Фан Клуб: Челзи

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Штом излегоа слики од состанок помеѓу Брус Бак и тој на Јуве на денот на финалето, знаев дека ќе се случи ова. Не можеше ни два дена ко што треба да се израдуваме на трофејот без некакви други приказни. Челзи :toe:

Го разбирам Сари. Зошто би останал во клуб кој очигледно не ти ја цени работата, во клуб во кој навивачите пола сезона ти свиркаат и не ти покажуваат никаков респект. Хаотичен клуб кој нема да може да ти донесе играчи по твоја желба. Сигурно е свесен дека наредната сезона скоро сигурно ќе биде полоша од оваа, и свесен е дека целата ситуација ќе биде заборавена и на крај он ќе биде единствен кривец. Од друга страна, те сака најголемиот клуб во Италија. Ти нуди стабилност, поддршка. Имаш скоро загарантирана лигашка титула наредна сезона, можеш да конкурираш за ЛШ, и ќе тренираш еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот.

За Челзи ако едно знам, тоа е дека никој не може да ги натера да се откажат од тренер или играч. Доколку Челзи не сака да те даде, нема да те даде. А од Сари очигледно среќни се да се ослободат, дури се збори дека може и без оштета да го пуштат. Повторно никаква логика. Лани цело лето го поминаа натегајќи се за Сари, конечно го донесоа, го поддржаа и со по некој играч и после само една сезона во која патем си исполни се што се очекуваше од него, спремни се да се откажат и пак да почнуваат од почеток.

И сега најверојатно ќе дојде Лампард. Играч кој најмногу сум го сакал, тренер кој би бил совршената фаца за Челзи. Ама не сега. Баш затоа што го сакам, мислам дека е лошо време сега да дојде. Затоа што не сакам да не успее во Челзи. А моментално нема никакви услови за стабилна работа и успех. А од друга страна па и само некој како Лампард гледам како прифатлива опција во моментов. Бар ќе дава шанси на младите, конечно ќе го искористиме целиот потенцијал на академијата. Затоа што ако дојде некој како Алегри, Мурињо.............................................................................

Штета. Сари го гледав како идеалниот кандидат кој ќе започне нова ера во Челзи. Со напаѓачки, интересен фудбал. Па потоа ќе му оставеше веќе спремен тим на некој како Лампард.
Клубов прави да не знаеш како да се осеќаш и што да сакаш. Колку и да не сакам да дојде Лампард сега, затоа што не е добар момент, верувам ако дојде ќе бидам највозбуден што сум бил до сега за нов тренер.
Но, да почекаме. Не би ме чудело за некој ден да треба да пишувам скроз различен пост.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Сари го нема моментот на радост кој го имаше Конте, кој мораше да ја добие и таа 3та сезона која му следуваше по договорот. Конте играше со тимот, беше максимално внесен во секој натпревар, емоции кои Сари не успеа да ги долови кај мене.

Дали Лампард би бил добар тренер? Да во некоја иднина. Опцијата Зинедин Зидан беше одлична, мислам дека одлично ќе се вклопеше во Челси, а притоа беше навикнат на неносење играчи. :D Ниту еден реномиран тренер не би се нафатил на Челси, со оглед на тоа дека не може да носи играчи, најдобриот играч ќе си оди, а и со историјата на клубот со селекторите.

Алегри е веќе друга приказна. Зад себе има големо тренерско искуство, мислам дека нема да биде пречекан со нож и тој треба да биде примарна мета на Роман. Тешка мисија но вреди да се проба. Редно е тимот да добие стабилна тренерска позиција. За 1-2 сезони никој не може да изгради состав и препознатлива игра која би носела титули.
 
B

Beginner

Гостин
И сега Сари ке остане или ке си оди?

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988

Вака (нешто) би изгледал составот наредната сезона. Големи се шансите Алонсо да се врати во Шпанија. Лани и Кристенсен беше на излезна врата, но ако оваа биде последна сезона на Давид во Челси, може да се бори за стартна позиција во првиот тим. Тука се и Зума, Ампаду и Рахман. Има уште неколку клинци по другите лиги, но не верувам дека би добиле шанса. Очекувам да го повлечат Мејсон, па и Чарли Браун. Детето игра одлично.

Ова ќе биде релативно млад тим, со Жиру, Педро и Вилијан (и евентуално Мичи) за ротација напред. Само не верувам дека некој селектор би ги ставил нив 3ца како стартери (Одои, Пулисич и Абрахам), но можат да се носат со секој тим за сезона-две како првотимци. Абрахам имаше сезона со 26 гола и Одои кој се избори за стартна позиција кај еден Сари кој цело време прави едни исти измени. Сигурно дека наредната сезона ваков Челси нема да може да се бори за некоја посериозна титула, но мислам дека за неколку сезони оваа генерација ќе може да конкурира ,и со неколку засилувања, да биде една од доминантните во Европа.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Џабе формации без да знаеме кој ќе биде тренер.

Еве на пример се спомнува Мурињо тренер, Тери асистент :icon_mrgr:
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.933
Поени од реакции
1.914
Го разбирам Сари ако сака да си оди и воопшто не го кривам. Го бара најстабилниот клуб во Италија кој му гаранитра титула во калчо, шанса да работи со најдобрите играчи плус клуб кој ќе застане позади менаџерот.
Шанса која ретко кој би ја испуштил, знаејќи дека во Челзи нареднава сезона ако има лоши резултати може да не го дочека јануари месец.

Во ваква ситуација со трансфер бан, без најдобар играч Хазард скоро е невозможно да се договори некој врвен тренер.
А искрено не би сакал некој како Алегри, Енрике да ни дојде...

Доколку веќе си оди Сари, нека му дадат шанса на Лампард и така тимов нема капацитет да се носи со Сити и Лфц, цел пласман во лш и некој куп ако успеат да закачат.
Поента ми е ако се дава шанса во ваква дед ситуација нека биде на некој кој што во клубот е долго време и го знае, а таков е Френк. Мое мислење е дека во моменталнава ситуација повеќе ни треба некој со мотивациони способности од што со тактичи.
 
B

Beginner

Гостин
I oficijalno objavia od klubot se dogovorile so Real za 100 mil evra. I gledam mozebi Tomori ke si odi i toa za smesni 10 mil pa koj kur koga ni trebat mladite igraci oni gi prodavat. Kako da zaboravat deka imame ban. Upravata ni e dno dna...

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
I oficijalno objavia od klubot se dogovorile so Real za 100 mil evra. I gledam mozebi Tomori ke si odi i toa za smesni 10 mil pa koj kur koga ni trebat mladite igraci oni gi prodavat. Kako da zaboravat deka imame ban. Upravata ni e dno dna...

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
Сподели од кај ти се информацииве жити се :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom