Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Прво, бидејќи мислам дека некои погрешни шешири се шетаат по темата, во прилог официјалниот нивен изглед:

POT 1: Spain, Sweden, France, Denmark, Croatia, Czech Republic
(defending champions, organiser SWE, 4 first ranked teams of qualifiers)

POT 2: Norway, Slovenia, Germany, North Macedonia, Hungary, Belarus
(organiser NOR, 4 remaining first ranked teams of qualifiers, 1 second ranked team of qualifiers)

POT 3: Austria, Iceland, Montenegro, Portugal, Switzerland, Latvia
(organiser AUT, 5 second-ranked teams of qualifiers)

POT 4: Poland, Russia, Serbia, Ukraine, Bosnia-Hercegovina, Netherlands
(2 second-ranked teams of qualifiers, 4 best third-ranked teams of qualifiers)

Гледајќи ги шеширите, прво што ми боде очи колкава разлика има меѓу 2иот и 3тиот шешир. Уште еден доказ за оние кои се залагаат за "не е битно на кое место, битно е да се пласираме, на ЕП сите се јаки", дека тоа е тактика за губитнички екипи. Победничките екипи секогаш сакаат да се што е можно повисоко и со текот на времето придобивките од тие "повисоки позиции" ги жнеат со континуитет на успеси и повисоки резултати.

Инаку за самите шешири, од првиот очигледно е дека убедливо најдобра опција е Чешка, која заради среќен сплет на околности е во тој шешир. Тоа е екипа на сличен квалитет на нас. Сите други 5 би биле големи фаворити.

Со тоа што сме во вториот, ги избегнуваме Германија, Норвешка, Словенија, Унгарија, репрезентации што се веднаш до овие 5 и реално екипи кои би биле фаворити против нас (не ги потценувајте унгарците до толку, ич не ни лежат како противник). Белорусија (како и Чешка), е на сличен ранг како нас.

Од третиот шешир, според мене добро би било да се избегне Исланд кој е најјака екипа во тој шешир. Исто би претпочитал да се избегнат и Австрија и Португалија, две екипи кои не се далеку од нашето ниво, Австрија како домаќин, а Португалија како веројатно најјака екипа која не се пласираше на минатите првенства (и исто не ни лежи баш по стил на игра). Црна Гора (која е секогаш многу подобра во квалификациите отколку на самите првенства и one-man show екипите на Швајцарија и Латвија кои потсеќаат на нашата репрезентација од пред 10-15 години (само со подобра организација и подготвеност) се многу подобри опции за нас, иако ниедна не е наивен противник.

Од четвртиот шешир, од круцијално значење е да се избегне Русија, која е појака од другите во нејзиниот шешир и е исто во наш ранг репрезентација (како Чешка, Белорусија, Исланд, Австрија...). Србија е малку преценета (иако не се слаби), реално со овој состав кој што сега го имаат, освен на голманската позиција не се којзнае што. Како и секогаш имаат длабочина, но имаат и релативно лимитиран квалитет а и слаба организираност. Полска според она што го прикажа во квалификациите е најдобра опција, ама којзнае со каков состав би играле на ЕП (да не случајно ни се појават Јурецки и компланија, не е паметно да се отпишуваат пред време). Холандија е незгодна, но не до мера да треба да се плашиме. БиХ и Украина, покрај Полска се најпосакувани од овој шешир според мене и едни од поголемите кандидати за "фенерот" на првенството.

Како и да е, тешко ќе биде првенството, да не се залажуваме, ние сме и натаму екипа со ранг за 10-15 место отприлика, а со оглед дека сме екипа во процес на транзиција, реално одржување на овој ранг би било успех како пласман на ЕП.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Тоа го пишав и у претходните два коментари, пак ке ги земам како пример Холанѓаните, инвестираат во младината, услови, образование на тренери и земаа тренер Исланѓанец и ја учат таа скандинавска школа на ракомет, брз проток, брз центар, контри и креирање на играчи што играат во два правци. За Шведска, Данса и Норвешка нема потреба да зборам кога Норвешка имаа голман со 21 година што бранеше во финале против Франција а игра во нивна лига, не игра Лига на Шампиони и слично. Додека кај нас за играчи на 25 години викаме еве ново дете за у репка. Тука грешка и на селекторите, еве пример зашто да не се земеше Томовски во двомечов на место на еден играч кој што не го планирал, тој garbage time против грците у последни 5-10 мин добро ке му дојдеше и више на Европсково да се избори за минутажа и да преземе, Борко е стар више, Митревски исто иако има уште енергија во него но Борко мислам дека е заситен и полека треба да препушта место на помладите.
Малце ја претеруваме, не е дека кај нас не се учи брз центар, транзиција, игра во два правци. Можеби ги немаме физичките предиспозиции за таква игра како некои други, ама поновите генерации барем во младински категории и тоа како играат на ваков начин.

Во тоа што се разликуваме од скандинавците е во тренерската филозофија, но не на начин на кој што мислите. Последно време се слават шпанските тренери, и сите го врзуваат со некаква комбинаторика и креативна игра, но всушност, главните одлики на шпанските немаат врска со комбинаторика туку се одликуваат со адаптирање на играта во однос на својот состав и во однос на противникот, а скандинавците и германците форсираат систем, наспроти вештините и карактерот на играчите.

Во моментот се покажува дека ова првото е поуспешно, а и лесно е да се претпостави дека така и ќе продолжи да биде (впрочем и скандинавците почнаа да учат од Шпанците на таа тема). Од тој аспект некои од поплаките за нашата игра не држат вода. Ние бараме систем, а не гледаме со какви играчи располагаме. Па еден од најдобрите светски тренери го имавме (Раул) и тој ни смисли 7-6 цел натпревар!!! Ние во моментот немаме пример такви средни бекови како Словенија (Зарабец, Бомбач, Скубе), Хрватска (Циндриќ, Карачиќ), брзи и експлозивни дуел играчи на лев и десен бек и слично. Ние имаме релативно бавни шутери на лев и десен бек, добри офанзивни пикери, со кои бековите добро соработуваат и лево-среден бек кој е малку и принудно претворен во главен плејмејкер, бидејќи немаме друг.

Не дека не може подобро, и тоа како може, но дека многу поразлично стилски може да играме од она што го играме сега, тоа барем додека играме со Кире, со бавни офанзивни пикери, и без експлозивен и брз среден бек тешко дека можеме поинаку.

Системот што го имаме не е совршен, може да се подобрува и тоа како, но сам по себе тој не е проблем. За појаки резултати треба пред се појаки играчи. А за тоа треба самите таленти да посветат повеќе внимание на себе, но и да произведеме нови поголеми таленти.
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.897
Поени од реакции
84.268
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.855
Поени од реакции
3.325
Успеав да најдам карта и да одам во Струмица да гледам ракомет. Гласот ми зарипна од дерење. Атмосферата беше супер, со огледа на околностите и очекувањата. Бев позитивно изненаден. Можеби непристојно што им ја исвиркаа химната, а за другото имаше драње и пцовки на грчки сакаш ли. Емотивна утакмица во секој случај и за празнење перфектна со среќен крај. Мене ми го собраа шалот пред да влеземе во сала, другите успеаа да ги шмугнат и да ги лажат дека општината им дозволила (опасни се Струмичани хахах) да носат знамиња од Кутлеш и транспаренти. Си го вратив шалот назад.. му реков на полицаецот, ќе го чуваш или ќе го плаќаш. Го чуваше како бебе свое. Тоа беше безвезе што не даваа, ама сепак имаше транспаренти. Публиката гласна со некои ретки театарски исклучоци..

Изиграа бајаги слабо нашите. Исто како и во Кожани, а Грцие пак со тој нивен максимум. Разликата беше што овој пат се играше на домашен терен и имаше повеќе желба и борба, поготово второто полувреме.
Кузмановски ми е - МУЛЕ! Со сила против Металург, Охрид, Радовиш и Пролет, а на Грциве и Турциве едн финта не може да им продаде, башка неговите глупи пробивања. А стварно има капацитет. Талески се труди, ама кај него нешто психолошки е + во Рајн Некар игра претежно одбрана (а не го бива баш во одбрана... и тие таму во Рајн Некар немаат памет). Кире пак не извади, се оди преку него и малку е срамота овие двата погоре да му ја даваат на него нонстоп топката како да гледаат да не преземат никаква одговорност. Крстевски е многу слаб и тромав играч. Не знам зошто го викаат во репрезентација воопшто. На младинците тој им беше замена и ретко влегуваше. Не го бива и ме нервира.. Крилата добри. Имаме и десни крила плус како постариот Костески (кој е брз како стрела), па тука е и Шилегов од Металург а и Јагуриноски може да игра крило како и бек. Малиот Костески ќе го видиме во Август.. мислам супер тандем се со Серафимов и светла иднина на таа десна позиција.
Митревски феноменален. Не знам зошто Вардар не би го земал. Во секој случај паметно што ќе игра во Еурофарм во СЕХА, а зошто да не и ЛШ. Идеално треба да биде прв голмански избор и е стандардно добар. Ако и на првенството добро брани, само со добра одбрана и мислам нема зима и може да се очекува добар пласман.

Кога сме кај пласманот, би сакал да играме во Австрија. Или А или Б група. Б со Чешка и Австрија би било џек пот! Ако не, нека е А со Хрватска, Летонија или Црна Гора од тој ешалон (еве и Швајцарија). Од четвртиот шешир, најидеално би било да паднеме со Украина. Тие можат и со 10 да се победат ако ги уловиш на нивниот спор ракомет. Холандија и БиХ се исто така поволни, а и Полска. Полјаците се многу слаби и не би било тешко да ги добиеме. Ете да ги избегнеме Србија и Русија од четвртиот, иако верувам дека би победиле и нив. Австрија е поблиску и ќе има можност за повеќе навивачи наши.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.135
Поени од реакции
5.240

Русија не е со нас во шешир?
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.135
Поени од реакции
5.240
Да се молиме нив да ги избегнеме. Мислам дека се во првиот шешир.
Што сака нека бидне Русите нема шанси да се у прв шешир
ЕДИТ: Сеа проверив у четвртиот биле дефинитивно со Србија нај непожелни репки од 4тиот шешир
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.135
Поени од реакции
5.240
По која логика чесите се во прв шешир а ние во втор ? Последниве години ги убивме у баражи и квалификации и сеа они имаат подобра позиција? o_O
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
По која логика чесите се во прв шешир а ние во втор ? Последниве години ги убивме у баражи и квалификации и сеа они имаат подобра позиција? o_O
Според истиот метод на правење шешири кој секогаш се користи за ЕП:
- Прво се се оди по освоено место во квалификациската група
- Потоа се оди по пласман на минатото ЕП

Чешка беше една од 8те екипи кои беа први во групите + беше 6та на минатото ЕП, што значи треба да се во прв шешир.

Тоа е уште еден доказ колку секој натпревар на првенства и квалификации е важен и може да има долгорочни импликации. Ако ја тепавме Чешка во тој малерозен натпревар на ЕП, ние многу веројатно ќе бевме 6ти и сега ќе бевме во првиот шешир.
 
Оп ете шанса да им покажеме кој е за каде, ма да незгодни се они.
Сеа за сеа немаме лоша група
Чешка
Ние
Австрија
Not great, not terrible.
Само да не налетаме на Русија или Србија сеа и таман сме
........................................................................................................
Украина, не е лоша групава со сериозен пристап може напад на прва позиција
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom