Ако си правел се исправно, до денес треба да си влезен во кетоза. Внимавај на внесот на протеини, преголем внес на протеини ќе те извади од оваа состојба. Првите 2-3 денови си омалаксан и без енергија, дури е познато како кето грип, кога ќе влезеш во оваа состојба треба да имаш константна енергија, редуциран глад, малку зезнато е со здивот (непријатна миризба има здивот поради кетоните), метален вкус во устата и тоа е тоа. Еден од начините да провериш дали си во оваа состојба се кето лентите (ketogenic strips), не знам дали има во мкд и колку пари се, на алиекспрес одат околу 2-3 долари за 100 лентички. Е сега ако си дехидриран знаат да погрешат, исто и испил многу течности, наменети се за мерење на кетони во урината. Има и за здив електронски уреди, не сум користел таков, демек и тие не се секогаш точни, најточно е преку крв ама е и поскапо и непрактично.
Еден од тие будалите што внесувале храна со име на фирма, калории и сите тие работи на мајфитнес пал сум ти и јас, јас ги внесувам за себе, ама може да ги гледаат и другите, така ми попрактично за мерење на калориите, купуваш паковање од 50 грама и си работиш со дропки, изедов 4тина пример 0.25хцелото паковање