ЗЕМЈОТРЕС!

Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Еве јас мислев мачорот мој кога го затворив всоба, мјаука греби по врати по мебел, по теписони, мислејќи пу ебати ѕверот земјотрес предвиде, на крајот изврши нужда на тепих.
Значи не било земјотрес , ама пак ете не го разбираме мачешки јазик и ШЛАП врз тепихот


Sent from my iPad using Tapatalk
 
K

kicodarker

Гостин
Значи не било земјотрес , ама пак ете не го разбираме мачешки јазик и ШЛАП врз тепихот


Sent from my iPad using Tapatalk
Jaс да се нашалам малку, инаку постојат еден куп легенди за тоа во народното верување кои можеби научно не се докажани но во најголем број случаеви, испаднале точни дека голем број животни можат да претчуствуваат.Во Цепенков имаше ако се појават голем број жаби и скакулци, и за домашната стока што тогаш ја чувале. Скоро секој народ има по некое такво “народно гатање“.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Jaс да се нашалам малку, инаку постојат еден куп легенди за тоа во народното верување кои можеби научно не се докажани но во најголем број случаеви, испаднале точни дека голем број животни можат да претчуствуваат.Во Цепенков имаше ако се појават голем број жаби и скакулци, и за домашната стока што тогаш ја чувале. Скоро секој народ има по некое такво “народно гатање“.
Да точно, еве пример во индонезија во 2004 година и имаше голем земјотрес во океанското дно што предизвикува огромни цунами и имаше големи човечки жртви ама ниеден не е регистриран случај за умрените животни во дивиот свет туку само човечки


Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk
 
Последно уредено:

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Добро утро :D
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
117
Поени од реакции
83
Еве уште еден нов сега во моментов.

Сите од албанија.



III 2019-06-01 06:20:51.118min ago 40.56 N 20.92 E 2 3.6 ALBANIA

2019-06-01 06:09:11.630min ago 40.50 N 20.97 E 2 2.5 ALBANIA

2019-06-01 04:56:40.91hr 43min ago 40.47 N 20.78 E 4 3.2 ALBANIA
9
IV 2019-06-01 04:51:58.31hr 47min ago 40.46 N 20.81 E 10 4.4 ALBANIA

II 2019-06-01 04:43:28.81hr 56min ago 40.44 N 20.76 E 3 3.7 ALBANIA

2019-06-01 04:43:06.61hr 56min ago 38.49 N 16.14 E 10 2.2 SOUTHERN ITALY

V 2019-06-01 04:33:09.12hr 06min ago 40.53 N 20.80 E 10 5.0 ALBANIA
51
V 2019-06-01 04:26:18.62hr 13min ago 40.47 N 20.80 E 10 4.9 ALBANIA
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.637
Поени од реакции
3.260
Три пати ме разбуди од сабајле, дрмаше по едно добри 5-6 секунди...
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Епицентарот изгледа Корча или погрешна имформација!?
10 km од Корча.Ме разбуди и во 6:30 и во 9 сега, а живеам на пониско.Како им било таму интересно, можа мда замислам само.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Епа рушите темели на ранохристијански базилики со хилта....глеа госпот.

Сериозно. Ова нема врска со тие од Косел од пред некоја година. Може ќе ги разбуди пак.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Ohrid callingМешеишча некој јак грав имат јадено чим таму е епицентар
 
A

Avenger99

Гостин
Менаја локација, према Лакочереј епицентарот, иначе 3.8 и доста бучен, на 3 спрат добро заниша!
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Го чуваш ли се' уште тоа писмо драга ...?

Ти пишував за големата несреќа што го задеси нашето Скопје. Ти пишував дека исчезна театерот, се сеќаваш? Дека Офицерски и Народната банка ги дорушуваат со динамит, дека плоштадот остана празен. Го немаше ниту хотелот Македонија, ниту летното кино во бавчата Балкан. Старата железничка наполу пресечена. Страшни беа сликите на тоа наше Скопје, драга моја . Ти пишував и за многу други паднати згради, куќи и објекти од катастрофалниот земјотрес. Ти објаснував што значи секоја боја со која ги бележеа оштетените куќи. Вашата беше обележана со жолта линија. Беше падната само онаа страна од позади, кај твојот прозорец, ама можеше да се санира, и за тоа ти пишував највеќе. Иако беше замината далеку, сепак, си велев ако им кажам дека куќата може да се санира, верував дека ќе се вратите...

Знаеш, кога ја гледав вашата куќа бев среќен што немаше никој во неа тоа утро, а кога секој ден поминував покрај неа пред тоа, бев тажен токму заради тоа дека нема никој во неа. Те немаше тебе моја драга . Знаев дека ќе те потресувам ако ти пишував и за загинатите од нашето маало во таа несреќа, па ги избегнував тие работи. Тогаш се’ уште не им се знаеше точниот број, ама се знаеше дека се многу. Не’ затекна на спиење проклетиот, и ете, ем ни го сруши нашето старо Скопје ем ни уби илјадници сограѓани. Цели семејства исчезнаа после тоа утро. Ти пишував и за тоа што ни ветија. Дека ќе ни го направат Скопје уште поубаво, дека ќе стане симбол на светската и југословенската солидарност. И навистина, одеднаш се појавија многу непознати фаци во Скопје. Помагаа да се расчисти урнатото, да се изгради новото Скопје. Нови булевари, нови улици, нови објекти, нови населби, ново корито на Вардар, нови луѓе, нови генерации и едно сосема ново Скопје. Ми беше сеедно драга моја . Знаев дека без тебе моето Скопје нема никогаш да биде исто колку и да е убаво. Ми исчезнаа, ми ги уништија сите нишани кои ме сеќаваа на тебе. Е, за тоа највеќе ми беше мака. Исчезнаа врбите и тињата покрај реката, плажите, зелената боја на Вардар од која наутро потскокнуваа мали рипчиња, која неретко ја голтавме додека се капевме на некоја од градските плажи...

Но, замисли моја драга . Сепак нешто остана. Таму некаде покрај паркот, кај старата градска плажа, кога ќе се симнев покрај реката на моменти со ветерот кој се спушташе заедно со матната вода, доаѓаше и оној волшебен и единствен мирис на стариот Вардар. Често одев таму и го чекав тој момент. Како да сакаше реката да ми каже дека се’ уште се бори да го сочува барем мирисот кој ме потсетуваше на тебе моја драга . Го чекав со часови и доаѓаше...

Утрово, во 5 часот и 17 минути седнав на кејот од онаа страна кај Офицерски, ти текнува? Да, долу покрај реката на клупите од најновиот кеј. Сакав од овде да го видам новиот стар театар, плажите, врбите. Сакав да се сетам на тебе моја драга . Затоа дојдов. Ако земјотресот ни го сруши нашето Скопје, ако солидарноста ни го изгради, сега, можам да ти кажам дека некој конечно му ја зема и последната нитка од душата на нашето Скопје. Го загуши, го задави. Го нема повеќе и последниот нишан кој ме потсетуваше на тебе, мирисот на реката. Нема од каде да се протне ветерот. Ова не е ниту моето, ниту твоето Скопје моја draga. Ова не е повеќе нашето Скопје. А животот ми беше убав само од сеќавањата на тебе моја драга . Го чуваш ли се’ уште тоа писмо...?
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Баже и Наде... '63
Застани Благоја!!!... Баже, Бажеее... врати се!!! викаше тетка Веселинка, мајка му. Сите ја слушнавме, и сите ги завртевме погледите кон него. Џабе. Благоја продужи избезумено да трча кон нејзината куќа. На себе ги имаше само оние бели купаќи со црна лента напред, и учкури на куковите кај што се врзуева. Беше жива атракција кога ќе се искачеше на највисоката греда на “Железен“ и ќе скокнеше у Вардар у “ласта“ стил. Ги ставаше шаките на кукови, ги испрчуеше грудите напред, главата ја искосуеше у лево, и пред да падне у водата ќе се отвореше ко орел пред да го фати пикираниот плен, ќе плеснеше у водата и за една секунда излегуеше на површина. Нада, не можеше да ги гледа овие негови атракции. Се плашеше, и на секое негово скакање од таму, се вртеше да не гледа или ги покриваше очите со рацете. Аман Баже, те молам, немој више, беа нејзините пораки откако ќе излезеше на тињата под врбите, а маџирмаалската публика аплаудираше...
Сега, додека трчаше кон куќата на неговата сакана Наде, никој жив не можеше да го сопре. Ни крикот на мајка му. Секое мускулче му трепереше на грбот, на нозете, а босите стапала не ги допираа камењата од калдрмата, ниту му беа пречки срушените ѕидови од околните куќи. Баже трчаше. Знаеше дека нивната куќа е трошна, дека прозорот покрај нејзиниот кревет, одпоодамна зјаеше на едната страна, ѕидот беше одвоен од рамката. Зиме го пунеа со весници и крпи за да не дува, лете ги тргаа за да дува...
И мајка му Веса, и татко му Диме почнаа да трчаат по него. Се стрчаа и други. И јас. Благоја не застана ниту кога виде дека куќата на Наде е претворена во куп цигли, ќерамиди, прашина, само носечката греда на чатмата укежуеше дека тука имало куќа. Застана на крајот од онаа страна кај што беше нејзиниот прозор, и со раце почна да откопуе. Застанавме сите и гледавме. Баже личеше на “Липкер“, ринеше, собираше цигли, дрва, камења, и ги фрлаше на страна, ја бараше неговата љубов Наде. Не застануеше. Само Горниот можеше да му ја даде таа сила, никој друг, зборуева у маало. Му се придружи и стариот. И тој почна да ги трга рушевините. Дојдоа и други. Овде, овде тргајте, овде и беше креветот, викаше Баже и продужуеше да расчистуе. Затресе пак. Сите се тргнаа на страна, само Баже остана. За момент се виде како извлекуе нечија дланка од под рушевините, ја стави на усните, клекна, и заплака. Гредата од чатмата се откачи баш од таа страна, падна врз неговата глава...
Не ја испушти нејзината шака од неговата. Така останаа двоицата, засекогаш. Баже и Наде...
п.с. Приказнава е од дедо Ангеле од Ново маало...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom