Иако не е официјално, сепак да си кажам нешто. Прв тренер после Мурињо со огромна плата, не знам Бенитез свињата колку земаше ама сигурно колку Мурџо не. После него имавме домашни тренери претежно, само Де Бур ако не сум грешка е странец. Мацари, Гасперини, Раниери, Пиоли, Страмачиони, све мој до мојега. А да, и Леонардо ни беше една полусезона тренер.
Ова е прв апла сериозен тренерски ангажман после 2010, прв тренер со голема плата и со одлично CV позади него. Нормално е и очекувањата да бидат големи, доста веќе од тој пласман во ЛШ секоја сезона.
Кога го ангажираа Спалети сите бевме свесни дека треба да не издигне некое скалило погоре од тоа што бевме претходно, да не внесе во ЛШ и да се стабилизираме како клуб, нормално заедно со новата управа. На ваков или таков начин се деси тоа (барем лани, а оваа година ако не се пласираат во ЛШ нека се самозапалат од прв до последен), иако според мене можеше и мораше многу подобро, нарочито сезонава. Нема веќе смисла Спалети да ни е тренер, човекот докажа дека не е кадарен за нешто повеќе, се губи во клучни моменти, нема континуитет, не е импровизатор, нема муда да стави млад играч, нема муда да игра со двајца напаѓачи одеднаш, а таков ЗА КУР МИ Е.
Конте пред се е огромен мотиватор, ако нешто сакам кај него тоа е таа особина. Околу тактиката сметам дека не е се уште во клапата на Пеп, Клоп, Покетино и Мурџо, ама млад тренер е Конте така да сигурен сум дека ќе напредува во натамошниот дел од кариерата. Има освоено титули во конкуренција на Пеп и Мурињо со дупло појаки тимови од неговиот на хартија, со мизерен Јуве зема титула без пораз, така да мора да му се даде признание дека не е лош тренер и дека е најдобриот после 2010 година што седнал на клупата на Интер.
Иако не ми е по мерак во ситауција кога Мурџо е слободен, ама ќе го поддржувам максимално и се надевам дека ќе ни донесе титула, да ги боли Јувенташите уште повеќе.
Не знам зошто го напишав постов кога се уште не е дојден Конте но добро, ЈЕБИГА.
П.с. Во случај на киксови и слаби изданија нема шанси да бидете поштедени од КОНТЕХЕХЕХЕЕХЕЕХЕ и Периклехехехехеехе форсовите.