Мене само не ми е јасно што им е проблемот на Челзи со Сари. Зашто толку сакаат да го бркаат? Човекот со милион препреки се справи годинава внатре во клубот, недисциплина, кланови, бојкоти, проба да наметне своја филозофија која не му ја прифатија играчите и сепак успеа да им обезбеди ЛШ за наредната сезона и да освои европски трофеи (што мислам дека и тоа биле реалните очекувања на клубот за првата сезона). Единствено нешто што му е грешка е Игуаин, малце утна со напаѓачот сепак мислам дека требаше да иде на некоја помлада варијанта. Не заслужува да биде избркан после една сезона.