Бесплатна eнергија - возможно или не?

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Nema besplatna ama ima ekstremno eftina energija...sto e dobro samoto po sebe...ama ima i kapitalizam...a toa ne cini...ke pokaze vremeto dali ke se unistime samite sebe plakajki ja cenata na ekstra profitot ili ke ni dojde umot..ima vreme...
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
како прво...најефтина, практично БЕСПЛАТНА енергија е ЗАШТЕДЕНАТА ЕНЕРГИЈА...после одиме добар даље...:) на малку покомпликуваните БЕСПЛАТНИ, ако под тоа подразбираме енергија која освен со сила ...некои многу паметни профитери ..не ќе можат да ја контролираат....
 
MAKEDONEC_PP

ПОБЕДАШ
Член од
7 декември 2007
Мислења
778
Поени од реакции
74
PERPETUUM MOBILLE можеби не е возможно да се конструира, ама сепак никогаш не вели никогаш!!!

Бесплатната енергија е нешто сосем друго...ТАА Е РЕАЛНОСТ ОТСЕКОГАШ!!!
ДА РАЗЈАСНИМЕ!!!
Под беспланта енергија се подразбира со еднократна инвестиција во некој систем или машина, да добиваш енергија за која не ти требаат суровини!!!

СОНЦЕТО е бесплатната енергија која ја бараме толку очајно, само треба да научиме како поефикасно да ја користиме!!!
Многумина од вас имаат бесплатна енергија...сончеви колектори!!! А и вашите баби ја користеле бесплатната енергија, само шо тие во џумови ја грееле водата на сонце!!!
Значи треба да се насочиме кон унапредување на технологијата за собирање на сончевата светлина.
 
Член од
6 јули 2008
Мислења
458
Поени од реакции
10
Имаат направено нови соларни панели за ISS 4 пати поефикасни се од сегашните ,ако се развие оваа индустрија до тој степен каде сите имаме песплатна енергија милиони луѓе ќе ги загубат своите работни места.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Имаат направено нови соларни панели за ISS 4 пати поефикасни се од сегашните ,ако се развие оваа индустрија до тој степен каде сите имаме песплатна енергија милиони луѓе ќе ги загубат своите работни места.
Зошто???? зар мислиш дека човештвото е толку бедно со духот...за да не може да крира нови работни места???? па тоа уште не го ни чепнало бескрајот....бесплатната енергија е само картата за влез во клубот...:)

PERPETUUM MOBILLE можеби не е возможно да се конструира, ама сепак никогаш не вели никогаш!!!

Бесплатната енергија е нешто сосем друго...ТАА Е РЕАЛНОСТ ОТСЕКОГАШ!!!
ДА РАЗЈАСНИМЕ!!!
Под беспланта енергија се подразбира со еднократна инвестиција во некој систем или машина, да добиваш енергија за која не ти требаат суровини!!!

СОНЦЕТО е бесплатната енергија која ја бараме толку очајно, само треба да научиме како поефикасно да ја користиме!!!
Многумина од вас имаат бесплатна енергија...сончеви колектори!!! А и вашите баби ја користеле бесплатната енергија, само шо тие во џумови ја грееле водата на сонце!!!
Значи треба да се насочиме кон унапредување на технологијата за собирање на сончевата светлина.
Во принцип сета енергија која ја знаеме ПОТЕКНУВА ОД СОНЦЕТО...освен онаа добиена со цепење на атомот.... :)
фотонапонските панели се само НАЈДИРЕКТНИОТ ПАТ до електрична енергија...најчиста форма на енергија за која имаме технологија за да ја користиме...
 
KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
Додека постои капитализмот нема да постои енергија од пошироки размери која е бесплатна.

Верувам дека постојат сега алтернативни извори на енергија во кои треба да се вложи малку повеќе али потоа нема потреба да плаќаш струја или нешто друго.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Научниците во потрага по светиот грал

Во катедралата на светлината се раѓа прашањето на судбината: може ли фузијата да биде постигната?

ЛАЈВМОР – Тука, во сувата калифорниска долина, надвор од еден мал град, се собраа луѓе за да ја осветат катедралата на светлината. Како и средновековните катедрали, таа е изградена во неверојатен размер со ненадмината технологија и во неа е отелотворена научна доктрина која, ако биде потврдена, би можела да ја крене цивилизацијата во нови височини.

На огромното знаме што неодамна беше развиорено над објектот со големина од фудбалски стадион пишува: „Донесување на моќта на ѕвездите на Земјата“.

Местото во вредност од 3,5 милијарди долари е познато како Национален комплекс за палење (National Ignition Facility) или НИФ.

Повеќе од половина век физичарите сонуваат да создадат мали ѕвезди што би ја инаугурирале ерата на храбра наука и евтина енергија, а НИФ има цел да го подгрее тој сон. Во теорија, 192 ласери во објектот - направени од речиси сто километри огледала и оптички влакна, кристали и зајакнувачи на светлината - ќе се активираат како еден за да се здроби капка водородно гориво помало од главата на чкорчето. Компримирани и загреани до температури повисоки од оние во јадрото на ѕвездата, атомите на водород ќе се стопат во хелиум, ослободувајќи експлозија од термонуклеарна енергија.

Директорот на проектот, Ед Мозес, изјави дека доаѓањето до самиот врв на палењето (дефинирано како успешно достигнување фузија) им одзеде на околу 7.000 работници и 3.000 градежници десетина години и нивниот труд креираше прецизен џин од милиони делови и 60.000 контролни точки, 30 пати повеќе отколку кај спејсшатл. „Ова е сторијата за катедралата“, вели д-р Мозес за време на турата. „Ги собравме најдобрите физичари, најдобрите инженери, најдобрите од индустријата и академијата. Не се добива често таква можност и се постигнува успех“.

Во февруари НИФ првпат истрела 192 зраци во целната комора и сега го има најмоќниот ласер во светот, како и најголемиот оптички инструмент што некогаш бил направен. Но, понатамошното зголемување на енергијата до точка на палење би можело да одземе уште една година или малку повеќе за експерименти и би можело, како што тврдат официјалните лица, да се покаже како застрашувачко и можеби невозможно.

Од таа причина скептиците го отфрлаат НИФ како колосална заблуда што троши многу ресурси во време на економска криза. Само неговото функционирање ќе чини 140 милиони долари годишно. Некои скептици го исмеваат. Дури и поддржувачите на овие напори се внимателни. „Тие направија напредок“, вели Рој Швитерс, физичар од Универзитетот во Тексас, кој ја предводи федералната комисија која неодамна ги проценуваше изгледите на НИФ. „Запалувањето најпосле би било возможно. Но, се' уште има многу да се учи“.

Д-р Мозес, иако не понуди гаранции, посочи дека секој голем напор вклучува ризици и дека ризикувањето се исплатува поради потенцијалните награди. Тој наведе дека НИФ, ако биде успешен, ќе помогне во одржувањето на сигурноста на американското нуклеарно оружје без подземни тестирања, ќе го открие скриениот живот на ѕвездите и ќе го подготви патот за радикални видови електрани. „Ако успее напорот за добивање енергија со фузија, ќе имаме, за сите намери и цели, бесконечно снабдување со енергија без јаглерод, што не е геополитички чувствително. Што повеќе би сакале? Тоа е менувач на играта“, вели тој.

Д-р Мозес, кој во слободно време предводи научни програми за средношколци, ги прекина сопствените подготовки за да му го покаже на посетителот комплексот НИФ. Притоа, запира пред една направа помала и од поштенска марка. „Оттука почна се'“, вели тој. Од овој вид мал ласер излегоа зраци кои стануваа се' поголеми и посветли за време на нивното долго патување низ лавиринтот од огледала, леќи и засилувачи во НИФ.

Зборот ласер се однесува на „засилувач на светлина со стимулирани емисии на радијација“. И секоја честичка од светлината, или фотон, е засилена, открива д-р Мозес, и тоа е моќ „10 на 25-та“.

Во непосредна близина се наоѓа дебела плоча од розово стакло со големина колку сообраќаен знак, што е примерок за засилувач. НИФ има вкупно 3.200. Д-р Мозес вели дека голем чекор бил направен кога огромни светлечки цевки - како оние во камерите, но високи колку човек и вкупно на број 7.680 - едновремено ќе светнат за да го активираат розовото стакло. Ласерските фотони потоа пролетуваат, стимулирајќи каскади од последици, правејќи го зракот многу посилен, а таквите засилувања постојано се случуваат. Фотоните држат чекор еден со друг и тоа е она што ја прави ласерската светлина толку светла и концентрирана и во некои случаи толку силна.

Д-р Мозес зеде лажна капсула од водородно гориво. Таа беше широка околу два милиметри. „Се загреа“, вели тој. „Тој пробива внатре со милиони милји на час, поминувајќи го тој пат за околу пет милијардити дел од секундата. Станува со дијаметар колку влакно од косата. Кога ќе стане толку мал, толку брз, се постигнува температура и почнува да се запалува - околу 100 милиони Целзиусови степени“.

Пред да се влезе во НИФ, се ставаат мрежи за коса, шлемови на главите и безбедносни очила. Се прават неколку чекори на лепливите подлоги што ја вадат нечистотијата од чевлите. Правот е отров за НИФ, вели д-р Мозес. Може да ги уништи оптичките инструменти и експериментите. Тој наведува дека целната комора широка 9,9 метри е испумпан воздух речиси до вакуум, многу слично на условите во вселената - празнина каде што светлината може да се затвори речиси без никакви пречки. Д-р Мозес открива дека тимот го употребува ласерот само навечер, а одржувањето и подобрувањето на опремата се прави во текот на денот.

„Ова е постројка што работи 24/7“, открива тој. Претходната ноќ, вели тој, ласерот беше употребен во обид да се подобрат координацијата и тајмингот. Сто деведесет и два зрака треба да ја погодат целта колку што е можно посимултано. Индивидуалните зраци, додава тој, треба да удрат „за неколку билиони делови од секундата“ еден по друг за се запали горивото и да бидат насочени кон целта со прецизност „половина од дијаметарот на влакно од коса“.

Контролната соба, направена според моделот на контролната соба за мисии, на НАСА, во Хјустон, е преполна со активности, иако некои конзоли се празни. Телефоните ѕвонат. Токи-воки шушка. Одбројувањето за активирање на ласерите, открива д-р Мозес, трае 3,5 часа, со процес „кој во голема мера е во рацете на компјутерите“. Планот за операции на НИФ, додава тој, е да се спроведуваат од 700 до 1.000 активирања на ласерот годишно, со околу 200 експерименти фокусирани на палењето. Нема опасност од неконтролирана експлозија, вели тој. Фузијата работи на топлина и притисок, а не на верижна реакција. Згора на тоа, разгорувањето е мало, а ласерскиот блесок е неверојатно краток. Во текот на едногодишното работење, вели д-р Мозес, „постројката е активна само три илјадитинки од секундата“ и, сепак, ќе генерира растечка каскада од податоци и сфаќања.

Следна станица на турата, по минувањето низ дополнителни лепливи прекривки, е најсветото место, просторијата што ја опкружува целната комора. Изгледа како машинско одделение на некој вселенски брод од научнофантастичен филм. Линијата на зракот - сега се прпелка на сребренест метал исполнет со кристали што ја преместуваат концентрираната светлина на повисоки фреквенции - се конвергира на синиот ѕид на комората. Неговата површина е ишарана со сребренести бродски прозорци каде што би можеле да бидат поставени комплексни сензори за да се пресметаат малите експлозии.

Покрај големото знаме надвор и неговото уверливо предвидување, останува прашањето дали сензорите на НИФ некогаш ќе забележат зраци од малите ѕвезди, посочуваат независни научници.

„Лично мислам дека тоа ќе биде избегнување несреќа за влакно“, вели Вилијам Хапер, физичар на Универзитетот Принстон, кој раководеше со федералното истражување за енергија за време на мандатот на претседателот Џорџ Буш. „Тоа е многу комплициран систем и зависите од тоа многу работи совршено да работат“.

Скептиците наведуваат дека проблемите во минатото можеби се вовед. Кога во 1994 година се правеа плановите, огромната машина требаше да чини 1,2 милијарди долари и да биде завршена до 2002 година. Но, трошоците растеа и постојано се одложуваше крајниот рок за нејзино завршување, толку многу што Конгресот се закани со затворање на проектот. Денес критичарите ги гледаат задоцнувањата и трошоците од 3,5 милијарди долари како знаци на претерување.

Д-р Мозес, кој пред една деценија беше назначен за одговорен за проблематичниот проект на НИФ во намерите да го подобри, посочи дека по една деценија, со оглед на тоа дека НИФ отвори нови граници, никој нема да се сеќава на сопките. Тој го спореди проектот со подвизи како што се стапнувањето на Месечината, производството на атомска бомба или пронаоѓањето на авионот. „Сопките не се невообичаени кога се зафаќате со проекти со голем ризик“, изјави тој.

(Интернешенел хералд трибјун)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1518E344C4159948A36DBA570A1438F8
 
Член од
10 јануари 2019
Мислења
99
Поени од реакции
7
Безплатна енергија не постои...

И да постои, апашиве светски, ке смислат како на луѓето да им ги влечат парите од џеб + да ги заглават со кредити па цел живот да ти помине во работа (и секс во уши). Кога можат да наплаќаат за вода, и еден куп други трошоци, очекувајте дека ке почнат и воздухот да го наплаќаат. Така да безплатната енергија малце потешко.
вesplatna energija postoi, nikola tesla ja izmislil. A za drugoto si vo pravo.
 
Pance24

Мариовец
Член од
26 август 2012
Мислења
270
Поени од реакции
104
Бесплатна електрична енергија постои , појдете во с.Арачиново по домовите и уверете се самите.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
867
Поени од реакции
79
PERPETUUM MOBILLE можеби не е возможно да се конструира, ама сепак никогаш не вели никогаш!!!

Бесплатната енергија е нешто сосем друго...ТАА Е РЕАЛНОСТ ОТСЕКОГАШ!!!
ДА РАЗЈАСНИМЕ!!!
Под беспланта енергија се подразбира со еднократна инвестиција во некој систем или машина, да добиваш енергија за која не ти требаат суровини!!!

СОНЦЕТО е бесплатната енергија која ја бараме толку очајно, само треба да научиме како поефикасно да ја користиме!!!
Многумина од вас имаат бесплатна енергија...сончеви колектори!!! А и вашите баби ја користеле бесплатната енергија, само шо тие во џумови ја грееле водата на сонце!!!
Значи треба да се насочиме кон унапредување на технологијата за собирање на сончевата светлина.
ПЕРПЕТУУМ МОБИЛЕ на хартија веќе постои за производство на бесплатна Е.Енергија или секаков вид на Енергија без согорливи Енергенси.Истата за почеток требе да се гради на природно течение а от после ќе се гради и на секое место со еднаш внесена течност требе да работи или ќе има загуба 20%.Или за по јасно вкупната тежина на вратилото или радалицата на одредена плоштина или површина создава притисок и тој притисок се искористува за производство на друг вид на Енергија.Значи радалицата мора да биде слободна за да може да се движи во нагорна линија и така целата нејзина тежина доаѓа до израз преку создадениот притисок а водата ќе служи само да ја врти радалицата или вретеното и тоа на мирно течение .А производството на Електрична Енергија од сонцето е многу штетно .А околу тркалото што го правам и требеше да биде готово тој рок се пролонгира бидејки се јави проблем и пак требе да правам нови преправки шти и мислам дека ќе го добијам бараниот резултат.Летвичката за успех сам си ја подигнав и мислам дека ќе успеам но испадна многу комплицирано но ако заврти ќе биде нај едноставната машина за производство на Енергија.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.930
Поени од реакции
3.621

Зошто производството на електрична енергија од сонцето е штетно?
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
As the green energy revolution accelerates, solar farms have become a familiar sight across the nation and around the world. But China is taking solar power to a whole new level. The nation has announced plans to put a solar power station in orbit by 2050, a feat that would make it the first nation to harness the sun’s energy in space and beam it to Earth.

Mankins estimates that such a solar facility could generate a steady flow of 2,000 gigawatts of power. The largest terrestrial solar farms generate only about 1.8 gigawatts.

https://www.nbcnews.com/mach/science/solar-farms-space-could-be-renewable-energy-s-next-frontier-ncna967451
 
Тоа би значело и безжичен пренос на енергијата (нешто што наводно уште Тесла го измислил), освен ако жутите немаат спремено и некој кабел од вселената до земјата...
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
867
Поени од реакции
79
Зошто производството на електрична енергија од сонцето е штетно?
Кога настапи смрт на еден човек или на некој друг жив организам малку ние криво и тешко но го пребродуваме бидејќи знаеме дека тоа е животен процес а кога настане смрт од невнимание или од други не предвидени околности го бараме кривецот и тука вознемиреноста е поголема кај сите што ја слушнале таквата вест но ако смртта настапила физички на грозоморен начин и таквото дела станат секој дневно тогаш вознемиреноста е многу голема и почнуваме да ја губиме сигурноста но истото природно го следува и целиот друг жив свет на земјината топка.Па така се однесуваме и со согорливите Енергенси за производство на Енергија но чувствуваме проблем или од секоја потрошена Енергија или Енергенс некаде се појавува проблем што човештвото го занемарува бидејќи нема друга алтернатива но од кога ќе изврши замена тогаш ја увидува штетата со грешката со која што работел.Па така и со искористувањето на сончевиот зрак или одземањето на сончевиот зрак за производство на друг вид на Енергија е многу штетно бидејки сонцето испорачува толку светлина и топлина за одржување на целиот жив свет на земјината топка.Тоа е мое мислење.
 
TRICKO

LEGEND
Член од
2 јули 2019
Мислења
416
Поени од реакции
326
Тесла гу е измислија бесплатну струју свак човек да има струју дома , а не држава да профитира од онија кои немав , затој и сам Тесла е измислија (Теслин Корањ) ама Америка мора да га спречи тоја за да не добиев људи бесплатну струју . Зашто да бидне бесплатно кд може да се плаќа
 
Kajgana Shop

На врв Bottom