Религиозно vs Научно толкување

Член од
3 мај 2019
Мислења
17.511
Поени од реакции
9.410
Само сакам да читаат и другите што дрдориш постојано едно та исто за боговите и за Исус и како се знае се иако на христијаните по верување им е „дадена слободна волја“ со која жонглираат при оправдување на небулозите и апсурдностите во нивните философии како слепци!
Навистина ме "мачи" таа контраиндикација помеѓу предодреденост и слободна воља, нерешливо прашање меѓу ова двојство, т.с. постои творец и наспроти него е она што е створено.
Ако човекот има слободна воља, тогаш творецот не е семожен и сезнаен а тоа значи дека он не може да знае што се случува и да ја контролира слободната одлука на створеното битие, а од друга страна пак ако гледаме, творецот како сезнаен и семоќен, ако однапред се знае и контролира, предвидува, тогаш самото создавање нели е сувишно, безпотребно:rolleyes:..хмммм
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.595
Не знам, прашај ги христијаните и муслиманите за ова што ги мачи што не.
Претежно секој што одобрува догма - ништо не го мачи. Што и да се случи е по туѓа волја!
Кога можел според сказните Исус да каже „нека биде твојата волја, а не мојата“... што понатаму? :)
Не кревајте врева за волјата ако не можете да најдете мост кој што ќе ве пренесе во ова време, денес и сте заглавени во догмата или површното читање и разбирање на било која света книга која долетала во ваши раце...
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.476
Поени од реакции
1.050
Навистина ме "мачи" таа контраиндикација помеѓу предодреденост и слободна воља, нерешливо прашање меѓу ова двојство, т.с. постои творец и наспроти него е она што е створено.
Ако човекот има слободна воља, тогаш творецот не е семожен и сезнаен а тоа значи дека он не може да знае што се случува и да ја контролира слободната одлука на створеното битие, а од друга страна пак ако гледаме, творецот како сезнаен и семоќен, ако однапред се знае и контролира, предвидува, тогаш самото создавање нели е сувишно, безпотребно:rolleyes:..хмммм
Поставуваш прашање во погрешен момен од примерот.Создаденото подели го уште еднаш и тогаш ќе се појави слободна волја.
Кога постои поделба од еден наспроти друг како во твојата првична промена на создавач и создадено .. дејствата не се водат по слободна волја , односно се создава одраз идентичен со оној кои стои спроти.Тоа е онаа другата слободна волја, за која тука други членови зборуваат , а не разбрале дека идентична волја со божјата во која животот и смртта се едно , преставува непоимлива промена за обичен човек , затоа и Исус во приказната ги изговара зборовите "нека биде твојата волја , а не моја" .
Го следи одразот, смртта.
 
Член од
16 јануари 2018
Мислења
78
Поени од реакции
63
Навистина ме "мачи" таа контраиндикација помеѓу предодреденост и слободна воља, нерешливо прашање меѓу ова двојство, т.с. постои творец и наспроти него е она што е створено.
Ако човекот има слободна воља, тогаш творецот не е семожен и сезнаен а тоа значи дека он не може да знае што се случува и да ја контролира слободната одлука на створеното битие, а од друга страна пак ако гледаме, творецот како сезнаен и семоќен, ако однапред се знае и контролира, предвидува, тогаш самото создавање нели е сувишно, безпотребно:rolleyes:..хмммм
Слободната воља не постои во материјалниот свет. Постапките на секој човек се детерминирани од неговиот карактер и моменталните околности. Ако го знаеш карактерот на човекот можеш со сигурност да го одредиш неговото однесување.

Меѓутоа, слободната воља постои во духовниот (метафизичкиот) свет. Самиот карактер на човекот е резултат на таа слободна воља. Всушност, слободната воља е причината поради која постоиме зашто ако не постоеше слободна воља се ќе беше Бог односно божја воља и ќе беше една целина а не поединечни егзистенции. Вољата е причината и суштината на постоењето!
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734

Ако карактерот е резултат на слободната волја, како можеш да познаваш нечиј карактер до тој степен што ќе ги предвидиш неговите постапки? Или не можеш да ги предвидиш постапките на таа личност и истата има слободна волја или може да ги предвидиш и таа нема слободна волја.

Ако имаме слободна волја во духовниот свет и нашите одлуки оттаму ги определуваат физичките постапки овде, Бог не би знаел што ќе направиме зашто слободната волја е фундаментална. Ако знае што ќе направиме, тогаш нашите мисли и намери се предопределени од божјите закони.

Ако постојат материјален и нематеријален свет, како одлуките од нематеријалниот свет влијаат на телото од материјалниот свет?
 
Тоа што го кажуваш се однесува за животните, а не за човек со интелект.

Кој ти е тој метафизички свет со слободна волја?:confused:
Карактерот на човекот е резултат од слободната волја?????:facepalm:
Па нели карактерот беше спомнат во материјалниот свет , што бара сега метафизичкиот пак, или тој е таму и ваму.
Се си помешал.:(
 
Карактерот е резултат на слободната воља во смисла дека карактерот не е наметнат туку е резултат на нашата воља. Да промениш нечиј карактер значи да направиш тој да стане некој друг односно да престане да постои. Секој е задоволен што е тој - тој а не некој друг. Човек може да биде незадоволен од своето однесување но не и од својот карактер - однесувањето и карактерот не се идентични работи. Карактерот е суштината на човекот - без него тој не постои.

Ако е познат нечиј карактер и околностите во кои се наоѓа тогаш неговите постапки се однапред предвидливи. Ако ги знаеш физичките особини на водата и температурата и притисокот на кои се наоѓа можеш однапред да го знаеш нејзиното идно однесување. Исто е! Карактерот на човекот е цврст и непроменлив како и било која друга физичка сила. Човек може да го промени своето однесување но тоа е резултат на промени во претставите што ги имаме за одредени работи или резултат на неправилно функционирање на сетилата или мозокот но не е резултат од промена на карактерот.

Материјалниот и нематеријалниот свет не се два различни света. Тоа се два аспекта на ист свет.[DOUBLEPOST=1560153066][/DOUBLEPOST]

Види го одговорот за Ботко.
 
Навлагаш во повеќе проблеми и одиш на многу клизав терен. Како ги поимаш волјата и карактерот? Има различни дефиниции за нив во историјата. Дали мислиш дека карактерот е емергентен феномен на мозокот?
Ако е епифеномен на волјата, тогаш ќе постои и без материјалниот мозок. Која е функцијата на мозокот во појавноста на карактерот?

Ако материјалниот и нематеријалниот свет се два аспекта од еден ист свет, кои се атрибутите на нематеријалниот кои го прават различен од материјалниот? Зошто ги именуваме материјален и нематеријален?
Како знаеш дека постојат материјален и нематеријален свет, а не три типа, четири или повеќе? Можеби не постои ниеден свет, а сево ова што го гледаш е илузија.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.476
Поени од реакции
1.050
Да се потсетиме од предходниот пост.
Слободната воља не постои во материјалниот свет. Постапките на секој човек се детерминирани од неговиот карактер и моменталните околности. Ако го знаеш карактерот на човекот можеш со сигурност да го одредиш неговото однесување.

Меѓутоа, слободната воља постои во духовниот (метафизичкиот) свет. Самиот карактер на човекот е резултат на таа слободна воља. Всушност, слободната воља е причината поради која постоиме зашто ако не постоеше слободна воља се ќе беше Бог односно божја воља и ќе беше една целина а не поединечни егзистенции. Вољата е причината и суштината на постоењето!
Предходно постојат два света , а сега следи....
Материјалниот и нематеријалниот свет не се два различни света. Тоа се два аспекта на ист свет.[DOUBLEPOST=1560153066][/DOUBLEPOST]
Во тие два аспекти од еден исти свет (материјаниот и духовниот) , карактерот кој е резултат од слободната волја постои само во едниот аспект, додека во другиот, не постои.Со што (од твојот предходен пост) цитирам.. Самиот карактер на човекот е резултат на таа слободна воља.Карактерот е суштината на човекот - без него тој не постои. затворен цитат.

Може да заклучиме дека , човекот не постои во материјалниот свет, но постои во духовниот ,а бидејќи се тие еден свет со два аспекти, ............ ќе сакаш ти да ја довршиш реченицата.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Карактерот е резултат на слободната воља во смисла дека карактерот не е наметнат туку е резултат на нашата воља. Да промениш нечиј карактер значи да направиш тој да стане некој друг односно да престане да постои. Секој е задоволен што е тој - тој а не некој друг. Човек може да биде незадоволен од своето однесување но не и од својот карактер - однесувањето и карактерот не се идентични работи. Карактерот е суштината на човекот - без него тој не постои.

Ако е познат нечиј карактер и околностите во кои се наоѓа тогаш неговите постапки се однапред предвидливи. Ако ги знаеш физичките особини на водата и температурата и притисокот на кои се наоѓа можеш однапред да го знаеш нејзиното идно однесување. Исто е! Карактерот на човекот е цврст и непроменлив како и било која друга физичка сила. Човек може да го промени своето однесување но тоа е резултат на промени во претставите што ги имаме за одредени работи или резултат на неправилно функционирање на сетилата или мозокот но не е резултат од промена на карактерот.

Материјалниот и нематеријалниот свет не се два различни света. Тоа се два аспекта на ист свет.
Зависи како гледаш на поимот карактер. Едно од значењата што му го даваат некои е изедначена со поимот личност. Во тој случај нема човекот еден карактер(лице) туку повеќе, лица(персони) односно маски. Со други зборови улоги во претстави.
Додека глумиш во една претстава(наречена живот) не си во можност да го менуваш ликот односно карактерот, тука си во право.
Главното прашање не е тоа каков ти е карактерот, туку кој си Ти. Одговорот на ова прашање дава одговор на се друго што го перцепираш со сетилата во спрега со мозокот.
 
Заборавате ли дека карактерот зависи многу и од улогата на хормоните во организмот, еве на пример жените кога влегуваат во менопауза и те како знаат да го променат карактерот кој е предизвикан од дисбалансот на хормоните.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Заборавате ли дека карактерот зависи многу и од улогата на хормоните во организмот, еве на пример жените кога влегуваат во менопауза и те како знаат да го променат карактерот кој е предизвикан од дисбалансот на хормоните.
Тој е истиот карактер кој што се манифестира различно во зависност од нивоата на хормоните. Не мора менопауза, земи лупни еден шприц тестостерон и шмркни една линија како Павле и гледај што ќе се случи...една крајно хипотетичка ситуација нели :D
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.595
Не е многу долго, православно толкување на Берашит или Genesis или Битие, а и темава е Религиозно и Научно толкување на ... не знам што, човекот, универзумот, законите кои владеат, пропорциите (јавни и скриени) со кои се управува се што е видливо и невидливо за човечкото око...
Премногу цитати како тоа не треба да се истражува бидејќи „богот создал се, а бидејќи никој не може да го спознае бога, не се заморувајте, доволен доказ нека ви биде светот“ :)
Јас не сум за ова, ако веќе се заморувам со Берашит (На почетокот, првиот збор од законот на евреите), ќе учам од евреите за тоа... но ова е за да видите што се проповеда преку религиите во однос на она што ве опкружува, без разилка дали сте свесни или несвесни за тоа што е околу вас и во вас :)
Доволен доказ за верникот е светот и чудата на природата! Но дали сме ние верници или луѓе кои бараат искуство и надминување?

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Знаеш шипки...

Тоа што некој ти дошепнал дека Светов е стар 15 милј. години е податок кој е тековно „важечки„.

Пред 150 г. важеше заблудата дека Земјава е стара 80 мил. години, а во меѓувреме, Земјава остаре на неверојатни и неизброиви 4,6милј. години.

Толку од твоево знаење...
Kako bilo pred 150 godini argumentite ne ti se vo prilog. Na tolku benefiti koi gi koristis od napredokot i tehnologijata ke ti se smee i lukaviot na ovoj post. Pomal sram si koga bistris politika, te molam prekvalifikuvaj se so vreme, poveke organizirani i prifateni im se propagandite na partiite. Ke cvetas tamu. Gledam namamen si veke, gresis dusa.

Ah tie pusti zemni zadovolstva, kolku samo polesno bilo pred samo 150 godini...

Она кое се знае од напред, а кое Бог го промислил и кое неизбежно ќе се случи, е следното:
- Светов ќе има свој крај,
- после крајот од Светов, ќе следува негова целосна обнова;
Pak? Zosto?
Neli vinozitoto bese znak i vetuvanje deka gospod poveke nema da stava kraevi?
Kako sega pak kraevi, pak obnova?

Се‘ до крајот од Светов, Бог остава отворена можност; или сме со Него или сме против Него.

Нема „трето„.
Only a Sith deals in absolutes.
 
Член од
16 јануари 2018
Мислења
78
Поени од реакции
63
Навлагаш во повеќе проблеми и одиш на многу клизав терен. Како ги поимаш волјата и карактерот? Има различни дефиниции за нив во историјата. Дали мислиш дека карактерот е емергентен феномен на мозокот?
Ако е епифеномен на волјата, тогаш ќе постои и без материјалниот мозок. Која е функцијата на мозокот во појавноста на карактерот?

Ако материјалниот и нематеријалниот свет се два аспекта од еден ист свет, кои се атрибутите на нематеријалниот кои го прават различен од материјалниот? Зошто ги именуваме материјален и нематеријален?
Како знаеш дека постојат материјален и нематеријален свет, а не три типа, четири или повеќе? Можеби не постои ниеден свет, а сево ова што го гледаш е илузија.
??? Не ми е сосема јасна целта на прашањава - мислам дека точно тоа и го објаснував во претходниот пост - односот на вољата и карактерот, мозокот и карактерот......

Под нематеријален свет подразбирам метафизички свет (како што и напишав два поста претходно). Бидејќи ти е познат солипсизмот сосема сигурно ти е јасна и употребата на поимот "метафизички".[DOUBLEPOST=1560241828][/DOUBLEPOST]
Да се потсетиме од предходниот пост.

Предходно постојат два света , а сега следи....

Во тие два аспекти од еден исти свет (материјаниот и духовниот) , карактерот кој е резултат од слободната волја постои само во едниот аспект, додека во другиот, не постои.Со што (од твојот предходен пост) цитирам.. Самиот карактер на човекот е резултат на таа слободна воља.Карактерот е суштината на човекот - без него тој не постои. затворен цитат.

Може да заклучиме дека , човекот не постои во материјалниот свет, но постои во духовниот ,а бидејќи се тие еден свет со два аспекти, ............ ќе сакаш ти да ја довршиш реченицата.
Ми се допаѓа оригиналноста и адекватноста на сликичките кои ги користиш за своите никови. А што се однесува до постов - се надевам дека не очекуваше сериозен одговор.[DOUBLEPOST=1560242375][/DOUBLEPOST]
Зависи како гледаш на поимот карактер. Едно од значењата што му го даваат некои е изедначена со поимот личност. Во тој случај нема човекот еден карактер(лице) туку повеќе, лица(персони) односно маски. Со други зборови улоги во претстави.
Додека глумиш во една претстава(наречена живот) не си во можност да го менуваш ликот односно карактерот, тука си во право.
Главното прашање не е тоа каков ти е карактерот, туку кој си Ти. Одговорот на ова прашање дава одговор на се друго што го перцепираш со сетилата во спрега со мозокот.
Да, јасно ми е е твоето искуство со маските (никовите) но јас под карактер подразбирам суштина на некоја поединечна егзистенција. Секој поединечен човек има особен карактер, секое животно, растение, минерал, молекул...сите имаат јасен, цврст и непроменлив карактер. Тоа е она што го сметам за карактер.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom