Game of Thrones

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не знам зошто ама имам чувство дека како и да завршеше серијава, пак ќе имаше низок рејтинг.

И гледам се споредува со ББ, мислам се ок ББ, не ја понижувам ама како прво ББ е драма а ова е фантазија а како второ, да не копам постови каков хејт материјал имаше и таму за досадните сцени, мувата и Скајлер глупачата.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Гледам некој споредува со ББ, со Декстер, Лост..., луѓе да се разбереме, ББ е ремек дело, ама нема никаква допирна точка со ГОТ
Уште од фрижидер ми нема рипнато фан на ББ да ми каже дека ББ е подобра од ГоТ :pos:
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Има многу серии што се боље од ГоТ ако се споредуваат според некои уметнички параметри. Ама нема везе, ГоТ отскокнува зашто слабо е со квалитетни филмови/серии кои се епска фантастика. А и самата по себе со сите добри работи и фалинки е супер серија.
 
Член од
16 јули 2017
Мислења
108
Поени од реакции
169
Имаше едно интервју со Мартин во кое кажува како настана книгата A song of ice and fire воопшто. Рече дека од нигде никаде му се родила приказна за детето кое паѓа од прозор - Бран.. Уште од почеток било јасно се, дека се ќе се врти околу Старкс и Бран ќе е кралот на крајот o_O
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.747
Поени од реакции
17.453
Ако од почеток му било јасно, требало да ја тера натака приказната. Ова вака на ништо не личеше.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Мартин во едно од интервјуата што ги гледав со него изјави дека приказната не е за никој посебно, т.е. дека нема централен лик.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.439
Уште од фрижидер ми нема рипнато фан на ББ да ми каже дека ББ е подобра од ГоТ :pos:
Нема врска, и јас сум фан на ББ, топ 3 серија ми е, ама не ми доаѓа на памет да ја споредувам со ГОТ, а ни со било која друга. Мислам, зошто побогу? Каква поврзаност има ББ со ГОТ? Нешто барем, суштински, визуелно, било како? Нема, дури ни по жанр не се исти. Од ББ не ни очекував сај фај, не очекував дека инвалидот син на Вајт ќе стане главен за правење метамфетамин, некоја таква луда работа како на пример што ни достави ГОТ. Ама од друга страна ББ доставува многу други работи што ги нема во ГОТ и што ја прави серијата уникатна, а за мене ремек дело.

Пак ќе кажам, нека олабави малце народов, апла наеднаш изникнаа еден тон експерти кои не гледаат подалеку од носот. Не сакам да навредам никого, има простор за критикување на ГОТ, јас се сложувам со доста членови овде за некои работи, ама има пар луѓе кои драпаат мадиња за инает.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Не знам зошто ама имам чувство дека како и да завршеше серијава, пак ќе имаше низок рејтинг.

И гледам се споредува со ББ, мислам се ок ББ, не ја понижувам ама како прво ББ е драма а ова е фантазија а како второ, да не копам постови каков хејт материјал имаше и таму за досадните сцени, мувата и Скајлер глупачата.
Искрено не се согласувам со ова. Хејтери има секогаш ама не значи дека тоа дека и валидните критики треба да ги затрупаме.

Големината ствара комплексност тоа е реалност. Еден од проблемите е што кога нешто големо ќе тргне надолу работите дополнително се комплицираат. За последнава сезона жал ми е што потфрлија во изведбата иако приказната беше донекаде океј.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840
Како голем фан на ГОТ, верен поддржувач на серијата и хејтер на сите Редит фраери морам да кажам дека последнава епизода ми остави празнина, некоја грутка во грлото, некој слободен простор, нешто недокажано, недоречено... Впрочем, нормално е тоа, а верувам дека не сум и единствен. Серија која требаше да трае барем уште 2 сезони за се да излезе како што треба, да не течат пребрзо настаните, да ги доразвијат ликовите редоследно како што треба, сепак траеше само една сезона (зборувам после 7ма сезона), за жал на сите нас. Не навлегувам во тоа кои се причините за тоа, небитно скроз.

Искрен да бидам очекував некој ВТФ крај и го добив истиот, само на погрешниот ВТФ начин. :D Очекував некој сосем луд расплет, рецимо од нигде никаде Семвел Тарли да биде крал, ова само колку да доловам што сакам да кажам, така некој од нигде никаде да бидне крал, да се исподесат 300 други срања, али добив некако сосема логичен крај, да не речам очекуван. ГОТ низ годините не научи дека се што најмалце очекуваме дека ќе се случи всушност тоа се случува, па затоа веројатно и имав такви очекувања. Но, кога ќе размисли човек подлабоко, се ова што се случи имаше смисла, само ради немањето време, односно простор, режисерите ни ја сервираа побрзо одошто требаше па затоа има и низа негативни коментари низ интернетов.
Пуштија лажен хинт дека Арја ќе ја убие Дени, на почетокот кога ја погледна додека оваа држеше говор пред Дотраките и Ансалид. :D Џон ја уби Дени, како што и многу теории го налагаа тоа, како што многу Редит сезнајковци "предвидоа", само никој не предвиде дека ќе му се деси на Џон пак да го пратат во Ноќната стража, иако реално не постои веќе потреба од истата. Сите мислеа дека тој ќе биде кралот, бла бла бла. Мене сцената кога Дрогон го палеше тронот ме импресионираше, не е баш едноставна сцена тоа, има добра порака во палењето на тронот, тронот поради кој загинаа десетици илјади луѓе и беше пролеано многу крв.

Гледам некој запнал за Џејми, добро бе луѓе без навреда, сериозно не сфаќате зошто Џејми се врати кај Серси? Ликот на Џејми, заедно со оној на Санса, мислам дека се најдобро разработените ликови во серијата, од почеток па се до крај. Човекот е King slayer, направи деца со својата сестра, го бутна Бран од кулата, па подоцна беше заробен од Кетлин Старк, се мафташе насекаде по зандани, му ја исекоа раката, практично МАКАТА го натера да сфати што значи човек да се мачи и дека сето тоа што го правел е зло и неубаво. Нормално, за на крајот да сфати дека што и да биде никој не може да му ги поништи злочините и дека вечно ќе ја сака Серси, па затоа и се врати кај неа. Едноставно е ако сакаш да ги погледнеш работите подлабоко, а ако бараш логика у стилу: Еј абе како така се врати кај Серси кога оваа прати луѓе да го убијат..., ондак боље не ја ни глеј серијата.
Исто и Санса, од обично глупо и просто девојче се претвори во вистинска кралица која знае како да дојде до тоа што го посакува, впрочем имаше многу добар "ментор", Серси. :D

Лично јас имав очекувања дека Бран може и негативецот да испадне на крај, у стилу се бореше против ВВ и НК, а се уствари да му биде маска за на крај да дојде до тронот, а патем да ги испоубие Џон, Серси, Дени и компанија. Испадна Бран на крај кралот, али на многу подруг начин. :D Интересно е што он нигде не најави дека сака да биде крал, секогаш кога ќе му кажеа дека после Роб Старк тој е единствениот законски наследник на Нед тој им велеше дека не може никогаш да биде крал и дека има друга мисија, за на крај да каже: Што мислите, зошто пројдов толкав пат? :)

Гледам некој споредува со ББ, со Декстер, Лост..., луѓе да се разбереме, ББ е ремек дело, ама нема никаква допирна точка со ГОТ, серија која ги помести границите во светската филмска индустрија, на секаков начин. Ниту една серија до сега не е направена на овој начин, со толку многу ликови, комплексни работи, а притоа визуелниот ефект да допре до гледачот на начин кој што до сега не е виден. Немам зборови искрено, ремек дело од серија, кажав погоре што се случи со последнава сезона и зошто одредени луѓе имаат впечаток дека е лоша, ама ако се погледне подлабоко на работите се си има смисла.

Ова со Најт Кинг остана недоречено, јасно е зошто е тоа така, ќе има Приквели, Сиквели, курови врагови, инаку немаше сигурно да не остават кратки за неговата приказна. Намерно е тоа со цел да се натера гледачот да ги гледа и тие гореспомнати серии, реално сите овде ќе не копка како настанал НК, како владееле Таргеријаните пред Роберт итн итн. :D Кулирајте луѓенца мои и бидете среќни што бевме сведоци на најдобрата серија во историјата.
Па да он беше единствен наследник на нед за да биде лорд на северот и не се сеќавам дека некој му понуди да биде крал туку наследнник на Нед, т.е. лорд од Винтерфилд. Кога кажуваше дека има друга мисија всушност мисијта му е да е крал а не лорд.

П.С. Дрогон многу добро свати дека Џон не ја уби Денерис туку тронот и затоа го стопи, мислам дека тоа и беше пораката на таа сцена. И дека поради тој трон нон стоп умираат луѓе и затоа го стопи. Попаметен испадна од сите :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.439
Инаку заборавив да спомнам, и музиката во текот на целата серија беше за чиста 10ка, за ова мислам дека сите ќе се согласиме.
Два саундтрака кои мене ми останаа врежани се:


Мислам дека години и години ќе ги слушам овие две нумери, звучен мастерпис, ебење, свршавање, све на куп.
:cuc::cuc::cuc::cuc:
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.729
Поени од реакции
9.766
Па да он беше единствен наследник на нед за да биде лорд на северот и не се сеќавам дека некој му понуди да биде крал туку наследнник на Нед, т.е. лорд од Винтерфилд. Кога кажуваше дека има друга мисија всушност мисијта му е да е крал а не лорд.

П.С. Дрогон многу добро свати дека Џон не ја уби Денерис туку тронот и затоа го стопи, мислам дека тоа и беше пораката на таа сцена. И дека поради тој трон нон стоп умираат луѓе и затоа го стопи. Попаметен испадна од сите :)
Да, затоа одлета кон Есос, да ги заврши магистерските и докторските студии.

dr_drogon.png
 

Kajgana Shop

На врв Bottom