Со редовно миење и одржување на забите ќе им ја вратите природната белина.Јас со Сигналот не видов некои резултати, а овие што се црниве со јаглен, не знам колку се делотворни.
Би ви препорачал Colgate Whitening Fluoride and Calcium паста за заби, ја има во сите маркети и не е скапа. За неколку нијанси знае да ги обели и да им го врати сјајот и тоа за релативно брзо време се воочува разликата.
Е сега доколку сакате да ви блескаат како лед фарови во темница, тогаш пробувајте со секакви препарати, ама бидете спремни и за последиците.