- Член од
- 24 март 2010
- Мислења
- 15.152
- Поени од реакции
- 25.615
Не знам како го прифатија Брен за крал, сите ќе ги прислушува...
Последно уредено:
Не е тоа снег, пепел еМи се допаднаа и тоа ептен сцените со говорот на Денерис пред војската, целата таа атмосфера во уништениот град, пепелата и снегот, сцената со Денерис и тронот, пресликана од сцената од втора сезона од визијата, се оствари целосно, го виде тронот и како и во визијата замина со Дрого и неродениот син во некој друг свет.
Емотивна беше и монтажата на крај со децата на Нед Старк и нивните паралелни судбини (да Џон е дете на Нед Старк, најмногу од било што друго што бил во животот), многу убави кадри, Емилија растури со глумата во епизодата. Тоа што Џон ја уби Денерис и не беше изненадување ниту е лоша приказна, веќе кога тргнаа со Mad Queen во претходната епизода, логично и исправно беше да има ваков исход, дури и тоа што Дрогон го поштеди Џон и го уништи тронот е исправно, змејот сепак е свесно суштество кое исто пропати многу, што му вредеше да го убие Џон. Во суштина испадна дека цела приказна е сепак судбината на Старкови и нивниот триумф.
Е сега за лошите работи.
После таква моќна сцена со топењето на тронот, го добиваме најглупиот и најнелогичен крај. Или требаше скроз да се скрши тркалото па да нема веќе Вестерос и обединети кралства или требаше Вестерос да биде обединет под некаков нов облик на уредување, демократија или централизирана монархија.
Вака тркалото ќе продолжи да се врти, конфликтите ќе бидат уште поизразени. Изборот на Бран како крал, да речам дека има некоја логика заради тоа што ете би бил најнеутрален, без емоции, без желби, нема да може да биде корумпиран со богатство, жени и моќ, тој си е веќе моќен. Но од друга страна, ако Бран сето тоа го знаеше и дозволи толку многу жртви за да дојде он како краен победник, тогаш не гледам како е он позитивниот лик во приказната.
Но како тоа толку лесно војската на Денерис, откако дадоа безброј жртви за туѓи интереси, откако им ја убија кралицата која ја следеа како божество, сега наместо веднаш да ги егзекутираат Џон и Тирион, они му даваат на Тирион можност да го води настанот, он да биде Kingmaker, а тие едноставно да си заминат, така како ништо да не било, логика нула.
Целиот собир, ај што дијалозите беа очајни, насобрани еден куп неспособни фаци, прицнот од Дорн ниту име му знаеме ниту од која фамилија, Reach кој ги претставуваше- Сем, со кое право, зар Тирион остана последниот Ланистер па немаше друг претставник, некако се избрзано, осакатено, не се потрудиле ни знамиња да ставеа на собирот од секоја фамилија.
И најнелогичното, сите прифатија крал од Старкови, а владетелката на Северот се отакжува од обединтото кралство и прогласува независност и никој нема проблем, иако Јара прифати да биде сојуз со Денерис баш за да добие независност на Железните острови, иако Дорн бил многу подолго независно кралство и пружило најмногу отпор од сите други кралства заедно, и сите сега се среќни со шест кралства и изборна монархија, кога ако веќе одиме во историски примери не донела ама баш никаква стабилност и просперитет, најдобар пример се Светото Римско Царство и Полско-Литванскиот комонвелт кои знаеме како завршија баш со таков систем.
Приказната на Џон, не знам, исто како Џејми, се врати од кај што започна, никаков прогрес на крај, што значење имаше неговото воскресение, неговото потекло, ништо, ама баш ништо.
Делот со Тирион и неговиот совет, составен со кој од кој понеспособни поединци ич не ми се коментира, најглупава, најодвратна, најбезвеза сцена од цела серија, Брон стана владетел на Reach, најбогатиот регион, Брон, обичен платеник кој со ништо не заслужил таква титула, и така сите фамилии од тоа кралство го прифатиле тоа без проблем.
И на крај, мотото на цела серија, Winter is coming, каде е ебаната зима, почна да запролетува, натприродната опасност очигледно е закопана и заборавена од трета епизода, така го пројдоа, никој не осети последици.
Реков и уште многу пати ќе повторам, можеби и замислата на Мартин била ваква (иако изборна монархија со Бран ако е неговото решение праќа ептен глупа порака за целата приказна) меѓутоа толку лоша изведба со толку брзање, сакатење, лепење сцени, прескокнување важни дијалози, целата приказна на крај делуваше како некоја пародија на самата себе и тоа само заради глупата одлука да се заврши со седумипол сезони, ќе им биде најголема грешка на ХБО и Ден и Дејв која никој нема да им ја заборави.
Па, до оваа епизода и ја мислев дека пепел е тоа, ама сепак снег беше.Не е тоа снег, пепел е
Не ми изгледа ко да е планирано за сајд стори, туку дека го направија така последниве сезони. Серијата започна со нив, и целиот билд ап беше како небитно е кој седи на тронот ние доаѓаме.Цела магија исчезна во 3та епизода кога беше ставен крајот на Најт Кинг. Некој поназад рече дека најголема грешка им беше што вакво нешто ставија како сајд стори и е во право, реално тоа испадна поинтересно од самата битка за тронот – главната поента на целата серија.
I am back home again now, and back once more in Westeros, working on WINDS… which, let me add once more, has NOT been finished and hidden away for years. (sigh)
Current Mood:busy
Си ја утнала темата, оваа за серијата е.GRRM update:
Se nadevam ke go zagree stolceto veke ednas.
Па не знам баш, точно е дека сѐ започна со нив, ама мислам дека самите фанови ја направија хистеријата околу вокерите и НК, најмногу ради тоа што е премногу интересно и мистично сѐ што е поврзано со нив.Не ми изгледа ко да е планирано за сајд стори, туку дека го направија така последниве сезони. Серијата започна со нив, и целиот билд ап беше како небитно е кој седи на тронот ние доаѓаме.
Serija koja e bazirana na serijal knigi od pisatelot?Си ја утнала темата, оваа за серијата е.