Емиграција на медицинскиот кадар од Република Македонија

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.645
Поени од реакции
4.945
Меѓународната миграција на лекарите и другите здравствени работници не е нов феномен, но во последните години привлекува сè поголемо внимание поради нејзиниот континуиран и мошне голем пораст. Според проценките на Светската здравствена организација (СЗО), бројот на лекарите и на медицинските сестри мигранти кои работат во земјите на OECD во последната деценија се зголемил за 60%.[1] Според проценките на СЗО во иднина може да се очекува интензивирање на оваа меѓународна миграција, со пораст на неусогласеноста помеѓу понудата и побарувачката на здравствените работници во глобални рамки. Оттаму, расте загриженоста дека таа може да предизвика мошне голем недостиг на медицински кадар во земјите во развој кои веќе се соочуваат со сериозен дефицит на квалификувани здравствени работници.[2] Поради тоа, СЗО и нејзините партнери развиваат решенија за земјите на потекло да можат да се справат со предизвиците на управувањето со миграцијата и за задржувањето на здравствените работници. Во таа насока, како најзначаен чинител за намалување на емиграцијата на здравствените работници се издвојува воспоставувањето на подржувачка работна и животна средина и можности за професионален развој. Истовремено се укажува на неопходноста од соодветна имплементацијата на Кодексот на практики за меѓународно регрутирање на здравствени кадри, на СЗО од 2010 година.[3]

Овој тренд на континуиран пораст на емиграцијата на медицински кадар во странство е карактеристичен и за Република Македонија, при што во последните неколку години тој забележа алармантни димензии. Според неофицијални податоци, во последните години, околу 450 лекарите од Македонија заминале на работа во странство.[4]

За медицинската емиграција, исто како и за вкупниот број на наши грѓани кои заминуваат од земјата (migration flow) и за оние кои денес престојуваат во земјите на прием ширум светот (migration stock), нема расположливи податоци од домашни извори. Одредени сознанија може да се добијат од странските извори на податоци, односно од меѓународните организации (WHO, OECD, ILO, IOM, World Bank и др.), земјите на прием, истражувањата во оваа област исл. Но, тие се нецелосни и неконзистентни, а не даваат информации ни за демографската структура на мигрантите (според пол и возсраст), нивните квалификации, професионална дистрибуција и времетраење на престојот во странство.


Последните податоци за бројот на лекарите (migration stock), кои престојуваат во одделни OECD земји на прием, за периодот 2000-2017 година, според земјите на потекло, даваат податоци и за Република Македонија.[5] Иако, тие може да се оценат како нецелосни од аспект на опфатот на бројот на наши лекари во странство (вкупно и по одделни земји на прием), сепак овозможуваат да се добијат одредени информации за трендот и насоченоста на оваа емиграција (Табела 1).







Врз основа на овие податоци на OECD може да се констатира следното:

Ø Бројот на нашите лекари кои работат надвор од земјата во периодот 2006-2016 година се зголемил за околу 62% (пораст кој кореспондира со проценката СЗО за порастот на медицинската емиграција во глобални рамки во последната деценија);

Ø Во 2016 година бројот на наши лекари кои работат во земјите на OECD изнесува 1561 лице и е релативно голем во споредба со оној на другите земји во регионот;

Ø Се зголемува бројот на OECD земјите кои даваат податоци за вработените лекари од Република Македонија (од 3 во 2000-та година на 14 земји во 2015 година);

Ø Насоченоста на медицинската емиграција од Македонија останува иста. Во периодот по 2006 година како земји на прием со најголем пораст и најголем број на наши лекари, се издвојуваат САД, Германија, Словенија, Франција и Швајцарија. Тоа имплицира растечко влијание на миграциските мрежи врз порастот на емиграцијата на медицинскиот кадар.

Причините за емиграцијата на медицинскиот кадар од Република Македонија се многубројни и мошне комплексни. Досегашните истражувања покажуваат дека покрај економските и институционалните фактори, потоа професионалните причини (првенствено, надградувањето на професионалните квалификации), како и делумните реформи во здравствениот сектор, прекумерната политизација на здравствениот систем и честите политички промени се најзначајните детерминанти за емиграцијата на лекарите и другиот медицински кадар од земјата.[6] Тоа го потврдуваат и резултатите од последното истражување на Healthgrouper во регионот, во кое беше вклучена и Македонија. Имено, околу 95% од испитаниците се изјасниле дека ниските плати, лошите услови за работа во болниците и другите здравствени установи, но и условите за живот се главните фактори кои влијаат врз интензивирањето на оваа миграција.[7]

Последиците и импликациите од мошне големата емиграција во последните години се манифестираат во сè понагласен недостиг на доктори од различни профили и на медицински сестри. Негативните последици се особено нагласени поради трајниот карактер на оваа емиграција, што имплицира и други, првенствено долгорочни демографски последици поради интензивниот процес на стареење на населението и на работната сила. Трајната загуба на овој кадар тешко ќе се надоместува со продукција и работен ангажман на млади лекари, особако се има предвид старосната структура на постојно вработените и фактот дека добар дел од нив во наредните пет години ќе заминат во пензија.

Досегашните мерки на државата во однос на емиграцијата на медицинскиот кадар беа парцијални и немаа позначителен ефект за нејзино намалување. Оттаму, неспорна е потребата за конципирање на една конзистентна и сеопфатна политика за намалување на оваа емиграција и за ублажување на последиците од недостигот на медицински кадар. Од не помало значење е и потребата за воспоставување на систем за мапирање на медицинскиот кадар кој е надвор од земјата и за создавање на услови за соработка со овој сегмент од нашата дијаспора, особено во делот на научната дијаспора. Оваа потреба е идентификувана и во неодамна усвоената Национална стратегија на Република Северна Македонија за соработка со дијаспората 2019-2023 година.[8] Во Акцискиот план на стратегијата меѓу другото е предвидена реализација на проекти за мапирање на научници од дијаспората и за креирање на база на податоци (електронска платформа за мрежно поврзување), од одделни области, вклучително и на научната дијаспора од областа на медицинските науки.[9]
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Pa vo juzen kosovistan namesto lekari i medicinski kadar ke cveta neli sozivotot i dvojazicnosta. Ama ajde objasni go ova na ljockarskite mutanti.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.962
Поени од реакции
3.678
Нормално дека ке си заминат. Во германија им нудат многу добри услови и се добро платени. Овдека се отепуваат од работа за некои бедни 12-15 000. Таква е поставеноста на државата. На пример, во некоја хидроцентрала која има реално потреба од 20 вработени имаш вработено 120 партиски џаболебари кои земаат по 40 000, или во треммоцентрала која не е вклучена ниту еднаш во последните 20 години и која има релно потреба од 100 вработени имаш вработено 300 џаболебари кој земаат по 40 000 за ништонеработење. А од друга страна некоја медицинска сестра цела ден ке мести катетри, ке чисти гомна, ке бричи стапови и минџи пред операции и проаѓаи, ке мести инфузии, ке дава инекции, ке асистира на операции, ке гледа како умираат...... за 12 - 15 000 !!! Епа не иде така, треба обратно, плати ги сестрите 40 000 а џаболебарите по мепсо плати ги 12 000 па да видеш дали ке бегаат сестрите по германија.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.645
Поени од реакции
4.945
Основна плата на лекар во МК, без специјализација е од 12.000 до 60.000 на специјалист од 30.000 па до 200.000 денари нето месечно без дежурства. Има пораст на платите особено во последните години. Нормално во просек се окулу 1/4-1/5 од тоа што би земал во Дојчланд. Но сепак има луѓе што остануваат во МК но проблем е зголемениот број на заминувања. Мислам дека со текот на времето платите на лекарите ќе се зголемуваат и најверојатно ќе се постигне некој баланс. Но може треба повеќе студенти да се запишуваат на студии па дури ако може и лекари од странство да се носат (сега за сега второво е нереално), исто така може треба да се скратат специјализацијте зошто се непотребно долги ова исто мислам дека нема да се случи зошто имаат тенденција да се продолжуваат.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.178
Поени од реакции
17.990
Но може треба повеќе студенти да се запишуваат на студии па дури ако може и лекари од странство да се носат (сега за сега второво е нереално), исто така може треба да се скратат специјализацијте зошто се непотребно долги ова исто мислам дека нема да се случи зошто имаат тенденција да се продолжуваат.
Ова не е решение само ќе има хиперпродукција на неквалитетен кадар.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.604
Поени од реакции
34.798
...пола од тој медицински кадар се преку ноќ добиени дипломи и уверенија за средно, вонредно со само неколку дополнителни испити за неполни 12 месеци еден средношколец со завршено средно образование гимназија, економско, градежно, ветеринар, механичар може да добие нова професија како здравствен работник... истото се случува и со високо образовни кадри кои денес се на туризам факултет, а утре го гледаш со диплома за доктор.... тоа е резултат на дисперзираните факултети кои ниту некои ги контролира, ниту пак нешто излегуваат професионалци!
...не знам колку примери има, да се вработува во болница како хигиеничарка, и со добар партиски грб и некое евро плус, ќе догура како болничарка, па медицинска сестра, за да на крај заврши факултет за медицинска сестра за да подаде документи во Германија? и ? тоа ли е кадар? со курс и тра ла ла испити?
...така да прашање колку е тоа соодветен „паметен“ кадар што се начукува во ЕУ или само исфорсиран купени со пари и испити и дипломи за полесен живот во ЕУ!
... и уште нешто, не заминуваат со една диплома, туку со две дипломи за два завршени факултети со само 26 години, до тоа дереџе дојде нашиот образовен систем ...вели имам лиценца за доктор, ама завршив и правен факултет, па тука ќе се водам во јавна администрација со правен факултет и плата ќе тече, а како доктор ќе одам во Германија и ќе работам !
еееееее тоа е уметност на денешницата, има да умраат германските пациенти како круши од такви извозни миграциони здравствени раотници!
...така да треба чистка, нека одат, ќе останат само паметните и воспитаните покрај своите родители ТУКА, ќе се вратат и тие кои се паметни, има полно примери кои се вратиле и тоа субспецијалисти после некое време поминати во ЕУ !
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.753
Поени од реакции
9.558
Нормално дека ке си заминат. Во германија им нудат многу добри услови и се добро платени. Овдека се отепуваат од работа за некои бедни 12-15 000. Таква е поставеноста на државата. На пример, во некоја хидроцентрала која има реално потреба од 20 вработени имаш вработено 120 партиски џаболебари кои земаат по 40 000, или во треммоцентрала која не е вклучена ниту еднаш во последните 20 години и која има релно потреба од 100 вработени имаш вработено 300 џаболебари кој земаат по 40 000 за ништонеработење. А од друга страна некоја медицинска сестра цела ден ке мести катетри, ке чисти гомна, ке бричи стапови и минџи пред операции и проаѓаи, ке мести инфузии, ке дава инекции, ке асистира на операции, ке гледа како умираат...... за 12 - 15 000 !!! Епа не иде така, треба обратно, плати ги сестрите 40 000 а џаболебарите по мепсо плати ги 12 000 па да видеш дали ке бегаат сестрите по германија.

Море бре, што толку ги жалиш медицинските сестри:rolleyes:

Ај вака, прво да ти ги поправам грешките:)
Медицинска сестра зима основна плата 20000 денари а на тоа се додава нели стаж, ноќен труд, празник.(зборам за сестра вработена во буџетарскиве мед.установи)

Медицинска сестра не чисти говна( тоа е за болничарот) и ниту бричи патлаци и минџи.
Мед.сестра не присуствува на операции, за тоа се инструметарките(тие се со повисоки плати)
Изгледа овој народ само кога сестра ќе му утне вена и ке му направи огромна модрица на рака или пак кога катетерот наместо во уретер ќе го стави во вагина или во анусот..ете тогаш ги пцуете и велите дека немаат појма од струката..што е и точно 90%.

Во нашава држава и 1000 евра да има едно семејство нема да може да живе како човек оти стандардот ни е катастрофа...ебате државата кога 1м2 е од 700 - 1300 евра а ти цела година рмбаш за тој ЕДЕН метар квадратен...или цела плата не ти стига да си купиш еден шпорет или фрижидер...Ебате стандардот, затоа бегаат кој може и каде може.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.604
Поени од реакции
34.798
Море бре, што толку ги жалиш медицинските сестри:rolleyes:Ај вака, прво да ти ги поправам грешките:)Медицинска сестра зима основна плата 20000 денари а на тоа се додава нели стаж, ноќен труд, празник.(зборам за сестра вработена во буџетарскиве мед.установи)или цела плата не ти стига да си купиш еден шпорет или фрижидер...Ебате стандардот, затоа бегаат кој може и каде може.
....ретко да се најде „обична“ медицинска сестра сите се со завршен факултет за медицинска сестра така да основна плата им е 27 000 ден и кога ќе се додаде ќе речам стажот, ноќен труд и „подароците“ од роднините на пациентите, богами не се за жалење! тука спаѓаат сите со медицинско средно образование од тип на лаборант, акушерка, техн.ренгенолог, физиотерапевт, техн.забар, кои завршуваат факултет од нивна пракса, додека другите по приватни болници споредбено со државните болници земаат најмалку за уште половина повеќе плата!
...инаку еве да речеме таа медицинска сестра со факултет, може да купи со месечна плата и шпорет и фрижидер и тоа најмодерни, така да не си во право со посочениот пример, а и за становите цела провинција (претежно од источна МКД што се жалат дека се најсиромашни, па Велес, Кавадарци, Струмица, Гевгелија) дојдени во Скопје на високи работни функции, а најмалку по два стана имаат купено, а за секој член по еден автомобил и то марка некоја шо да ти кажвам „пукаат од сиромаштија“ :pos:
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.091
Поени од реакции
15.952
Уште да напишеше кој се не испозавшри висока и кој утре треба да не лечи, подобро во манастир со билки и народна медицина ќе се лечам отколку разни Љуљзими и Шпреси кои поима немаат од животот, за медицина да не збориме.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Колку институции може во моментов да наброите каде не сте имале некој проблем? Катастар, мвр, болница, општинска, инспекциска или комунална служба...?
Она што загрижува е што ем државата (граѓаните и фирмите) вложува големи пари во нив, ем повторно има недостаток на кадар. Како да се сопре, никако. И од источниот блок испобегаа, посебно кога се отворија границите. Ама сега странциве загрижени, мириса на проекти, парица :)
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.138
Поени од реакции
28.890
Емиграцијата на медицинскиот кадар е нула во споредбата со емиграцијата на обичниот работник, како тргнало ќе нема кој да се лечи кај нас...и пензионери на стари години си одат нагоре кај децата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom