Game of Thrones

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.918
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Добро де, ако државата слабее и станува срање, не значи дека истото се дешава со општеството. Баш некад државите слабеат пошто луѓето стануваат попаметни и се растураат од внатре пошто сакаат нешто боље. Револуција, војна и различна власт не значи дека општеството иде назад...
Примерот беше Светото Римско Царство. И примерот беше лош, како и секоја апологија на елективни монархии.
Дали народот станал попаметен? Се обединила Германија и народот сакал нешто подобро, а тоа (веројатно) бил Париз. :D
По Првата Светска Војна, народот нејќел некаквиси таму демократии и го промовирал АДОЛФ ХИТЛЕР за лидер, веројатно оти го гледал како интелектуално достоен за нивен лидер. :D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.154
Поени од реакции
107.579
Како голем фан на ГОТ, верен поддржувач на серијата и хејтер на сите Редит фраери морам да кажам дека последнава епизода ми остави празнина, некоја грутка во грлото, некој слободен простор, нешто недокажано, недоречено... Впрочем, нормално е тоа, а верувам дека не сум и единствен. Серија која требаше да трае барем уште 2 сезони за се да излезе како што треба, да не течат пребрзо настаните, да ги доразвијат ликовите редоследно како што треба, сепак траеше само една сезона (зборувам после 7ма сезона), за жал на сите нас. Не навлегувам во тоа кои се причините за тоа, небитно скроз.

Искрен да бидам очекував некој ВТФ крај и го добив истиот, само на погрешниот ВТФ начин. :D Очекував некој сосем луд расплет, рецимо од нигде никаде Семвел Тарли да биде крал, ова само колку да доловам што сакам да кажам, така некој од нигде никаде да бидне крал, да се исподесат 300 други срања, али добив некако сосема логичен крај, да не речам очекуван. ГОТ низ годините не научи дека се што најмалце очекуваме дека ќе се случи всушност тоа се случува, па затоа веројатно и имав такви очекувања. Но, кога ќе размисли човек подлабоко, се ова што се случи имаше смисла, само ради немањето време, односно простор, режисерите ни ја сервираа побрзо одошто требаше па затоа има и низа негативни коментари низ интернетов.
Пуштија лажен хинт дека Арја ќе ја убие Дени, на почетокот кога ја погледна додека оваа држеше говор пред Дотраките и Ансалид. :D Џон ја уби Дени, како што и многу теории го налагаа тоа, како што многу Редит сезнајковци "предвидоа", само никој не предвиде дека ќе му се деси на Џон пак да го пратат во Ноќната стража, иако реално не постои веќе потреба од истата. Сите мислеа дека тој ќе биде кралот, бла бла бла. Мене сцената кога Дрогон го палеше тронот ме импресионираше, не е баш едноставна сцена тоа, има добра порака во палењето на тронот, тронот поради кој загинаа десетици илјади луѓе и беше пролеано многу крв.

Гледам некој запнал за Џејми, добро бе луѓе без навреда, сериозно не сфаќате зошто Џејми се врати кај Серси? Ликот на Џејми, заедно со оној на Санса, мислам дека се најдобро разработените ликови во серијата, од почеток па се до крај. Човекот е King slayer, направи деца со својата сестра, го бутна Бран од кулата, па подоцна беше заробен од Кетлин Старк, се мафташе насекаде по зандани, му ја исекоа раката, практично МАКАТА го натера да сфати што значи човек да се мачи и дека сето тоа што го правел е зло и неубаво. Нормално, за на крајот да сфати дека што и да биде никој не може да му ги поништи злочините и дека вечно ќе ја сака Серси, па затоа и се врати кај неа. Едноставно е ако сакаш да ги погледнеш работите подлабоко, а ако бараш логика у стилу: Еј абе како така се врати кај Серси кога оваа прати луѓе да го убијат..., ондак боље не ја ни глеј серијата.
Исто и Санса, од обично глупо и просто девојче се претвори во вистинска кралица која знае како да дојде до тоа што го посакува, впрочем имаше многу добар "ментор", Серси. :D

Лично јас имав очекувања дека Бран може и негативецот да испадне на крај, у стилу се бореше против ВВ и НК, а се уствари да му биде маска за на крај да дојде до тронот, а патем да ги испоубие Џон, Серси, Дени и компанија. Испадна Бран на крај кралот, али на многу подруг начин. :D Интересно е што он нигде не најави дека сака да биде крал, секогаш кога ќе му кажеа дека после Роб Старк тој е единствениот законски наследник на Нед тој им велеше дека не може никогаш да биде крал и дека има друга мисија, за на крај да каже: Што мислите, зошто пројдов толкав пат? :)

Гледам некој споредува со ББ, со Декстер, Лост..., луѓе да се разбереме, ББ е ремек дело, ама нема никаква допирна точка со ГОТ, серија која ги помести границите во светската филмска индустрија, на секаков начин. Ниту една серија до сега не е направена на овој начин, со толку многу ликови, комплексни работи, а притоа визуелниот ефект да допре до гледачот на начин кој што до сега не е виден. Немам зборови искрено, ремек дело од серија, кажав погоре што се случи со последнава сезона и зошто одредени луѓе имаат впечаток дека е лоша, ама ако се погледне подлабоко на работите се си има смисла.

Ова со Најт Кинг остана недоречено, јасно е зошто е тоа така, ќе има Приквели, Сиквели, курови врагови, инаку немаше сигурно да не остават кратки за неговата приказна. Намерно е тоа со цел да се натера гледачот да ги гледа и тие гореспомнати серии, реално сите овде ќе не копка како настанал НК, како владееле Таргеријаните пред Роберт итн итн. :D Кулирајте луѓенца мои и бидете среќни што бевме сведоци на најдобрата серија во историјата.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Ноќниот помина кај Eastwatch, делот кај Касл Блек не беше пипнат.
Апсолутно небитно, ова не го менува фактот дека е разочара, не и го одзема правото да остаи 1 на имдб, да си потпише петиција за преснимување ( :pos: ) и да пишува дека не е задоволна од епилогот.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.918
Поени од реакции
12.408
Апсолутно небитно, ова не го менува фактот дека е разочара, не и го одзема правото да остаи 1 на имдб, да си потпише петиција за преснимување ( :pos: ) и да пишува дека не е задоволна од епилогот.
Ондак отворете посебна тема за жалење и оставете не таму да си ги кажеме маките на раат. :( :( :(
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Ондак отворете посебна тема за жалење и оставете не таму да си ги кажеме маките на раат. :( :( :(
Ти има некој одземено пермисии за отварање теми на форумов или имаш некој проблем кога ќе пробаш да отвориш?
@Ilumious ај провери те молам, има некој проблем профилот на Емкаа.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.918
Поени од реакции
12.408
Ти има некој одземено пермисии за отварање теми на форумов или имаш некој проблем кога ќе пробаш да отвориш?
@Ilumious ај провери те молам, има некој проблем профилот на Емкаа.
Аууууу, добар комбек, браво! :)
Може и да не се загадува темава со вакви саркастично иронични мислења but who am I to tell.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Аууууу, добар комбек, браво! :)
Може и да не се загадува темава со вакви саркастично иронични мислења but who am I to tell.
Мене загадување на темава ми е кога хејташ нешто без мислењето да ти биде поткрепено со факти, but не сум јас Стелт и да бришам мислења кои не ми се допаѓаат.
Оди, потпиши петиција и прави муабет како си емоционално испразнета поради нелогичностите во серијата.

Него, тенденциозно ја утна со Иствач и Кесл Блек (околу 200 километри), колку да додадеш нешто на хејт листата или вопшто не и се „поддаваш“ на серијата, па не ни примети?
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.610
Поени од реакции
11.154
Јас сум емоционално испразнет поради тоа што ја убија Калисито (фактички јас сум ти кајгански Џора Мормонт), спаѓам овде или и јас сум за у новата тема на повидок "Исплачи се биче ти лакше"? :icon_lol:
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.310
Поени од реакции
7.443
https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/sinot-na-arkan-eden-od-glavnite-likovi-vo-popularnata-serija-igra-na-tronovi/

Крај, затварај тема, најголемата мистерија е откриена
То је брат Марич један од најголемих инфлуенсера Балкана... Уопште цела прича око Вестероса је базирана на Древне Србије а податак за древна Валирија је да се налазила на остров Сицилије то је стара Српска територија... И тако ти то доџе бајо мој, ко не зна нек прочита књиге али само на Српском језиком.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Имаше и една кретенска статија во некој наш портал, нормално преведна од српски, каде пишуваше дека за Вестерос инспирација била југославија, Роберт Баратеон бил Тито.

Ама пусти љубоморни западњаци, му забраниле на Мартин да кажува, па он морал да лаже дека се инспирирал од Британска и западноевропска средновековна историја.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom