Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.383
Поени од реакции
7.305
Холандија ќе игра на Европско а Полска не. o_O

Пропаднаа Полјаците, пропуштаат две европски по ред и светско првенство. А во 2015 беа трети на светско.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.383
Поени од реакции
7.305
Сепак се извлекоа, победа над Израел .
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.713
Поени од реакции
2.599
Не знам дали е добра идеја Телма да ги пренесува натпреварите од ЕП 2020! o_O
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Општина Струмица и ЈП Градски Паркинг не се навивачи.Дно!
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Јас пак не очекував ни олку да има навивање, очигледно успеале да се шмугнат некако и вистински навивачи (y)
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.955
Поени од реакции
35.485
Карти немаше во слободна продажба, се беше под контрола на наркоманската мафија шо е соберена во струмичкото собрание, од таму ги давале картите на повеќето. :pos:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.895
Поени од реакции
84.266
Е па...тоа е.

Пред една година некој да ни кажеше прво место дека ќе бидеме ќе го напраевме будала така да..од тој аспект задоволни може да сме..

Тимов не влева ептен оптимизам сепак, да се надеваме ќе имаме среќа со ждребот и неако ќе се повампират пар играчи па да се надеваме на тоа дека ќе успее да се врати оптимизмот за иднината на репрезентацијава..[DOUBLEPOST=1560707306][/DOUBLEPOST]"..Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка, и секако, сакаме тоа да биде во Австрија за да играме на домашен терен..." - Коментаторов на Телма, 2019
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.053
Поени од реакции
12.936
Имаше скандирање и никогаш северна и пеење на излези момче итн, навивањето беше сосема океј со оглед на околностите, дури и бев изненаден очекував horhe mode, е сега апла се гледаше дека сите кутлеш знамиња намерно беа тргнати, ама ако ќе има нормален дуел во Скопје со карти пуштени во слободна продажба, ќе се направи рекреативен евент на фб од типот “масовно носење на Кутлеш знамиња“, па ќе немаат толку џандари колку што знамиња ќе има. Ќе видат дека со сила убавина не бидува и дека се има граница до каде може да оди репресијата.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.169
Поени од реакции
3.463
[DOUBLEPOST=1560707306][/DOUBLEPOST]"..Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка, и секако, сакаме тоа да биде во Австрија за да играме на домашен терен..." - Коментаторов на Телма, 2019
Па нема ништо чудно де, многу наши има во Австрија,Германија и затоа може да се нарече како домашен терен :)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.895
Поени од реакции
84.266
Па нема ништо чудно де, многу наши има во Австрија,Германија и затоа може да се нарече како домашен терен :)
Ја сфаќам поентата..ама не кажа КАКО (освен ако не чув), онака надвор од контекст смешно звучи :D

Имаше скандирање и никогаш северна и пеење на излези момче итн, навивањето беше сосема океј со оглед на околностите, дури и бев изненаден очекував horhe mode, е сега апла се гледаше дека сите кутлеш знамиња намерно беа тргнати, ама ако ќе има нормален дуел во Скопје со карти пуштени во слободна продажба, ќе се направи рекреативен евент на фб од типот “масовно носење на Кутлеш знамиња“, па ќе немаат толку џандари колку што знамиња ќе има. Ќе видат дека со сила убавина не бидува и дека се има граница до каде може да оди репресијата.
Мислиш некогаш во сала ќе играме со Грција? :D

Eптен си оптимист за иднината на грчкиот ракомет (или македонската кошарка) :D
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.193
Поени од реакции
937
Прво за натпревар каде карти се даваа под рака имаше изменадувачко добра атмосфера. Незнам Телма нсвистина што прави со звукот ама го видов клипот од цепелинот. Тогаш буквално еруптираше цела сала а на клипот како едвај да станаа гледачите, едвај глас да пуштија. Имаше и пеење на излези момче, дури и никогаш северна... Сосема солидна атмосфера. За Никобци... Па маме му јебем пробаа безпотребно да направат проблем. Од неколку гледачи се обидоа да ги одземат знамињата со сонцето од кутлеш, но неуспешно... Реагираа луѓето и ови им текна да се тргнат. Полицијата не реагираше како што видов туку Никоб...

За натпреварот Борко тргна ужасно и не го седна Брестовац на клупа туку сам побара измена. Митрески ја направи разликата. Талески колку е слаб во одбрана тоа е чудо... Колку пати само извиси ни тој незнае. Кузмановски му фали малку у глава, белким во Германија ке му го дотераат паметот. Инаку има страшен потенцијал. Крилата солидни... А Пешевски се гледа дека има премногу напреднато од кога отиде надвор од Македонија... Во кратки црти тоа е
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.703
Поени од реакции
5.667
Ако земеме во предвид дека имаме подмладена репрезентација(со 23-24 годишни играчи),1 место во групава е супер.
На почеток целта беше да се пласираме на Европско,тоа го остваривме,еве успеавме и подобар шешир да фатиме(најверојатно во 2 шешир сме).
За нас е супер успех ова,меѓутоа со ваква игра јас стварно незнам што ќе правиме на Европско...

Министерот спиеше овие 2 утакмици,сериозно треба Брестовац да размисли дали треба да биде во голманите што ќе одат на Европско,со оглед на тоа што Томовски ќе брани во Бундеслига од следна сезона,мислам дека ако напредува малку ќе биде и подобар од Борко,плус 37 години е веќе треба да си гледа пензија,можеби и сам да си се повлече.
Митревски одличен,што да се каже не извади на двете утакмици,стварно ми е ептен криво за човеков што не успеа да направи подобра кариера,нема везе зборен е тој муабет.
Мислам дека треба да биде прв голман на Европсково,кога и да му се даде шанса ја користи максимално.
На лево крило мислам дека не сме во проблеми,Манасков има уште многу за играње,еве и Маџовски покажува дека има квалитет,сега во Работник оди под палка на Алушевски,можеби ќе научи нешто повеќе,плус Сеха и ЛШ ќе игра,мислам дека е печен за едно големо натпреварување.
Пикерите исто се одлични,слободно може да кажеме дека имаме еден од најдобрите пикерски парови,Пешевски-Столе.
Пешевски ептен напредна во последниве години,еден од најзаслужните за победите во овие квалификации,одлично се гради,прима топка,сега во Бундес може и уште подобар ќе биде,мислам дека ако има некој среден бек да му дели топки ќе се истури од голови.

Е сега десно крило ни е една од најпроблематичните позиции,Џомба ептен неконстантен многу падна во формата,неможе да се ослониме само на него,Поповски 3 крило во Вардар,Костески па ептен млад ќе видиме како ќе се снајде во Загреб сега.
Искрено јас би му дал шанса на Никола Костески од Татран,треба да се проба мислам дека боље ќе игра од Поповски,треба да размисли Брестовац за ова,нека го следи активно во новава сезона па ќе видиме.
За Кире нема зима,нема старост,сепак мора полека да го заменуваме 39 години има,најверојатно последно првенство ќе му биде ова,мислам дека чека да пројдат квалификациите за Олимпијада,има голема желба да се избори за да играме таму.
За негова замена стварно незнам што мислиме,Велковски го видовме неколку пати,нема ни предиспозиции,ни глава за да игра на големи натпреварување,цела сезона повреден беше незнам колку може да сметаме на него во иднина.Јагуриновски мислам дека е далеку од вакво нешто,единствено надеж дава Серафимов,меѓутоа којзнае како ќе се развива,ситуацијата во Металург е катастрофа,во младински категории покажува дека може нешто да биде од него ама сепак друго е тоа друго е да играш со ѕверови,двометраши итн.

Лев и среден бек што да се каже 5 години чекаме да созреат "децава" и ништо пак не добиваме.
Талески топло ладно ќе даде некој гол,таман ќе речеш дека добро игра него топката ќе му падне од раце или ќе направи некој глуп потег што неможеш ни да го замислиш.
Во одбрана кога игра дува промаја...
Кузмановски нема потреба да се коментира,сам си ја сјеба кариерата што отиде во Работник,мислам дека пред 2-3 години беше подобар него сега.
Тогаш барем желба имаше се бореше,сега како да му е сеедно,само ќе ја подаде до Кире и толку.
Незнам што мисли да прави во Магдебург со ваков пристап,или ќе дава пешкири и вода на колегите.
Јас искрено од Танкоски повеќе очекував,мислев дека може да пружи нешто подобро,да пробие еден на еден некако како да нема слобода во играта ми делува,ама ајде за него да речеме дека ова му се први настапи па во иднина ќе биде подобар.
Крстевски незнам искрено,јас не гледам некој потенцијал во него мислам дека ова му е максимумот,дај боже да грешам.
Одбраната слабо на Велко му дошло преку глава од ракомет мислам дека треба Димитриевски да игра повеќе.

Искрено не сум оптимист дека може да направиме на првенствово,освен да се повампират некои "млади" играчи,па во сплет на околности некако да ни се наредат коцките за да стигнеме до Олимпијада.
Ќе видиме сега и групите како ќе бидат да се надеваме на нешто полесно.
:oeoeoe:[DOUBLEPOST=1560717701][/DOUBLEPOST]1 шешир: Шпанија, Шведска, Германија, Франција, Хрватска, Унгарија
2 шешир: Норвешка, Македонија, Данска, Белорусија, Словенија, Русија
3 шешир: Австрија, Црна Гора, Летонија, Исланд, Португалија, Чешка
4 шешир: Босна и Херцеговина, Полска, Швајцарија, Украина, Холандија, Србија

Во која група ја посакувате Македеонија и со кои репрезентации?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom