Game of Thrones

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
НАЈБОЉЕ

СЕРИЈА

ИКАД

!!!

Ако не капирате што се деси у епизодава, можеме да организираме као евент некој, ќе ви објаснам некои процеси да ги сфатите со реални примери од минатото, комплетна презентација на историјата на светот. ПРЕ-ДО-БРО. Ако не, дајте ми малце време да се смирам ќе изнапишам све за да ви направам фина паралела, пошто ова е НАЈБОЉЕ. СЕРИЈА. ИКАД. Као историчар, ќе свршам.

@Bateman дај бе не ме разочарувај, од тебе најмалце очекував вака :(

BREAK THE FUCKING WHEEL !!!
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.217

:pos::pos::pos::pos:

У реду е Рики, калмате.
 
B

Beginner

Гостин
НАЈБОЉЕ

СЕРИЈА

ИКАД

!!!

Ако не капирате што се деси у епизодава, можеме да организираме као евент некој, ќе ви објаснам некои процеси да ги сфатите со реални примери од минатото, комплетна презентација на историјата на светот. ПРЕ-ДО-БРО. Ако не, дајте ми малце време да се смирам ќе изнапишам све за да ви направам фина паралела, пошто ова е НАЈБОЉЕ. СЕРИЈА. ИКАД. Као историчар, ќе свршам.

@Bateman дај бе не ме разочарувај, од тебе најмалце очекував вака :(

BREAK THE FUCKING WHEEL !!!
Trolejbus ти е роднина 100%
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Поише читање книги, помалце читање рејтинзи на IMDB у иднина. It's good for the brain :)
 
Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
скоро цел adult life го поминав со серијава, цели семестри пропаднаа кога ја гледав/читав. и покрај што се напнував на моменти кои јас ги сметав дека сценаристите ги боли кур, некако тешко ми оди да се опростам од серијава.
Крајот ко што пиша некој погоре, задоволителен, едноставно не ни се поклопија некој коцки како ГРРМ да напишеше барем уште една книга и да ја имплементираа во серијата како и веќе изгубениот ќеф на ДнД за да ја продолжат уште некоја сезона серијата со цел да добиевме некаков по комплетен крај.
Смешни ми се петициите за преснимување на последната сезона.
Благодарност до ДнД што завршија одлична работа 4 и пол сезони и по некоја добра епизода во останатите 3 и пол. да не беа тие најверојатно серијата немаше ни да почни, ГРРМ ќе си тераше со книгите и немаше да потпиши никакви адаптации. ко што памтам ДнД успеале да го импресионираат ГРРМ за да му дозволи да снимаат серија.
Мило ми е што заради ГоТ дознав за Рамин Џавади кој успеа да каптивира многу следачи на серијата, свака част за изборот негов. Очекував да сум попизден заради крајот но сепак, останува таа празнина во душата , ко да имам изгубено нешто важно во живототот.
Сума сумарум, фановите само на серијата добијаа каква таква разрешница, ние фановите на Книгите сеуште ќе си останиме робови на ГРРМ и ќе се надеваме на добро здравје и побрзо пишување во иднина, се надевам дека стариот нема да се откажи и ќе бидиме и ние ќе бидиме free at last, free at last, thank god almighty,we are free at last.
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.217
Спрема мене лично, серијата заврши на најлош можен начин - ме остави рамнодушен.
Ама пошто е ГоТ и ја размрда ТВ индустријата и постави неверојатни стандарди, заслужува пар зборови сезонава како таква.

Build-up от и самата мрачна битка заклучно со 3тата епизода беа ок, се до Арја моментот бидејќи типката немаше никаква допирна точка со таа митологија и со тој дел од приказната, и се даде нешто да прави бидејќи очигледно планот беше секогаш Џон да ја убие Денерис. Ништо од скилот со менувањето лица не покажа сезонава. Исто и Брен, ништо од скилот со варгање не покажа сезонава.
4-6 епизода како целина беа далеку далеку полоши од 1-3, би рекол недопустливо за ваква серија. Нелогични секвенци, драстично одење вон карактер и контрадикторности на ликови кои кажале нешто не пред неколку сезони, туку пред 1 епизода, страшни пропусти (чекаме од Рики евентот да ни се објаснат) од типот на еднаш гледаме 20 самострели истовремено кај што напаѓаат змеј, друг пат гледаме репетирање на 1 самострел во 30 секунди, во меѓувреме змејот матер им еба. Зошто? За да движи приказната. Тука би ги ставил prequel Star Wars филмовите како споредба, да ги читаш скриптите сигурен сум дека не делуваат толку лошо, ама беа убер лошо екранизирани, без природно расплетување и тек на настаните, ликовите беа буквално како шах фигури кои служеа само да ја движат приказната напред, без никаква тродимензионалност.

На крајот... Гледам Џон кај што ја убива Дени и имам 0 емоции, Тирион држи преглуп говор од 20 секунди и го менува политичкиот естаблишмент кој траел илјадници години, се прават шеги за курварници, Арја плови некаде, Џон оди во дивината, ликови кои сум ги обожавал и следел 10 години продуцентите ме доведоа до точка да ми е сеедно за нив.

Тоа е.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Затоа и Нед Старк ги обезглави дезертерите, оти не му поверува дека Winter is coming.
Нед во прва епизода сече глава на оној зашто избегал од служба, а не оти не им поверува.
Кога веќе толку детално сакате да дискутирате, а си толкувате работи што нема врска.
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.217
Поише читање книги, помалце читање рејтинзи на IMDB у иднина. It's good for the brain :)
Те молам, повели со објаснување од историски аспект за оваа последна епизода.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
НАЈБОЉЕ

СЕРИЈА

ИКАД

!!!

Ако не капирате што се деси у епизодава, можеме да организираме као евент некој, ќе ви објаснам некои процеси да ги сфатите со реални примери од минатото, комплетна презентација на историјата на светот. ПРЕ-ДО-БРО. Ако не, дајте ми малце време да се смирам ќе изнапишам све за да ви направам фина паралела, пошто ова е НАЈБОЉЕ. СЕРИЈА. ИКАД. Као историчар, ќе свршам.

@Bateman дај бе не ме разочарувај, од тебе најмалце очекував вака :(

BREAK THE FUCKING WHEEL !!!
Поише читање книги, помалце читање рејтинзи на IMDB у иднина. It's good for the brain :)
Јас као фан на пишаниот збор и драмаџија во обид ќе повратам.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Те молам, повели со објаснување од историски аспект за оваа последна епизода.
Елективна монархија е одлична идеја, во историски контекст, револуционерна за едно апсолутистичко кралство. Не е дека остава простор за да се роди којзнае каква демократија, се уште е рано за тоа, меѓутоа идејата дека еден човек е пратен од Господ да владее станува бесмислена кога луѓето, како група на интелектуалци, сами за себе си одлучуваат кој да ги води.

Е сеа, зашто е битно уствари ова што се деси. Small council добива многу полиберална функција и повеќе ингеренции во поглед на управување со кралството. На почетокот (Нед, Варис, Бејлиш, Ренли, Станис, Баристан) беа советници без никакви законодавни функции, они се едноставно советници на кралот. Сега на крајот е евидентно дека новата багра има многу повеќе ингеренции, и small council почнува да наликува на група на министри кои всушност ќе одлучуваат за некои работи во кралството. Управата на кралот како decision maker е ограничена. Нормално, министериве нема да имаат краен збор, исто како што немаат ни денес во најсовремените републики (сепак ги следат политиките на премиерот/претседателот).

Битно е дека општеството се либерализира и се остварува социјален прогрес. Идејата за демократија беше сосема доволно спомната, и исмевањето на истата беше перфектно прикажана, бидејќи реално истата таква не била прифатена веднаш. Треба време да помине за таа идеја да се вроди во умот на луѓето. А како ќе се роди? Кога постепено за „министерски“ функции ќе се назначуваат луѓе базирани на труд и интелект, а не на наследно право од имот. И за ова ќе треба време, ама тоа што Тирион навести коа Брен рече дека фалат членови, односно дека ќе му донесат "suitable prospects", значи дека ќе бараат асални, паметни луѓе кои ќе носат одлуки во кралството. На тој начин, се повеќе луѓе ќе бидат опфатени и изложени на државни функции, што ќе придонесе за развој на образование и едукација, што само по себе ќе донесе економски напредок, а од тоа ќе следи целосен социјален напредок. Процес кој го бележиме од почетокот на човековата историја, се до денес.

Целата епизода (на забрзан начин, за жал) претстави една прекрасна етапа на транзиција од конзервативно општество во полиберално, за временските услови во кои живеат. Од нив не можеме да очекуваме да „измислат“ демократија од нигде, не можеме да очекуваме да прескокнат социолошки процеси, меѓутоа забележавме сериозен чекор кон освестување. И самата Арја сака да направи некаков буквален прогрес, наместо да цупка у место и да си го гледа дворот дома, затоа отиде да истражува.

Ова за мене е многу побитно од зомбиња, змаеви, дали имало 10 или 300 Дотраки, „ти имаш кур ја неам“ досетки и слично. Верувам дека Мартин истото ќе го претстави и преку книгите, само на многу подетален и логичен начин. Цела поента е да забележиме прогрес, а не закоравеност, и тоа го видовме. Ова е буквално све што барав да видам од серијата, прогрес на општеството.

И го добив :)
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.609
Поени од реакции
11.152
У пичку матер, грутка у грло имам :place::place:

Требаше и мораше она да биде кралица, ќе беше перфектен крај како седнува на тронот со змејот до неа... али тоа е.

Најомилен лик: Денерис Таргериен
Најомразен лик: Џон Queenslayer Сноу

п.с тибам копилето тибам :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom