Како голем фан на ГОТ, верен поддржувач на серијата и хејтер на сите Редит фраери морам да кажам дека последнава епизода ми остави празнина, некоја грутка во грлото, некој слободен простор, нешто недокажано, недоречено... Впрочем, нормално е тоа, а верувам дека не сум и единствен. Серија која требаше да трае барем уште 2 сезони за се да излезе како што треба, да не течат пребрзо настаните, да ги доразвијат ликовите редоследно како што треба, сепак траеше само една сезона (зборувам после 7ма сезона), за жал на сите нас. Не навлегувам во тоа кои се причините за тоа, небитно скроз.
Искрен да бидам очекував некој ВТФ крај и го добив истиот, само на погрешниот ВТФ начин.
Очекував некој сосем луд расплет, рецимо од нигде никаде Семвел Тарли да биде крал, ова само колку да доловам што сакам да кажам, така некој од нигде никаде да бидне крал, да се исподесат 300 други срања, али добив некако сосема логичен крај, да не речам очекуван. ГОТ низ годините не научи дека се што најмалце очекуваме дека ќе се случи всушност тоа се случува, па затоа веројатно и имав такви очекувања. Но, кога ќе размисли човек подлабоко, се ова што се случи имаше смисла, само ради немањето време, односно простор, режисерите ни ја сервираа побрзо одошто требаше па затоа има и низа негативни коментари низ интернетов.
Пуштија лажен хинт дека Арја ќе ја убие Дени, на почетокот кога ја погледна додека оваа држеше говор пред Дотраките и Ансалид.
Џон ја уби Дени, како што и многу теории го налагаа тоа, како што многу Редит сезнајковци "предвидоа", само никој не предвиде дека ќе му се деси на Џон пак да го пратат во Ноќната стража, иако реално не постои веќе потреба од истата. Сите мислеа дека тој ќе биде кралот, бла бла бла. Мене сцената кога Дрогон го палеше тронот ме импресионираше, не е баш едноставна сцена тоа, има добра порака во палењето на тронот, тронот поради кој загинаа десетици илјади луѓе и беше пролеано многу крв.
Гледам некој запнал за Џејми, добро бе луѓе без навреда, сериозно не сфаќате зошто Џејми се врати кај Серси? Ликот на Џејми, заедно со оној на Санса, мислам дека се најдобро разработените ликови во серијата, од почеток па се до крај. Човекот е King slayer, направи деца со својата сестра, го бутна Бран од кулата, па подоцна беше заробен од Кетлин Старк, се мафташе насекаде по зандани, му ја исекоа раката, практично МАКАТА го натера да сфати што значи човек да се мачи и дека сето тоа што го правел е зло и неубаво. Нормално, за на крајот да сфати дека што и да биде никој не може да му ги поништи злочините и дека вечно ќе ја сака Серси, па затоа и се врати кај неа. Едноставно е ако сакаш да ги погледнеш работите подлабоко, а ако бараш логика у стилу: Еј абе како така се врати кај Серси кога оваа прати луѓе да го убијат..., ондак боље не ја ни глеј серијата.
Исто и Санса, од обично глупо и просто девојче се претвори во вистинска кралица која знае како да дојде до тоа што го посакува, впрочем имаше многу добар "ментор", Серси.
Лично јас имав очекувања дека Бран може и негативецот да испадне на крај, у стилу се бореше против ВВ и НК, а се уствари да му биде маска за на крај да дојде до тронот, а патем да ги испоубие Џон, Серси, Дени и компанија. Испадна Бран на крај кралот, али на многу подруг начин.
Интересно е што он нигде не најави дека сака да биде крал, секогаш кога ќе му кажеа дека после Роб Старк тој е единствениот законски наследник на Нед тој им велеше дека не може никогаш да биде крал и дека има друга мисија, за на крај да каже: Што мислите, зошто пројдов толкав пат?
Гледам некој споредува со ББ, со Декстер, Лост..., луѓе да се разбереме, ББ е ремек дело, ама нема никаква допирна точка со ГОТ, серија која ги помести границите во светската филмска индустрија, на секаков начин. Ниту една серија до сега не е направена на овој начин, со толку многу ликови, комплексни работи, а притоа визуелниот ефект да допре до гледачот на начин кој што до сега не е виден. Немам зборови искрено, ремек дело од серија, кажав погоре што се случи со последнава сезона и зошто одредени луѓе имаат впечаток дека е лоша, ама ако се погледне подлабоко на работите се си има смисла.
Ова со Најт Кинг остана недоречено, јасно е зошто е тоа така, ќе има Приквели, Сиквели, курови врагови, инаку немаше сигурно да не остават кратки за неговата приказна. Намерно е тоа со цел да се натера гледачот да ги гледа и тие гореспомнати серии, реално сите овде ќе не копка како настанал НК, како владееле Таргеријаните пред Роберт итн итн.
Кулирајте луѓенца мои и бидете среќни што бевме сведоци на најдобрата серија во историјата.