- Член од
- 31 март 2008
- Мислења
- 2.504
- Поени од реакции
- 1.721
Барав низ форумов но не најдов тема за хотелиерството.
Дали некој од вас работи или работел во хотел, во Македонија или во странство?
Што мислите за оваа професија? Може ли да се живее пристојно?
Јас работам во Франција како заменик директор во Ибис буџет со 144 соби. Работата бара многу енергија, живци и достапност дури и кога не сум на работа. Не е нешто особено платена, но како напредувате кон подобри хотели, ви се отвараат многу можности.
Многу се учи стратегија, менаџмент, преговарање и сметководство на директорските позиции, така да отвара многу врати доколку сакате да ја промените браншата, и да одите во консултански или во хед хантинг фирми на пример.
Побарување има многу за директорски позиции во хотели низ цела Европа и се очекува дури и раст на бројот на директори на хотели.
Би било одлично ако има колеги кои работат барем нешто слично да споделиме мислења.