Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Mi se ide na tamburasi onie klasicni ne ozvuceni da se tresnam od zemja onaka jako.Sto znam zdosadeni mi se klubovi kade sto tresti glasna muzika nekoja random guska kresti na cel glas napizedno obezbuvanje, a pritoa nikoj ne ni mrda tuku dremat na sank ko misiri.

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231
Си велам....
Можеби самата правам да ми биде тешко наместо да стиснам заби и да го правам она во кое што добра, подобра личност, надоградување и бележење на успеси.
Љубовта и тагата кон една личност ме направија слаба личност, спротивно од она што бев.
Не мислев дека сета таа љубов ќе го извади најлошото од мене, не знам, можеби е само уште една лекција.
Сега тоа повеќе не е битно, решив да оставам сѐ што ме повредило во минатото и да одам напред.
Чувствувам голема промена, мислам дека ќе успеам.

Бај.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Драга,

Брат ми некни ја скрши вратата, денес му мислат што да му направат за јадење. Па дали ќе имало вода за него, тој прв да се бања. Па да се наспие асално, да не се замара.

Да ти кажам дека ја загубив и последната надеж што ја имав дека моите некако ќе пробат да го оправат, дека ќе го казнат некако за целово понашање што сите го трпиме и за сите нерви што ни ги изеба. Нема оправање ни за нив, а уште помалце за него кога вака му се оди по гз.
Што да им кажам, мене тек сега се поретко ќе ме гледаат, ќе им остане омиленото дете дома, најадено, напиено и избањато, а другото кој го ебе, го учевме цел ебан живот да попушта на помалото, па сега кој му е крив што нејќе расправии да трпи цел живот, ко досега ова се што истрпи да не беше доста.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.090
Поени од реакции
15.952
Слушам веќе саат време како се расправаат две колешки, кармички неправди во меѓуколегијални односи оправаат. На крај се смирија и умешаа уште 5 жени, кои утре се прва смена, така да ќе има продолжување, да се докажат кој што кажал. Ебеш ми све, ама стварно не се здрави жениве, воглавно. А тоа што ќе главам сега саат време повеќе на работа пошто сум врзан за нивното сработено, на кој да му се пожалам па јас?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.578
Поени од реакции
34.762
Кајг,
дали знаеш зошто има средни неправилно остри камења меѓу праговите и шините каде поминува возот?



... е па да биде стабилна шината, тие остри камења не дозволуваат ниту да се стесни ниту да се шири шината, а има дрвени прагови затоа што се најстабилни и ја држи шината цврсто, а тие камењата измеѓу не дозволува да мрда самата подлога, спречува било која поплава, капките од дожд не се задржувале на острите камења, од острите камења кои не се поместуваат не расте никаква вегетација, значи тие остри камења наречени баласт се многу важни за стабилноста на железничката пруга и е многу важен начинот како се поставува, ете денес научив нешто повеќе од железничарите! :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.154
Поени од реакции
107.571
Доаѓаш дома после продужен викенд у Крушево каде си наполнил батерии до коска, седнуваш на PC после 100 години, не си се ни потпрел и оп одеднаш столчето се крши на 45609 делови а ти паѓаш како покосен на паркет. Но тоа не е се, го земаш скршениот стол да го изнесеш на тераса за да не ти смета во собата и инстантно си го поткачуваш малото прсте на ногата во ќошот од лајсната.

Животе СВЕ ДА ТИ ЕБАМ ШТО СИ ИМАШ!
 
D

dobramuzika

Гостин
какво смути сум направил со кајсии (7), праска и банана, најдобро до сега.
инаку, си размислувам и... долго време ве немам почастено со добра рап трака.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.053
Поени од реакции
12.936
Секое ново утро, секоја нова зора, општествово ми се гледа се помизерно и помизерно, размислувањата на луѓето се премногу расипани, ставовите на луѓето и нивната свест го прават животот тука толку мизерен и затоа секој има потреба да бега надвор, од што му се гади какви се луѓе се земени за стандард, му се гади помислата на општеството во кое треба да се прилагодиш и да се вклопиш ако треба да опстојуваш, за да не си секако типот “остај го тој, втф е“. Нема врска ни развиеност, ниту плати, ниту плажи и знаменитости за шетање, устата погана е таа што го тера просечното Македонче да бега.

Го слушам еден како хејта луѓе Македонци што живееле во Чаир и биле блиски со Албанци, со муабетот “им го пуши на ш..“. А јас знам дека тој ко мал живеел во Чаир, пред неговите да се преселат. И сега пази, тој хејта луѓе што останале да живеат таму и не избегале како п.. туку се прилагодиле на животот и наливот на косовари после војната, а он што се преселил и избегал никому ништо, па со кој образ човече. Дали можеби треба да се иселуваме масовно секаде каде што тие се населвуаат, или можеби треба секој ден после излагање од зграда да попиеме некој бокс и рекет ако не се прилагодиме на животот таму. Ама секако, тие муабети не го засегаат него, од комфорна зона далеку од сите срања може да си хејтаме, не ставајќи се во кожа на другиот, само колку да се започне интересна тема за муабет, а македонче ако не се напали на хејт муабет нема на што друго, сигурно не го интересира дали астероид ќе ја погоди земјата во наредните неколку дена.

Нема врска, поединец е да речеме, океј. Сакам јас да отворам time.mk да прочитам нешто, да видам се напишало ли за некоја сообраќајка што се објавил статус на фб, дали се живи луѓето, слика да видиш од кола да не е некој близок што знам дека во близина на сообраќајката живее. Ама не, прва вест мора да е како нашиот премиер возел точак од Долно Дупени до Свирипичино со коментари на објавата ПАЗИ “навистина браво за нашиот премиер, кој само со една кола придружба патуваше“ абе кој ви е курот бе луѓе, зарем толку сте мизерни, абе ало не ме интересира дали ве вработил дали ви дал капче или само ве шетал по митинзи со бесплатниот превоз, ама дајте бе луѓе свест малку, ќе открие некој лек за болест утре 5 луѓе ќе ја испратат веста, ама битно мора да има илјадници честитки за тоа што возел до Дупени со една кола само придружба и си платил патарина како нормален човек (да и ова беше пишано “браво си плати патарина како нормален човек“). Од веста што ја барав ни трага ни глас, ама видов како 80 портали објавиле за тоа како со една кола придружба возел моторот, никој не сака да биде различен, нема портал да каже “дај бе кој кур е со овие, не сакам кликови да билдам на драпешки објави“, никој нема да прескокне...

Следниот ден исто, нашиот премиер патувал во лет со економската класа, а не со приватен авион и полудува клиторисот на македончето “бравоооооо никој друг премиер во историјата не летал вака, се гледа дека правите многу за народот“... Се пребацуваш на фб, гледаш како некој поранешен член во една од двете партии му проработела свеста, и ја кажува вистината дека се е фарса и дека на крајот пак народот како колектив страда, а и црвените и сините ќе се со полни џебови и ќе наздравуваат на маса заедно, ама тука оп секако има коментари “доста се обидуваш да ги двоиш гласовите на нашата партија, свесен ли си дека со ова тие ќе победат блабла“. Осуда ако си поразличен, осуда ако не си, осуда ако не се мешаш од типот “државата се распаѓа а тебе не ти е гајле“, осуда ако се мешаш. Сите муабети се еден тотален булшит бидејќи во меѓувреме дур си кажуваме кој е во право, а кој не е и колку патарини платил премиерот, нашиот брод си тоне, народот е пак несреќен и сиромашен. Гасиш лаптоп излагаш само еден ден надвор и доволно ти е да сфатиш што е реалноста и дека реалноста не е ништо од тоа што има на портали или вести... На црвено пак летаат коли, кучиња мртви отруени повторно лежат на раб на тротоари, пак слушаш луѓе кои прават планови како да заработат за нешто (значи толку сме мизерни што работиме за сите пари да ги дадеме одеднаш за нешто ко одмор и после повторно да немаме, немаме време ни за заштеда ни за пари на страна за формирање семејство, се живее од денес за утре), гледаш луѓе што се договарат да се соберат ефтино вино на клупи или ракија во кафана да пијат бегајќи од сите проблеми бар на миг, навидум само очи, а толкава безнадежност зад нив, навидум само солзи а толку пропаднати планови, желби и соништа позади нив. Сите мали канти искршени или исечени на дното, ѓубрето се расфрла во тревата, пријавуваш но не сакаат да чујат да стават нови или да ги заварат, ставаш ќеси, ќесите не ги чисти никој. И еве сакам јас да бидам промена, која промена јас треба сега да бидам во светот?? Само да не се лажеме дека никој не се обидел, се обиделе многу да променат ама сите идеи за позитивна промена биле осудени/игнорирани. Е секаде во светот го има Македончето да, и воопшто да не те ценат таму, пак се чувстуваш повеќе ценет од тука, и не е тешко да се одговори зошто.
 
Последно уредено:

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112
Кога ќе доаѓаат странци у државава треба да им се дава брошура за подобро да ја запознаат Македонија, и оваа слика треба да биде внатре за да може најдобро да се долови кое е и што е Македончето.



 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
DRAGA.......


citas gore...1963... ibese samo so ova malo ostetuvanje..
a ti si mislis Branko ja napravil zgradava ili Grujo ili Zajko
abre tie ne bile ni rodeni togas(a i nemalo stiropol togas)
nego ja napravi i ne samo taa zgrada tuku idrugi lepotici vo gradov
onoj G-din gradonacalnik na Skopje-MIHAJLOVIC...pred ratot da se znae.
e samo toj gradonacalnik zasluzuva spomenik na plostad
a drugite besplaten 20 godisen prestoj vo Idrizovo.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom