Фан клуб - РК Вардар

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.198
Поени од реакции
35.747
Откажан е летот. Чекајте да има официјално.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.216
Поени од реакции
41.345
Откажан е летот. Чекајте да има официјално.
abe ne e otkazan, tuku prvicniot tajming e pogresen, staveno bese vremeto koga treba da sleta, a togas vsusnost se trga od keln pa istiot e preskrtan, a mediumive odma se uletaa da prenesat deka e otkazan.
6, 6 i 15, togas treba da sletaat vo Skopje.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.127
Поени од реакции
35.078
ИНФО ИНФО ИНФО !!!
Никогаш не го потценувај СРЦЕТО НА ШАМПИОНОТ !!!
Парадата на Гордоста започнува со Собирот пред салата Јане Сандански во 17:00ч. Од таму заедно се упатуваме кон Аеродромот Александар Велики со Дефиле од илјадници автомобили, мотори (Ноќни Волци), автобуси (организирани од ЈСП), велосипеди, тротинети на пречек на хероите. Од таму заедно во ГОЛЕМО ДЕФИЛЕ се упатуваме кон Плоштадот Македонија на голема Заедничка прослава...
Ја Повикуваме цела Црвено-Црна Армија и цел Македонски народ заедно да ја прославиме Втората Европска Титула но пред се да го почувствуваме на голема сцена тоа Шампионско срце кое не направи сите да се чувствуваме горди, со исполнети души и срца !!!
Оваа Парада на Гордоста воедно е и прослава на нашиот 32 Роденден !!!

- ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ОД ЈСП ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ САКААТ ДА ПРИСУСТВУВААТ НА ПРЕЧЕКОТ !!!

За дожувувањето да е комплетно и Титулата да ја прославиме во вистинска навивачка атмосфера се погрижи СКОПСКА ПИВАРА која ќе не освежи со ладно СКОПСКО ПИВО. На Собир пред сала !!!

- ДЕФИЛЕТО ЗАЕДНО СО КОМИТИ и Црвено-Црната Армија ќе го предводат НОЌНИТЕ ВОЛЦИ !!!

СОБИР: Сала Јане Сандански 17:00ч.
СТАРТ НА ДЕФИЛЕТО КОН АЕРОДРОМ: Околу 17:30ч.
Авионот Слетува околу 18:30ч.
А од Аеродром СИТЕ ЗАЕДНО - На ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА !!!

СПОДЕЛУВАЈТЕ !!!


Komiti Skopje
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.216
Поени од реакции
41.345
Ракометарите на Вардар попладнево во 18.50 часот ќе слетаа во Скопје. Град Скопје за ракометарите обезбеди чартер лет за кој од буџетот ќе бидат одвоени 39.500 евра.

Како што најави градоначалникот Петре Шилегов на Плоштадот Македонија ќе се организира дочек на ракометарите за што се одвоени 2 милиони денари, а ракометарите од Градот ќе бидат наградени со 6 милиони денари.

Untitled212121212121212121.png

IMG_1727.jpg
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.532
Поени од реакции
21.408
Ракометарите на Вардар попладнево во 18.50 часот ќе слетаа во Скопје. Град Скопје за ракометарите обезбеди чартер лет за кој од буџетот ќе бидат одвоени 39.500 евра.

Како што најави градоначалникот Петре Шилегов на Плоштадот Македонија ќе се организира дочек на ракометарите за што се одвоени 2 милиони денари, а ракометарите од Градот ќе бидат наградени со 6 милиони денари.

Прегледај го приврзокот 210039

Прегледај го приврзокот 210040
Чкембар undercover. :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.443
Не бе не, не не и не, не можам да си поверувам се уште. Не е можно, кажете ми дека сонував и дека не сум разбуден. Не сум свесен што се деси, каква историја испишаа момциве. Ајде ќе одиме со ред од почетокот на сезоната.

Прв меч со Монпеље на гости, бранителот на титулата, очекував да не потопат а ние со цел плен се вративме. Уште тогаш момциве најавија дека нема да бидат топовско месо како што беше најавувано во ракометниот свет. Генерално ни предвидуваа едвај пласман во втората рунда и таму испаѓање. Меѓутоа, Вардар не би бил Вардар ако не ги изненади сите. И покрај сите турбуленции и најави, стартуваа со 4-0!!! По Монпеље следеше лесен меч со Кристианштад дома, а потоа БУМ, Веспрем на гости падна. Тука искрено очекував да не согазат, без заебанции, тим спремен за титула имаа уште од почеток на сезона, еден куп јаки играчи, тим во кој се вложени сериозни пари, наспроти Вардар во фаза на распаѓање... Ги осакативме на тој меч, како и на вчерашниот хехе. Следуваше Рајн Некар дома и подоцна пораз од Киелце на гости, сосема очекуван и нормален по фуриозниот старт. Да ја скратиме причата, следуваа два порази од Барса, сосема очекувани, икс со Брест таму, победи гости со Некар и Кристианштад и лека полека си го заверивме пласманот натака и закажавме меч со Загреб.

Се очекуваше Вардар да иде даље али на онаков начин? Никако. Ги откорнаа во двомечот и излегоа на мегдан со Пик Сегед. Е тука мнооооооооооогу луѓе и експерти се заебаа во прогнозите, вклучувајќи ме и мене. Искрено очекував победа од 2-3 гола разлика во Скопје и пораз од 7-8 во Сегедин, но што се деси? Добивме канонада на голот на Сегед во последните 10 минути во Скопје, за на гости рутински да ја зачуваме предноста иако во првото полувреме имавме проблеми.

И потоа долго очекуваниот Ф4 каде бевме убедливо на последното место според шанси да освоиме. Барса нормално убедлив фаворит, и Вардар не би бил Вардар ако одма не го добие најтешкиот противник. Ама па како е најслатко, по најтешкиот пат, нели? :D 95% од мене беа убедени дека губиме лесно и глатко, 5% имаше надеж дека сепак овој тим има срце и душа и може да приреди уште едно изненадување. Пресреќен сум што тие 5% од мене победија во случајов, ПРЕПРЕПРЕПРЕСРЕЌЕН. Околу утакмицата, 45 минути додека водеше Барса со 6-7 голови разлика ние игравме егал во позиционен напад со нив, а на контри не убија. Секоја одбрана на Де Варгас беше контра и гол за Барселона, а додека ние одбраните на Милосављев ги користевме за спори и позициони напади и не профитиравме премногу од нив. Ок, тоа е и јачината на Барса, играта во транзиција. Приметив на 2 тајм аути во второто полувреме дека оној дегенерикот Чави Пасквал едно исто им збори на неговите ракометари, дос он дос, дос он дос, и само тоа го повторуваше. Кој си бе ти тренер со тој ростер на играчи само два на два да им кажуваш да играат? Тука беше прочитан од Парондо кој мајсторски ја постави одбраната во второто полувреме и скроз ги неутрализираше нападите на Барселона. За Барселона како колектив немам зборови, најгнасниот тим на планетата заедно со ПСЖ, нула од фер плеј, Криштопанс лежи умрен на терен овие гол даваат, Карачич нога искрши овие брзаат гол да дадат, епа кур да јадете све да ви ебам. Ги стигна и кармата, Карачич кога се повреди им испадна топката од раце, ГЛЕДА ГОСПОД МАТЕР ВИ ЕБАМ ОДВРАТНА!!! Она што го направи Вардар во второто полувреме против Барселона ќе се раскажува со децении, на деца и на поколенија ќе го прераскажуваме, добиена беше Барса со ДЕВЕТ голови разлика. Палмарсон, Дика Мем, Дуарте или како и да се вика, Сораиндо, Томас, останаа буквално без зборови, неми, не им се веруваше што ги снајде. Да бидам искрен, во еден момент делуваше како да играме во Скопје кога ја направивме серијата и се доближивме на 1 гол, тогаш Барса не знаеја што да прават, им паѓаа топки од раце, се плашеа да преземат одговорност, апсолутно изгубени во свемирот беа.


И сеа што даље? Ја тепавме Барса, најјакиот тим во светот, ни остана финалето против Веспрем, повторно аутсајдери... Можеме ли? Нормално дека можеме, ние сме Вардар, нема откажување никогаш, до последен момент. Што знам луѓе, како во воздухот да се осеќаше дека ќе освоиме. Гледав во Жапон на Рузвелтова, газдата ваљда е некој постар Комита, имаше многу Комити собрано, се пееше цело време, секој гол се прославуваше со овации, секоја одбрана на Деки со овации, буквално како на стадион да бевме.
Имавме фуриозно прво полувреме, Веспрем беше одуван од теренот, како брз воз ги прегазивме. Во второ очекуван беше мал пад во нашата игра, пишав и на форумов овде, слично изгубивме во Скопје, не треба да ги потцениме и да мислиме дека е готово. Ме загрижи повредата на Шишкарев, он ни е еден од најбитните играчи во одбраната. И испаднав во право, не стигнаа за многу брзо време и направија да гледаме егал меч до крајот. Доброто е што во ниту еден момент не го испуштивме водството, до -1 ни дојдоа и толку беше од нив. Мора да го пофалам Парондо, во прав момент го одмори Деки и го стави оној Гебсдсадснадсандас како и да се вика, Гебдан мислам, и ликот имаше клучна интервенција, СО ФАЦА одбрани. :pos:
Мислам дека тоа беше моментот што ги уби Веспремци, покрај ладнокрвноста на Чупич од линијата за 7 метри.
Штербик (не сакам да го пцујам, сепак легенда ни е) ги врати во игра во второ, имаше пар маестрални интервенции, чисти зицери фаќаше и после тоа Веспрем даваше голови. Она копилено Тонесен не промаши да му ебам се најмило, Гајиќ нешто се курчеше у второ, продаваше муда за бубрези, Ненадиќ пробуваше да испровоцира исклучувања али безуспешно, Дејвис со константен притисок врз судиите и делегатот како и целата клупа на Веспрем, сето тоа БЕЗ УСПЕХ. Они имаа многу повеќе исклучувања од нас ако не се лажам, и притоа немаше никаква глума од наша страна, Криштопанс е играч кој не глуми, а изеде ќотек колку за цела година. Исто и Столе и Мораеш, цело време играа Веспремци на граница на исклучување. На крајот тоа не им се исплатеше, кој ги ебе!! :D Одлично судење бај д веј, судење какво ретко се гледа.

За играчите од каде попрво да почнам. Ајде од Игор кој изигра епска сезона, ГОАТ левел сезона. Заедно со Столе, од побитните играчи секако, се со најголем стаж во Вардар. Преживеа се и сешто, смена на тренери, незимање плати, седење на клупа, повреди, 300 работи му се десија и дечкото остана до крај во Вардар, го даде својот последен атом од снагата и изгина за овој дрес. Нормално, тоа го наплати со титула, како што заслужува секој јунак. Секоја ти чест Игоре, фала ти за се, како што реков погоре на поколенија ќе раскажуваме за тоа што го имаш направено за овој тим и неговите фанови. Среќно во натамошниот дел од кариерата. :place:

Столе. СТОЛЕ ТИ СИ НАША ИКОНААА, ИКОНААААА, ИКОНАААААААААА. Цела сезона се мачи со повреди, ама кога и да влезе 100% го менува текот на играта, во позитивна смисла секако. Што значи да имаш еден ваков искусен играч и лидер, па мислам дека не постои тренер во светот кој не би посакал играч како Столе. Влезе, даде гол, изнуди 2 исклучувања ако не се лажам, го одмори Мораеш, буквално се како што треба. Што и да кажам џабе е, си бил, си, и секогаш ќе останеш најголемиот Вардарец. ГРАНДЕ СТОЛЕ!

Криштопанс. :confused: Ај сеа да видам колку души рековме дека Криштопанс е дрво, нема муда, џабе е 215 висок, итн итн? :icon_lol: Мислам дека не постои фан на Вардар што го нема речено ова, али за се постои демант во животот па така и за играта на Криштопанс. Она што го изигра сезонава е за чиста 10-ка, нарочито во вториот дел и на овој ф4. Реално гледано он беше МВП на турниров, ама што рече Ксаго баш холивудски е на Карачич да му се даде таа награда пошо беше срцето на тимот и двигател на играта. Инаку Криштопанс е нереално битие, 60 минути подеднакво добро во двата правци, па ретко кој ракометар го може тоа искрено. Згора на се трпи еден тон ќотек, не се буни него само си игра, пример за прав спортиста. Секоја чест и за тебе големо момче, со среќа во ПСЖ.

Дибиров. Некако тивок ми беше Тимурчо на завршниов турнир. Обично он се истакнува на вакви натпревари, но од непроценлива вредност е неговото присуство на теренот, и во напад и во одбрана. Нормално, Тимур не би бил Тимур, и покрај тоа што беше како што реков во сенка, ако не постигне некој еврогол со кој ќе ја крене публиката на нозе. Исто еден од најголемите Вардарци, со највеќе стаж, фала ти за се до сега ќелави комраде мој. (y)

Мораеш. Страшен втор дел од сезоната, страшен Ф4. Конечно се разви во пикерот кој сите очекуваа да стане, не за џабе беше земен во Кил пред да дојде во Вардар. Ок, мора да се признае дека има хронични проблеми со повредите па затоа не може да фати континуитет. Во секој случај маестрален Ф4 одигра, без грешка и во напад и во одбрана.

Глеб Калараш. :pos: Многу ми е смешен човеков жими се. Таков со долга недефинирана брада, дивтар, све мава и тепа што ќе му се испречи на патот, секогаш врие кога ќе добие исклучување, лудило од играч. Како што рече Нињо, успеал малце да го смири темпераментот и на завршниов турнир одигра многу зрело, не правеше глупи исклучувања и сличи дегенески ствари. Обично знаеше да прави 2 исклучувања за 20 минути и иди после играј во одбрана...

Чупич. Овој да го нема цела сезона, да нема стапнато на терен и на тренинг, одма би го викнал да ми игра финале, во било кое време. МУ ДО ЊА, секогаш бил секогаш и ќе биде. Човек за големи натпревари, големиот ИВАН. ДАНКЕ од се срце Иване.:cuc:

Деки Милосављев. Што да кажам што веќе не е кажано за него? Донесен како анонимус, замена за големиот Штербик, нула очекувања од јавноста, а он изигра ГОАТ СЕЗОНА, сезона за аналите. Среќно во Фуксе Берлин мајсторе, дај Боже цела кариера да ти е осипана со успеси. :cuc:

Ќе застанам тука, секако има уште за спомнување ама излишно е веќе било што да се каже, момциве не направија да се чувствуваме горди што сме Македонци и фанови на Вардар. Да им приредима после еден топол и пречек со шестоцифрена бројка на фанови на плоштадот.

Не знам, не ми е јасно се уште што направивме, во шок сум, дрхтам, ми чука срцево како ретардирано. ИСТОРИЈА :oeoeoe:
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.316
За дечките наклон до земја.

До душа и за мене што си се почуствував дека сум баксузот во сала па со време одлучив да не идам на битни утакмици ( после Фленсбург и Киелце во Полска) колку и да го сакам Вардар. :D

Али ова е нереално добро. Сите го чуствувавме тој дух на екипава од почетокот на сезона, сите го чуствувавме духот кој го красеше во оваа мера Вујовиот Вардар. Таа некоја жичка на инат, жичка на не му иде на Скубе (пример) јас ќе превземам, жичка на они се фалеа ние сме Барселона- епа ние сме ВАРДАР, жичка на кој го интересира како игра противникот ние си играме наша игра и жичка на кој ги ебе сите си имаме ние армија навивачи и они да бидат среќни ми е побитно од платата. Па видете само за пример германец како Дисингер како се понаша сезонава па се ќе ви биде јасно.

Публиката ова го увиде и цела сезона беше горивото на овој Вардар и прв пат некако почуствував дека ги немавме оние преписки стари фанови нови фанови, овој мирасал на лук оној влегол дупе пијан во сала, па можеби и прва сезона без некоја тепачка на навивачка трибина.

Мене уште ми е нереално и тврдам дека доколку би имале друг пристап на наградување на успехов, односно доколку не се земат во обзир договорите од пред сезона на играчите и они да треба да се вреднуваат по крајниот остварен резултат, епа тогаш би немало пара да се подмири овој успех.

Не сакам да издвојувам поединци затоа што не е возможно. Ама оваа БАНДА секогаш треба да биде мотив во животот за се што уживаш да правиш.



The only time you are allowed to use the word never.



Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Последно уредено:

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Уште не можам да се соземам.. Први во Европа еј.
Единствена светла точка во 30 годишна историја на вукојебинава е клубов, СВЕТОСТ.

Добро не е единствена, и Пелистер вака не радуваше кога играа со Лемго кај беше Вардар :icon_mrgr::icon_mrgr: Да ги боцнеме малце.

Газиииииии
кога се крена паркетот?
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.901
Поени од реакции
17.546
Screenshot_20190603-121622.png

Можно ли е и ова да се случи сега.Викаат најдоцна во осум можеле да слетале кога ќе си одел педеров или да си остане оној од полноќ.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.701
Поени од реакции
5.328
Како што пишува „Дело.си“ нов тренер на европскиот шампион ќе биде Урош Зорман, долгогодишниот капитен на словенечката репрезентација, кој во овој момент е помошник на Веселин Вујовиќ во Словенија и Талант Душебаев во Киелце.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Како што пишува „Дело.си“ нов тренер на европскиот шампион ќе биде Урош Зорман, долгогодишниот капитен на словенечката репрезентација, кој во овој момент е помошник на Веселин Вујовиќ во Словенија и Талант Душебаев во Киелце.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
https://www.delo.si/sport/rokomet/se-ena-bomba-iz-koelna-slovenec-prevzema-vardar-191262.html
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Во сет хаос и еуфорија заборавив да го споменам Деки Манасков :pos: Како се улета ликот два пати зицер во Милосављев стегна :pos: :pos: Преглупо створење, мислам дека од што е глуп, со упатство дише.
 
Член од
1 февруари 2014
Мислења
218
Поени од реакции
368
Се воздржувам да пишувам на темиве , ама неможам. Преголеми се емоцииве за да го опишам овааа , немам спиено цела ноќ а и не верувам дека и денес ќе спијам. Ми доаѓаат напливи на солзи, радост и некои заебано радосни чувства. Вардарее не ми се верува што дочекавме, малото "клубче" од кале кое го знам и навивам од 13 годишна возраст прерасна во еден вистински ГИГАНТ, ВЕЛИКАН, БРЕНД и и пркоси на цела Европа и оваа мочана политика која на сите можни начини пробува да го замре. Насекаде бев со тебе Вардаре , години наназад те пратев во Маџарска, во Загреб, во Германија, и каде и да играше ти, иако многумина ме правеа луд. ФАЛААА ти што ми врати за се и ме правиш најсреќниот човек на планетава. ВАРДАРЕ ТИ СИ ЖИВОТ МОЈ :place::icon_mrgr::cool::LOL::love::icon_lol::jeeee:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom