Правна помош и совети

Член од
3 мај 2019
Мислења
17.496
Поени од реакции
9.406
Ми треба итно помош...

Сметката ми е блокирана веќе 3 - 4 месеци.

Сега се вработив, пријавен.

Дали иако ми е блокирана сметката, фирмата ќе може да ми префрли пари на истата?

И која би била постапката за да ми одбиваат од следните плати за долгот?

Дали може да се одблокира сметката само со уплаќање на тоа што треба во банка за одблокирањето, па автоматски да си одбиваат понатаму?

Фала луѓе.

Пари на сметка може да легнат иако ти е блокирана, но неможеш да ги подигнеш.
Од фирмата ќе земеш потврда дека си вработен и ќе ја однесеш кај извршителот што ти ја блокирал сметката за да ја одблокира и ќе се договорите како ќе го враќаш долгот.
 
theprince

Fan of Irony
Член од
3 февруари 2008
Мислења
1.256
Поени од реакции
155
според закон имаш право во првите 14 дена да го вратиш уредот без образложение, земи го не се моли или расправај другиот ден викаш не ми одговара сакам да го вратам а они ќе ти ги вратат парите па после купи си го тој што го посакуваш.
п.с ова е во теорија а како оди враќање на уред во пракса не знам најверојатно вака :duel:
Не треба да ми враќаат пари само сакам да го земам подобриот и да си доплатам, уредот сеуште не р стигнат, а направено е на кредит да го плаќам...
 
baramrabota1

Nesuden PRAVNIK
Член од
26 септември 2017
Мислења
133
Поени од реакции
11
ЗДРАВО . МОЖЕ НЕКОЈ ДА МИ КАЖЕ т.е ДА МИ ПОМОГНЕ ИЛИ ДАЛИ ЗНАЕ ЗА СЛЕДНОВО :

КОИ СЕ ОСНОВНИ ПРЕДУСЛОВИ ИЛИ УСЛОВИ Т.Е ПРИЧИНИ ПОРАДИ КОЕ МОЖЕ ТУЖБА ДА БИДЕ ОТФРЛРНА ИЛИ ОДБИЕНА ???? ГОВОРАМ - СОГЛАСНО ЗАКОН И СО КОЈ ЧЛЕН ОД З.П.П СЕ РЕГУЛИРА ОВА ПРАШАЊЕ ????
БЛАГОДАРАМ ОДНАПРЕД .....
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817

Член 15 (1) Судот во текот на целата постапка по службена должност внимава дали решавањето на спорот спаѓа во судска надлежност и дали решавањето на спорот спаѓа во надлежност на суд во Република Македонија. (2) Кога судот во текот на постапката ќе утврди дека за решавање на спорот не е надлежен суд туку некој друг домашен орган, ќе се огласи за ненадлежен, ќе ги укине спроведените дејствија во постапката и ќе ја отфрли тужбата. (3) Кога судот во текот на постапката ќе утврди дека за решавање на спорот не е надлежен суд во Република Македонија, по службена должност ќе се огласи за ненадлежен, ќе ги укине спроведените дејствија во постапката и ќе ја отфрли тужбата, освен во случаите во кои надлежноста на суд во Република Македонија зависи од согласноста на тужениот, а тој ја дал својата согласност.

Член 75 (1) Кога судот ќе утврди дека лицето кое се појавува како странка не може да биде странка во постапката, а тој недостаток може да се отстрани, ќе го повика тужителот да изврши потребни исправки во тужбата или ќе преземе други мерки за да може да продолжи постапката со лице кое може да биде странка во постапката.
(2) Исто така, кога судот ќе утврди дека странката нема законски застапник или дека законскиот застапник нема посебно овластување кога тоа е потребно, ќе побара надлежниот Центар за социјална работа да му постави старател на парнично неспособното лице, односно ќе го повика законскиот застапник да прибави посебно овластување или ќе преземе други мерки што се потребни за да може парнично неспособната странка да биде правилно застапувана. (3) Судот ќе и определи на странката рок за отстранување на недостатоците од ставовите (1) и (2) на овој член. (4) Додека не се отстранат овие недостатоци, во постапката можат да се преземаат само оние дејствија поради чие одлагање би можеле да настанат штетни последици за странката. (5) Ако наведените недостатоци не можат да се отстранат или ако определениот рок безуспешно истече, судот со решение ќе ги укине дејствијата спроведени во постапката, доколку се зафатени со овие недостатоци и ќе ја отфрли тужбата ако недостатоците се од таква природа што го попречуваат натамошното водење на постапката.

Ако Тужбата ја поднесе адвокат, задолжително треба да содржи печат, односно електронски потпис од адвокатот и адвокатска маркичка предвидена со посебен закон, во спротивно поднесокот се смета за неуреден и судот ќе го отфрли. До донесување на посебен закон со кој се уредува адвокатската маркичка, поднесокот од адвокат задолжително треба да содржи печат, односно електронски потпис. (маркичка засега нема, се останато мора да има, чл.98 ЗПП)

И можеби најбитниот член 101 од ЗПП
(1) Поднесоците кои се поднесени од полномошник, а кои се неразбирливи или не ги содржат податоците од член 98 ставовите (3), (4), (5) и (8) на овој закон или не се поднесени во доволен број примероци кога тие се поднесени во писмена форма, судот ќе ги отфрли. (2) Ако поднесокот е неразбирлив или не го содржи сето она што е потребно за да може да се постапи по него, судот ќе му укаже на подносителот кој нема полномошник, да го исправи поднесокот. (3) Кога судот ќе му го врати поднесокот на подносителот од став (2) на овој член заради исправка или дополнение, ќе определи рок за повторно поднесување на поднесокот кој не може да биде подолг од осум дена. (4) Ако поднесокот што е врзан за рок биде исправен, односно дополнет и предаден на судот во рокот определен за дополнение или исправка, ќе се смета дека му е поднесен на судот оној ден кога прв пат бил поднесен. (5) Ќе се смета дека поднесокот е повлечен ако не му биде вратен на судот во определениот рок, а ако биде вратен без исправка односно дополнение, ќе се отфрли. (6) Ако поднесоците или прилозите во писмена форма не ги поднесе во доволен број примероци, судот ќе го повика подносителот од ставот (2) на овој член да ги поднесе во рок од три дена, а во спротивно поднесокот ќе го отфрли.

Член 274 (1) На подготвителното рочиште претходно се расправа за прашања што се однесуваат на пречките за натамошниот тек на постапката, било претседателот на советот по испитувањето на тужбата да го одложи решавањето на овие прашања, било тие да се наведени во одговорот на тужбата или на подготвителното рочиште. За овие прашања на подготвителното рочиште можат да се изведуваат докази кога тоа е потребно. (2) Покрај решенијата што е овластен да ги донесува по претходно испитување на тужбата, на подготвителното рочиште, претседателот на советот донесува и решение за отфрлање на тужбата, ако утврди дека за тужбеното барање веќе тече парница, дека работата е пресудена правосилно, дека за предметот на спорот е заклучено судско порамнување или дека не постои правен интерес на тужителот за поднесување на тужба за утврдување.

Судот ќе ја отфрли тужбата поднесена од полномошник, ако во неа не е назначена вредноста на спорот. Доколку тужбата е поднесена од тужител кој нема полномошник и во неа не е назначена вредноста на спорот, судот ќе го повика подносителот да ја уреди тужбата во определен рок, а во спротивно ќе се постапува како со неуреден поднесок.

Има и друг момент. Ама ќе отвориш ЗПП и ќе пребаруваш збор „отфрла/отфрли, одбива одбие.
 
Извини пријателе..... мислам дека во овие законски одредби не го гледам одговорот на моето прашање. Тачно пребарував читав и споредував закони судски одлуки и т,н.

Случајот е доста замрсен т.е некој намерно го замрсил. и согласно стариот и новиот ЗПП не се совпаѓаат КОЦКИТЕ односно МОЗАИКОТ на овој случај.

Ајде да појаснам :
1. Тужбата е поднесена во 2003.г ( ТУЖБА -во форма на ПРДЛОГ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ )
2. Предлог - тужба е поднесена од АДВОКАТ во 2003г без притоа да приложи УРЕДНО ПОЛНОМОШНО ( го нема во списите на предметот.
3. Судот -цели 12 години не постапува по таа тужба од 2003 а доверителот исто така не превзема никакви дејствија.
4. Доверителот покрај веке поднесената „уредна тужба“ од 2003г во периодот на 2015 г повторно поднесдува ТУЖБА од која после мојот приговор за застареност- се повлекува од тужбеното барање во целост за да во 2018г повторно се повикува ретроактивно на таа БОЖЕМ УРЕДНА ТУЖБА од 2003г.
Биди паметен па свати ???[DOUBLEPOST=1561405320][/DOUBLEPOST]Дали некој знае да ми каже за тоа во кој случај може да се продолжи рок за жалба против ПРВОСТЕПЕНА ПРЕСУДА ????[DOUBLEPOST=1561405582][/DOUBLEPOST]Дали некој знае да ми каже за тоа во кој случај може да се продолжи рок за жалба против ПРВОСТЕПЕНА ПРЕСУДА ????
 
Последно уредено:
Член од
8 март 2017
Мислења
4
Поени од реакции
0
здраво
досега не сум имал потреба од одговори и помош од форумот
Во моментов имам потреба од правна помош односно совет во врска со задолжителното осгигурување во сообракајот.
Имено се работи за сообракајна штета во ноември 2017 г.
предизвикана од механичарот кај кого ми беше возилото на поправка
штетата е надоместена од моето осигурување од причина што осигурањето и сообракајната дозвола беа во колата, кои механичарот ги приложил и ја прифатил вината како лице кое ја предизвикал сообракајната несрека.
На моето возило оштетена е маската крилата и хаубата според записникот и сликите.
до предавањето на возилото површно ја санирал штетата, и не приметив оштетувања.
по краток период се појавувааа аномалиите но јас ги обвинував моите деца дека не внимаваат како возат и тн
За настанатата ситуација мене како сопственик не ме информирал до ден денес .
Со сегашната регистрација мојот агент ме информира дека од година ке имам попуст од 5 проценти од причина што имам предизвикано штета.
И така јас случајнооткрив дека со моето возило е предизвикана штета

КОи се моите следни чекори и дали имам правен основ за надомест
поздрав
 
Член од
7 август 2017
Мислења
7
Поени од реакции
2
Здраво,

Пишувам во врска со темата за надомест со имателите на инфраструктурни објекти во двор или имот. Дали некој од форумов има некое искуство? Како да се започне процедурата, по кој закон(и)...? Што се подразбира под "Граѓаните имаат право да си ги решат имотноправните работи со имателите на овие инфраструктури по пат на службеност."?

Благодарам
 
X3m

Титула по желба
Член од
20 јуни 2007
Мислења
445
Поени од реакции
177
Член 120 од ЗОО - Договорот не може да се раскине поради неисполнување на незначителен дел од обврската.
Има ли некаде дефинирано што се смета како незначителен дел, или некоја судска пракса за ова?
Конкретно ме интересира дали неплаќањето на додатоци на плата може да е одснов за раскинување на договорот?
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Куќа во село.
Во катастар стои уште дека е на прадедо ми.
Он има/л 5 сина/ќерки од кои 3 се починати вклучувајќи го и дедо ми. Еден е во Америка. Останат е најмладиот.
Најмладиот е влезен во шизофренија mode, збори најразноразни глупости, гадости и невистини за живи и неживи луѓе од семејството.
Ја сменил бравата од куќата и не дава клуч. Наводно он ги давал сите пари за куќата, сите други или не давале или се откажале (што е асполутно неточно и постојат записи од дедо ми кој колку и кога има давано).
Бара од сите по 2000 евра според неговите математики.
До пред неколку години бараше пари за ситни поправки и други работи за куќата и се му беше плаќано.
Последниве години не бара пари и веројатно има некоја тактика, со сила прави некои глупости околу куќата, троши пари за работи за кои не дал никој согласност. Зборел со правник и му кажале ако он дал две третини од парите за куќата, ќе можела да му се препише.
Правните работи ние ќе ги тераме како што треба меѓутоа знам дека тоа секогаш се одолговлекува и не планирам јас во тој период да не можам да отидам во куќата.
Синовите/ќерките на четворицава браќа/сестри секако дека не се согласуваат куќата да му се препише на овој ама или не се во државава или се полузаинтересирани или не се замараат, освен тетка ми и синот на сестрата на дедо ми.
Како што он ја сменил бравата, што ме спречува мене да ја сменам бравата?
 
Последно уредено:
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932

Недвижниот имот( куќата ) треба да се наследи во редовна наследна постапка, прво се поднесува барањ за опредеелување на надлежен нотар до надлежен суд, потоа нотарот спроведува наследна постапка и обично сите наследници имаат по идеален дел во зависност колку се, ти спомна 5 сина имал значи се наследува на по 5 идеални делови, е сега незнам каква ви е ситуацијава но тие од странство ако сакат да наследат ке дадат дадат полномошно на адвокат и истиот во нивно име ке се појави пред нотар и истите ке си наследат делот што им следува, доддека не сакаат да наследат истите можат да се дадат негативна наследничка изјава и нивниот дел да пројд кај останатите наследници сразмерно или пак да се откажат во корист на неекој од наследниците, што значи идеалниот дел кој би им припаднал ке пројд на некој од наследниците во чии корист тој ке се откаже... во главно таа процедурата за да се впишете во катастар како сопственици, додека за владение на истиот имот највееројатно со тој човек ке треба да го тужите али тоа е посебна постапка.
Незнам колку може да ти се објасни тука на форум, но најпаметно ти е да си поразговараш со адвокат во 4 очи и ке ти бидне многу појасно.
 
Се тоа ми е јасно. Ако се забележи внимателно, само едно прашање поставив.
Еден од внуците да речам, е адвокат и ќе ја тера работата ко што треба, ама он е влечко, и правниот систем е влечка и не планирам јас во целиот тој период да не смеам да отидам во куќата.
Затоа уште еднаш, што ме спречува мене да го направам истото што го направил овој, односно да ја сменам бравата и јас?
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755

Можеш да го сториш тоа, со исто право како роднината. Како последица, можни се несакани ситуации: тој да те пријави дека му недостасува нешто од куќата, бидејќи си влегол во објект кој тој го владее. Може да се случи да се доведете да си ги скршите главите. Ако немате поинаков начин ова да го решите (можеби со медијатор), мислам дека вашиот адвокат треба да поведе заедничка тужба со согласност на останатите роднини и да побара времена мерка, до решавање на спорот. Ова се мачни ситуации, кои долго трајат, најчесто сите ги фрлаат парите во ветер.
Не разбрав, или внимателно не прочитав, колкав период роднината го владее просторот?
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Се тоа ми е јасно. Ако се забележи внимателно, само едно прашање поставив.
Еден од внуците да речам, е адвокат и ќе ја тера работата ко што треба, ама он е влечко, и правниот систем е влечка и не планирам јас во целиот тој период да не смеам да отидам во куќата.
Затоа уште еднаш, што ме спречува мене да го направам истото што го направил овој, односно да ја сменам бравата и јас?
Како што те разбрав тој има владение врз недвижниот имот, можеш да се доведеш во правно лоша ситуација т.е да те тужи за нарушено владение и да те добие, ако ги смениш бравите или скршиш врата и ке те добие на суд со што судот ке ти наложи повеќе да не му го нарушуваш последното мирно и фактичко владение при што ке бидеш и задолжен за високи судски трошоци, тоа правно... во реалноста најверјоатно или ти него ке го прекршиш или тој тебе па или ке се маваш по полиции и обвинителства со исто така големи трошоци или пак ке завршиш во болница... најдобро е како членот погоре што ти кажа долги се и мачни постапките но на крај ке добиеш со судска пресуда и можеш тогаш да бараш преедавање во владение...
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
бидејќи си влегол во објект кој тој го владее.
Не разбирам баш какво е тоа негово владение?
Не разбрав, или внимателно не прочитав, колкав период роднината го владее просторот?
Шо знам, 5-6 години. Времево игра улога за нешто?
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Не разбирам баш какво е тоа негово владение?

Шо знам, 5-6 години. Времево игра улога за нешто?
Ваљда ради ова те прашуваат.
Совесниот и законит држател на недвижна ствар на која друг има право на сопственост, стекнува право на сопственост на таа ствар со одржувачка, по истекот на време од десет години.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom