праг на ,,пукање,, но кај некои е премногу низок тој праг така што причините за самоубиство често се и многу банални. Кај некој причината за пукање може да биде на пример со автомобил си го согазил сопстевното дете или се десило некое слично срање, додека кај некој кај кого прагот на пукање е премногу низок причината за пукање може да биде и доста банална како на пример и се скарал дечкото, го изневерила девојката, го избркале од работа, загубил на комар, имал голем кредит, несогласување со родителите, наводна сиромаштија, немал телефон како сите други деца..... Кога ке пукне човек на кој прагот му е многу висок, тешко е да му се помогне, најчесто помошта за таквите случаи е хемија која ги претвора во зомби, секој обид за прекинување со хемијата резултира со наклонетост кон самоубиство или друго срање. Додека оние кој кои прагот на пукање е доста низок сметам дека на таквите е и многу полесно да им се помогне, дури и без хемија и доктори, едноставно со човечка подршка, но најчесто таквите ги немаме во вид и не очекуваме да пукнат бидејќи сите судиме според нашиот праг, резонираме ,, ме боли стапот оти ме избркале од работа така да нема потреба да се превзема и нешто посебно внимание да се посвети на другарот кој исто така го избркале од работа и него го боли стапот, ке си најде друга работа,,... ама тој пукнал како срча и го нашле обесен...
 
The_Master_NeptuNE >:D

Таканаречен космополит
Член од
15 јуни 2014
Мислења
250
Поени од реакции
159
Го пријавив типов, ама гледам моите постови се избришани. Уште еднаш би апелирал до модераторите не знам кои се на темава... Aјде @Peja989 , вакви ликови да се банираат од осетливи теми, вакво поттикнување може да биде и кривично дело, како за него така и за јавниот форум.

Денес баш поради такви спрдачења се самоуби познат YouTuber https://twitter.com/NYPDnews/status/1143558996172967937
Etika се викаше човекот во прашање. Наводно бил пријавен како исчезнат на 19 јуни.
Еве му го последното видео:
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Etika беше личност која што беше непредвидлива.
Јутубер нешто у стилот измеѓу нашиов GP и PewDiePie. Интересен типац за гледање, али се деси што се деси, едноставно скрена човекот, па и полиција му дојде, почна нешто да збори ко демек револуцијата нема да биде на телевизија.. после некое време се испостави дека ќе го снема, отиде девојкаму да провери, испадна се во ред, но после некое време го снема, па се појави со видео каде што се извинува и каде што наговестува дека ќе се самоубие.
Неговите лични ствари беа пронајдени кај Manhattan мостот во New York од каде што се беше и фрлил. По 4 дена потрага неговото тело беше пронајдено во близина на тој мост.
Etika треба за сите да биде пример, дека човек кога се чуствува лошо, на моменти не треба да се оди по патот на Etika, бидејки Самоубиството е лоша работа. Може на секому да му се укаже ментална помош, или било каква за да се среди ситуацијата, а не вака.
Али за жал бидна, и тој си го одзеде животот. На полесниот и полошиот начин.
 
Еее колку само луѓе му правеа cyber bulling во тие моменти кога скрена, колку само коментари му пишуваа... Нешто слично на оваа забеготинава тука solarie of astora (сијка пиштолова)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.591
Поени од реакции
38.739
Еее колку само луѓе му правеа cyber bulling во тие моменти кога скрена, колку само коментари му пишуваа... Нешто слично на оваа забеготинава тука solarie of astora (сијка пиштолова)
Кога си јавен лик нормално е да имаш хејтери. Треба да научи секој да се справува со нив, игнорот е најдобар метод. Сеа јутуб е огромна заедница и тоа знае да биде overwhelming но сепак штом си одлучил да идеш во тој правец треба да го имаш тоа у обзир дека не секој ќе те сака. Има многу батхрт јутубери кои плачат нон стоп ради коментари и со тоа само ги хранат троловите повише да ги заебаваат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom