Фан Клуб: Челзи

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Пред секое финале кое го играле се осеќам ептен самоуверено, дури и против Сити сезонава. Вчера беше еден од ретките случаи кога не сум сигурен во тимот пред да се бори за трофеј. Многу повреди, на играчи кои да беа здрави ќе беа стартери во финалето. Безброј негативни приказни околу клубот, сто пати избркан тренер и што не. Ама кога ќе си помислиш, тоа е Челзи. Ништо од тоа не беше важно на терен и на крај пак покажаа карактер. 16ти трофеј во последните 15 години. Освојувањето трофеи е веќе навика врежана длабоко во клубот сега, и знам дека во каква ситуација и да се наоѓаат, ќе си продолжат со освојување.

Каков перформанс во второ полувреме, секоја чест за секој од играчите. Не би издвојувал никој посебно, сите изиграа како тим. Во следните недели може да се фокусираме на поединци и да гледаме кон иднината.

И посебно ми е мило за Сари. Да не се повторувам, во претходниот пост убаво си пишува се. Многу би ми било криво ако одлучи да си оди. Нареднава сезона може нема да добие играчи баш какви што сака, ама ќе добие младинци полни со потенцијал и желба за докажување, со кои може да работи и да ги прилагоди на својата игра.

:love:
 

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.117
Поени од реакции
1.570
Интересно чиче е Сариво... како персона.
Мааалку да е само тренерски по флексибилен би бил скоро идеален. И мене ми е мило за него и покрај сите премрежја кои ги имавме сезонава. Би сакал сега следно ако остане да го освојат и Супер купот :rolleyes:, а зошто да не ФА и/или ЛК наредната сезона, па полека самиот да си се етаблира во кругот на тренери кои оставиле печат во кариерите.
 
B

Beginner

Гостин
За се по список што му пцуев а реално управата ја заебала работата нека ми стои на аватар :D И да, да беа фит Лофтус и Одои може и немаше да освоиме. Бидејки Кова и Педро место нив изиграа перфектно Кова дури се враќаше место Азар да покрива. Средниот ред ни е добро покриен за следната сезона Канте,Кова,Лофтус,Жоржино па и Баркли. Само одбраната ме плаши ама тоа е. За Сари пријатно изненади и следната сезона да си продолжи да им дава шанса на младите и пак да се радуваме на некој трофеј.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
B

Beginner

Гостин
115 мил реално за Азар се малку барем 150-200 м ама па и договорот му е до 2020. Со среќа нека му е во Реал и фала за се што направи за клубот. Секоја чест за Чех 18 трофеи...


Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Последно уредено од модератор:
Член од
31 март 2008
Мислења
2.504
Поени од реакции
1.720
Браво за тимот. Кога видов дека Арсенал ќе игра против нас во финалето, знаев дека ќе победиме, бидејќи Арсенал секогаш усеруваат на крајот.

Ајде да видиме што ќе донесе новата сезона и со кои играчи ќе останеме во тимот.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.935
Поени од реакции
1.914
Две различни полувремиња одигравме, првото ич не бев задоволен, многу претпазливо влезе Челзи, можевме многу лесно да губевме. Второ друг пристап, мотивација кога имавме 3-0 водство не ми се веруваше.
Искрено пред мечов бев скептичен, ама тоа е тоа Челзи што го краси и имаме врежано во менталитетот, кога највеќе треба одиграме
колективно, мотивирано и дојдеме до посакуваниот резлутат.

Сите одиграа феноменално, ама од Емерсон и Жеру не очекував вака добра партија.

За Хазард се најдобро и фала му за се. Воопшто не му се лутам што сака да промени средина и фала му што не си замина порано.
Не плачеше како Куртоа или некои други фудбалери за трансфер и да остави на цедило, туку си оди како џентламен воедно и како легенда на Челзи.

Реков пред некој ден дека сум презадоволен од работата на Сари, меѓутоа летово ќе го чека многу тешка работа без разлика кој ќе биде тренер. Без најдобриот играч, со трансфер бан и така не квалитетен тим не се пишува добро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom