Chernobyl

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Па за ова колку и да имаш право сепак има и друга страна паричката. Како што нагласија во четвртата епизода, 10 години пред несреќата било нагласено од друг научник, Волков мислам беше, дека треба да се прекине со користењето на ваков тип на реактори. Нормално, бил одбиен затоа што ова било најевтино користење на нуклеарна енергија. Моменти пред да се деси несреќата, Топтунов и Акимов го предупредуваа Дијатлов дека не е исправно тоа што го прават али џабд, не сакаше да слуша. Да не се сфатиме погрешно, факт е дека Дијатлов е еден вид жртвено јагне, ама според тоа како е прикажан во серијата ми личеше дека е типичен комунистички научник, све он знае и не сака никого да слуша, како што беше и впрочем ноќта кога се деси несреќата. Единствено не бил свесен дека копчето AZ-5 ќе испадне детонатор наместо блокатор.

Технички, физички, ватева, реакторот не можел да експлодира. Освен нели кога ќе експлодира. :icon_lol: Не можеше ниту Легасов, ниту онаа од Белорусија, ниту Акимов, ниту било кој да објасни како е можно јадрото да експлодира, па затоа и на почетокот се курчеа оние што на крај беа казнети. Премногу ми се допадна начинот на кој Легасов ги објасни сите процеси во нуклеарниот реактор и како копчето AZ-5 наместо да го угаси реакторот го активирало и имало улога на детонатор.

Пак ќе кажам, можда 95% си во право за Дијатлов дека бил жртвено јагне, ама има тука нешто и во неговата позиција и моќта која ја носел со неа и која ја злоупотребувал и кога треба и кога не треба.
Тоа што бил таков кретен заедно со Фомин и Бруханов мислев дека е производ на комунизмот како форма на владеење ама па до ден денес на работа ми улетува по некој Русин со ама баш ист мајндсет како нив тројца. Ти му викаш не го прави тоа, ќе ослабнеш финаниски, тој не ти ни враќа на сугестијата, бааам, после два месеци го гледаш со мејл дека го напушта пазарот :pos:
Да не забегувам, дека тројцава поради сељачките амбиции требало да им се забрани за навек бавење со наука, тоа да, меѓутоа менталитетот на народот заедно со државното уредување создавале такви изроди и од доста паметни луѓе (Дијатлов се сметал за еден од најголемите експерти на тоа поле). Затоа велам дека главниот виновник е сржта на државното уредување на тогашниот СССР а и сегашна Русија. :) и сам кажа, во Икарус тоа е најдобро објаснето и после народов ќе ги жали зошто беа банирани од 3 Олимпијади со ред, ма какво жалење бе, тие се народ со страшен инфериорен комплекс.
 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.678
Поени од реакции
1.990
Ако има ново печени нуклеарни физичари/конструктори после серијата, бујрум да дискутираме. :)
 

kabelSKo

Dr.
Член од
23 февруари 2019
Мислења
51
Поени од реакции
62
Мини серијата ме воодушеви, секоја чест, автентично, реалистично, продукцијата на самиот врв.
Жално за колатералната штета - огромниот број на починати, посебно родените деца по несреќата и озрачените кои и до ден денешен се со тешки здравствени проблеми.
Хаваријата во Чернобил беше еден од примарните индикатори како функционираше СССР пред неговиот распад и воедно е една од ''катализаторите' за неговиот распад...
Евтино добиената електична енергија на најевтин начин се плати со прескапа цена.
За мене е нелогично колку може да биде силна пропагандата, заслепувачка, 50000 жители во Припјат (сите работоспособни жители работат во централата) го гледаат чудниот вертикален светлечки столб/пламен кој излегува од реакторот и не можат да препостават што е, зар не им е чудно што го гледаат тој феномен. Еден куп гајгерови бројачи и никој не може да "шушне" дека постои огромна радијација. Главниот шеф Дијатлов е свесен дека реакторот е хаварисан и затоа упорно праќа техничари а при таква експлозија и таков страотен потрес е должен лично да отиде и да увиди.

Вчера на YT случајно ми излезе еден клип па ќе го споделам со Вас, интригантен е секако, а за нивото на вистина и невистина секој може да си цени.

https://www.youtube.com/watch?v=XbpPLLc7bKw

п.с. да беа 10 епизоди наместо 5 ќе беше епски врвна серијата...секоја чест на актерите се внесоа во улогата.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
Русите веќе имаат снимено филмови или серии за инцидентот. Знам дека едниот е со двајца млади, љубов за време хаваријата. Треба да ги погледнам, само да ги најдам со доволно сеачи :)
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Тоа што бил таков кретен заедно со Фомин и Бруханов мислев дека е производ на комунизмот како форма на владеење ама па до ден денес на работа ми улетува по некој Русин со ама баш ист мајндсет како нив тројца. Ти му викаш не го прави тоа, ќе ослабнеш финаниски, тој не ти ни враќа на сугестијата, бааам, после два месеци го гледаш со мејл дека го напушта пазарот :pos:
Да не забегувам, дека тројцава поради сељачките амбиции требало да им се забрани за навек бавење со наука, тоа да, меѓутоа менталитетот на народот заедно со државното уредување создавале такви изроди и од доста паметни луѓе (Дијатлов се сметал за еден од најголемите експерти на тоа поле). Затоа велам дека главниот виновник е сржта на државното уредување на тогашниот СССР а и сегашна Русија. :) и сам кажа, во Икарус тоа е најдобро објаснето и после народов ќе ги жали зошто беа банирани од 3 Олимпијади со ред, ма какво жалење бе, тие се народ со страшен инфериорен комплекс.
ова не би навлегувал можеби е се точно што наведуваш, но дека се народ со инфериорен комллекст си грешка и тоа го кажувам од сопствено искуство што имам лично запознаено руси.

Додека серијава е одлична и ја достигна целта со тоа што народот се заинтересира за катастрофата и почна се повеќе да чепка што всушност се случило.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
ова не би навлегувал можеби е се точно што наведуваш, но дека се народ со инфериорен комллекст си грешка и тоа го кажувам од сопствено искуство што имам лично запознаено руси.

Додека серијава е одлична и ја достигна целта со тоа што народот се заинтересира за катастрофата и почна се повеќе да чепка што всушност се случило.
Не знам, може се работи за различен сегмент на народ ама 30 руски фирми ми се клиенти и сите се однесуваат по еден шаблон - истиот ко на Мастер Ејмон од прва епизода. Да тргнеме и тоа настрана, ова со Чернобил и пукањето стероиди во вени на девојчиња од 15 години само за да победат на ОИ ако не е инфериорност, не знам што е. :)
Секако дека има исклучоци но во глобала, такви се.
 
Последно уредено:

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
Ја догледав. За разлика од повеќето кои сакаа серијата да беше подолга, јас мислам дека ни се потребни повеќе мини серии кои ќе почнат и завршат во еден здив. Пред да им снема идеи на сценаристите.

Серијата не е документарец, штета што мора тоа да го нагласуваме после секоја серија која е базирана на вистинити настани. Најдобра работа со ваквите серии е што знаат да заинтересираат илјадници луѓе да прочепкаат по интернетот барајќи повеќе информации за вистинската приказна. Ако во нешто заостанувавме во светот во последно време, тоа се експерти за нуклеарна физика, и сега фала богу ги имаме со лопата да ги ринеш :pos:

Шегата на страна, многу информативна.

Мене ме привлече најмногу детално пресликаната атмосфера од тоа време во СССР. Бев таму на почетокот на 90-те како дете и во меморијата ми се стиснати многу слики слични на овие што ги видов. Ненормално навлегување во детали на ХБО.

Еве што вика за тоа еден текст во New Yorker: https://www.newyorker.com/news/our-columnists/what-hbos-chernobyl-got-right-and-what-it-got-terribly-wrong

Before I get to what the series got so terribly wrong, I should acknowledge what it got right. In “Chernobyl,” which was created and written by Craig Mazin and directed by Johan Renck, the material culture of the Soviet Union is reproduced with an accuracy that has never before been seen in Western television or film—or, for that matter, in Russian television or film. Clothes, objects, and light itself seem to come straight out of nineteen-eighties Ukraine, Belarus, and Moscow. (There are tiny errors, like a holiday uniform worn by schoolchildren on a non-holiday, or teen-agers carrying little kids’ school bags, but this is truly splitting hairs.) Soviet-born Americans—and, indeed, Soviet-born Russians—have been tweeting and blogging in awe at the uncanny precision with which the physical surroundings of Soviet people have been reproduced.

Малку GoT ми расипа филм, потребно ми е повеќе време да се навикнам да ги гледам актерите во други улоги. Обвинителот кога му се обраќаше на Дијатлов, чекав да рече "Lannisters sends their regards" :pos:

Т'ибам Русе Болтон...

Одлична серија се на се. Да не се ХБО животот би бил досаден...
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.363
Поени од реакции
38.337
Добра е серијава, прво ми делуваше ко да е некоја америчка булшит пропаганда (пошто ретко нешто добро искача од кај нив), но решив да и дадам шанса и не погрешив. Многу обрнале внимание на детали и на автентичноста да се запази од тоа време, глумата екстра. Борис ми беше омилен лик, од хардлајн комуњар се промени низ серијата. Исто ми се допаднаа тие сајд сторис за детето што пукаше кучиња и девојката и пожарникарот. Оверал одлична серија.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.020
Ни ги прикажаа гнасотилаците на СССР и страдањето на народот поради тоа. Е сеа наредно сакам да снимаат една ваква мини серија за Хирошима па да ни ја прикажат и другата страна.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
Русиве за инат на западот можеле да снимат минисерија за Фукушима, Селафилд или Три милји. Сега по свадба тапани...
 
Последно уредено:
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Не знам, може се работи за различен сегмент на народ ама 30 руски фирми ми се клиенти и сите се однесуваат по еден шаблон - истиот ко на Мастер Ејмон од прва епизода. Да тргнеме и тоа настрана, ова со Чернобил и пукањето стероиди во вени на девојчиња од 15 години само за да победат на ОИ ако не е инфериорност, не знам што е. :)
Секако дека има исклучоци но во глобала, такви се.
За бизнис ти кажав незнам како функционираат, но за допинг ти се молам па имаш во бициклизам секоја година скандали каде им земаат титули и шта ја знам, значи сите тие нации имаат инфериорен комплекс, НБА играчите погледни ги, европјаните играат максимум 40 утакмици и се распаѓаат овие во НБА скоро па дупло и сега ке ми каже некој абе тие имаат боље тренинзи пази молим те.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom