пунтер
betfair trader
- Член од
- 21 март 2011
- Мислења
- 4.874
- Поени од реакции
- 7.740
ако не ти помогне некој наш, другите ич, не се ни надевај, инаку нашите многу повеќе си помагаат него што пропагандата сери,али тоа не значи дека секој потенцијален наш може да ти помогне или и би ти помогнал.Знам дека за наши луѓе се збори дека ич не си помагаат во странство но се надевам дека повремено можеме да направиме исклучок (па и повеќе), исто и јас сум спремен да помогнам колку можам сите што сме таму добро да се снајдеме затоа што утре и на некој друг ќе му треба совет.
Ако некој е слободен и има желба за дружба (кафе, пиво) периодов, радо би се сретнал за муабет, кај сестра ми сум сместен така да освен (доброволен) совет за работа ништо друго не очекувам од никого но се разбира секој контакт или совет е добредојден.
Мој совет ти е да не тргнуваш со памет/мислње дека наш нема да ти помогне,така можеш само да си одмогнеш. Јас како човек со мала моќ и мал круг на познаници сум му помогнал на луге, на последниот што сум му помогнал,толку се потрудив што за мене толку не сум си го трошл зборот колку за него (а најмалку сум го познавал). Али ќе го спомнам и последниот случај што сум го имал каде бев спремен да помогнам колку што можам а не му помогнав само ради тоа "нашите не помагаат". Типот го сретнав само еднаш, онака случајно, па помуабетвиме 1 сат, ( а ми се брзаше) во тој 1 сат 3 пати ми кажа дека тој со наши не се дружел, кога го прашав, е добро де со кого се дружиш ? ми кажа со никого.Било како после сат време некако се ослободив од него и разменивеме тел број.
После не знам коллку време ми се јави (според муабетот мислам не ни знаеше со кого зборува) и ми кажа дека бара работа за ќерка му, додека го прашував колку години има таа и што работа бара, истовремено размислував каде можам да се обратам за помош, во тие моменти ми го спомна баш ова за кое правиме муабет и ми вика "туку другите побрзо ќе помогнат него нашите" тогаш ми пукна филмот и му реков "ок тогаш нека ти помогнат другите", а баш сакав да помогнам, девојчето негово е во слични години со детето на мој роднина, и има големо друштво, мислам некаде ќе ја прибереја, ама ме испровоцира со муабетот и не се ни замарав повеќе со него.