Фан Клуб: Барселона

Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Ако Суарез се разбуди ќе имаме пак одличен напад со Меси и Гризман. Сега треба да се притисне со сите сили за Де Лихт мада после неговото колебање и после изјавата на Абидал вчера мислам дека шансите да дојде се ептен мали.

Лев бек мора да се бара, не може со еден цела сезона да играме. Ако си отиде Семедо ќе треба и десен. Везњак е убаво да дојде ама пожелно е пред тоа да се расчисти малку таму. Ракитиќ да се продаде, може и Кутињо, а Алења нека оди на позајмица. Ама знаеме како стојат работите со Валвердето па ова сигурно нема да се случи.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
3.843
Најдобро е да се купи десен бек или да се даде шанса на Вагуе, а Роберто да е избор во средина и строго таму. Брзо заборавате какви партии имаше таму и колку беше покреативен нападот со него отколку со мртвиот Ракитич.
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.121
Поени од реакции
20.980
Значи тогаш за 3 позиции во средината ги имаме Бускетс, Ракитич, Видал, Артур, Де Јонг, Алења, Пуџ, Роберто и Кутињо.
Рафиња и Денис не ги ни рачунам, тие сигурно ќе си заминат.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Џабе квантитет ако нема квалитет. Не смее да се заборави дека како аматери изгледаа против Ливерпул. Против Реал исто, нема шанса да се носат со средините од врвните тимови.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.504
Поени од реакции
1.721
Кога вие сте вака негативни за вашиот тим, шо да кажам јас за Челси мој...
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.121
Поени од реакции
20.980
Кога вие сте вака негативни за вашиот тим, шо да кажам јас за Челси мој...
Челси твој не е на исто ниво со Барселона. Пример во Барселона и двојна круна се смета за неуспех, затоа што не е освоена ЛШ која е главна цел во Каталонија, а за Челси е сосема нормално да игра во Лига Европа.
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.655
Поени од реакции
4.142
Џабе квантитет ако нема квалитет. Не смее да се заборави дека како аматери изгледаа против Ливерпул. Против Реал исто, нема шанса да се носат со средините од врвните тимови.
Против Liverpool изгледаа како аматери бидејќи секоја утакмица во La Liga на мускули ја добиваме ни трчање ни ништо, пас на најблискиот додека Messi не дое по топка.
Меssi го бркаат 5-6души , другиве гледаат од страна.
Следна сезона со ваков појачан Real , самоубиство ќе е ако играат пак Busquets-Rakitic константно средина...
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Не напишавме дека Гризман е левичар, што уствари ја прави неговата позиција уште попроблематична.

Со Де Лихт ако не испадне ништо, нема да се носи нов стопер засега, имаме 4, ако нешто е добро покриено во тимов тоа е стоперската позиција, покрај голманската нормално.

Ќе има повеќе пари во тој случај за лев бек и напаѓач.
 
Одбраната е супер, ако се среди средината , одбраната ќе е уште подобра и посигурна.
За лев бек мора замена.
А зошто напаѓач? Ако се повреди Suarez, Griezmann шпиц.
ПС: Само не знам Dembele и Coutinho дали ќе стапнат на терен ...
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Кутињо без Нејмар ќе биде носител на играта на Бразил на Копа.
Мислам дека и од управа ова му е последна шанса да докаже дали заслужува да го носи дресот на Барса, ако се усере и на Копа, јаде клоци уште летово.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Во второ полувреме Coutinho дал 2гола против Bolivia.
Само за Хасан не чини Кутињо. Си гази дечкото, само што маскотава на клупа не знае соодветно место да му најде, друга работа е.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Ете што се случува кога ќе му дадеш слобода во играта на Кутињо, кога е главна алка во тимот, а не му е наредено "pass to Messi", за жал и следната година со ѓубрето на клупа не гледам надеж за него. А и не е само до ѓубрето на клупа, општо целата околина околу тимот е токсична, и навивачите на стадион и гадните платенички новинари и весници. Кутињо кога дојде си играше одлично, но ни тогаш немаше поддршка од гомнава, само чекаа да направи погрешен пас или било што за да го критикуваат. Со тек на време направија таков притисок врз човекот, што овај нормално изгуби самодоверба. Во Англија никогаш нема на насловна страна да прочитате такви гомнарии против нивен играч, уствари никогаш нема да падне критиката на еден играч, затоа се на друго ниво тие.

D9EZ-PFVUAUqwCA.png
 
Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237

Прегледај го приврзокот 210826
И кое е решението? Кутињо да ни биде главна алка на сметка на Меси ли?
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.704
Поени од реакции
5.668
И кое е решението? Кутињо да ни биде главна алка на сметка на Меси ли?
Не туку да игра средина,да му се пушти слобода да ја изнесува топката,да дели асистенции.
Вака на средина на терен со Ракитич,Бускетс и Артур мора Меси да се врати до шеснаесетник да изнесе топка.
Плус овие тројца офанзивно се 0,немаат ни шут ни дриблинг ни брзина апсолутно ништо.

Со Кутињо во среден ред далеку по брза ќе биде играта,ако тој е на 30 метри од гол има опасност за противникот,мора да излезе човек на него,со тројкава што играа комотно можат да се забијат у шеснаесетник противниците овие немаат никаков шут,тогаш настануваат најголемите проблеми,Меси мора сам да направи се.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom