Game of Thrones

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Ги прочитав уште кога излегоа leek-овите затоа што после првите епизоди од сезонава изгубив интерес за серијата и базирано на тоа очекував дека ќе биде тапа последнава епизода. Ама ова беше очајно и досадно. Како едвај да чекале да заврши проектов. Факинг Dexter имаше повозбудлив крај.
 
Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
После опаднатиот квалитет последниве две сезони ова е можеби најдобриот крај што можеше да се извлече.
На крајот убавите работи се памтат, лошите се забораваат. За Game of Thrones ќе ме врзуваат многу убави спомени и сум благодарен за нив.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Ми се допаднаа и тоа ептен сцените со говорот на Денерис пред војската, целата таа атмосфера во уништениот град, пепелата и снегот, сцената со Денерис и тронот, пресликана од сцената од втора сезона од визијата, се оствари целосно, го виде тронот и како и во визијата замина со Дрого и неродениот син во некој друг свет.

Емотивна беше и монтажата на крај со децата на Нед Старк и нивните паралелни судбини (да Џон е дете на Нед Старк, најмногу од било што друго што бил во животот), многу убави кадри, Емилија растури со глумата во епизодата. Тоа што Џон ја уби Денерис и не беше изненадување ниту е лоша приказна, веќе кога тргнаа со Mad Queen во претходната епизода, логично и исправно беше да има ваков исход, дури и тоа што Дрогон го поштеди Џон и го уништи тронот е исправно, змејот сепак е свесно суштество кое исто пропати многу, што му вредеше да го убие Џон. Во суштина испадна дека цела приказна е сепак судбината на Старкови и нивниот триумф.

Е сега за лошите работи.

После таква моќна сцена со топењето на тронот, го добиваме најглупиот и најнелогичен крај. Или требаше скроз да се скрши тркалото па да нема веќе Вестерос и обединети кралства или требаше Вестерос да биде обединет под некаков нов облик на уредување, демократија или централизирана монархија.

Вака тркалото ќе продолжи да се врти, конфликтите ќе бидат уште поизразени. Изборот на Бран како крал, да речам дека има некоја логика заради тоа што ете би бил најнеутрален, без емоции, без желби, нема да може да биде корумпиран со богатство, жени и моќ, тој си е веќе моќен. Но од друга страна, ако Бран сето тоа го знаеше и дозволи толку многу жртви за да дојде он како краен победник, тогаш не гледам како е он позитивниот лик во приказната.

Но како тоа толку лесно војската на Денерис, откако дадоа безброј жртви за туѓи интереси, откако им ја убија кралицата која ја следеа како божество, сега наместо веднаш да ги егзекутираат Џон и Тирион, они му даваат на Тирион можност да го води настанот, он да биде Kingmaker, а тие едноставно да си заминат, така како ништо да не било, логика нула.

Целиот собир, ај што дијалозите беа очајни, насобрани еден куп неспособни фаци, прицнот од Дорн ниту име му знаеме ниту од која фамилија, Reach кој ги претставуваше- Сем, со кое право, зар Тирион остана последниот Ланистер па немаше друг претставник, некако се избрзано, осакатено, не се потрудиле ни знамиња да ставеа на собирот од секоја фамилија.

И најнелогичното, сите прифатија крал од Старкови, а владетелката на Северот се отакжува од обединтото кралство и прогласува независност и никој нема проблем, иако Јара прифати да биде сојуз со Денерис баш за да добие независност на Железните острови, иако Дорн бил многу подолго независно кралство и пружило најмногу отпор од сите други кралства заедно, и сите сега се среќни со шест кралства и изборна монархија, кога ако веќе одиме во историски примери не донела ама баш никаква стабилност и просперитет, најдобар пример се Светото Римско Царство и Полско-Литванскиот комонвелт кои знаеме како завршија баш со таков систем.

Приказната на Џон, не знам, исто како Џејми, се врати од кај што започна, никаков прогрес на крај, што значење имаше неговото воскресение, неговото потекло, ништо, ама баш ништо.

Делот со Тирион и неговиот совет, составен со кој од кој понеспособни поединци ич не ми се коментира, најглупава, најодвратна, најбезвеза сцена од цела серија, Брон стана владетел на Reach, најбогатиот регион, Брон, обичен платеник кој со ништо не заслужил таква титула, и така сите фамилии од тоа кралство го прифатиле тоа без проблем. :tapp:

И на крај, мотото на цела серија, Winter is coming, каде е ебаната зима, почна да запролетува, натприродната опасност очигледно е закопана и заборавена од трета епизода, така го пројдоа, никој не осети последици.

Реков и уште многу пати ќе повторам, можеби и замислата на Мартин била ваква (иако изборна монархија со Бран ако е неговото решение праќа ептен глупа порака за целата приказна) меѓутоа толку лоша изведба со толку брзање, сакатење, лепење сцени, прескокнување важни дијалози, целата приказна на крај делуваше како некоја пародија на самата себе и тоа само заради глупата одлука да се заврши со седумипол сезони, ќе им биде најголема грешка на ХБО и Ден и Дејв која никој нема да им ја заборави.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.307
Поени од реакции
7.442

Не е тоа снег, пепел е
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Де бре, Брон испадна најголем проблем на крајот.

Мислам дека серијата преку ликот на Брон сака да ни испрати порака дека неретко, обичните хоштаплери и шарлатани, доаѓаат до позиција на моќ на мускули, со превари и слично. Да бевте Скандинавци па да ве разберам ова да ви е чудно, ама да барате логика во вакво нешто, а притоа да живеете на Балканот каде секој втор политичар е силеџија или е корумпиран, малку е нон-сенс.

Во 4-та епизода кога Брон со самострелот ги најде Тирион и Џејми фино објасни. Хајгарден, зошто да не? Сите основачи на големите куќи биле на некој начин силеџии, така е и во Вестерос, така е и кај нас во цел свет. Затоа тоа беше поврзано и со боделите и Литлфингер, да добиеме впечаток дека тркалото не е скршено, дека пак ќе има идиоти на високи позиции и се така во круг. Затоа му се згазија од смеење и на дебелиот кога предложи демократија.

Инаку ја не сум задоволен, ама крајов е очекуван и добро изведен со оглед на тоа што цела серија ја зезнаа во последните 2-3 сезони. Јебига, ние гледаме од наш агол и никој не може да биде задоволен. 8 години поминаа, веројатно уште 3-4 ќе требаше да поминат за да не прават вакво избрзување.

Цела магија исчезна во 3та епизода кога беше ставен крајот на Најт Кинг. Некој поназад рече дека најголема грешка им беше што вакво нешто ставија како сајд стори и е во право, реално тоа испадна поинтересно од самата битка за тронот – главната поента на целата серија.

На крајот на краиштата, серијава факт е дека помести граници, можеби не заврши совршено, ама дефинитивно ги имаше и можеби најсовршените епизоди и сцени во историјата на телевизијата и нивниот импакт врз гледачите тешко дека некој ќе го надмине. Омилена епизода ми беше битката на ѕидот против Менс, а никад нема да ги заборавам сцените со обезглавувањето на Нед, венчавките на Роб и Џофри и за мене најпотресната сцена – битката на Вајпер и Биг Клегејн.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.735
Поени од реакции
17.431
Цела магија исчезна во 3та епизода кога беше ставен крајот на Најт Кинг. Некој поназад рече дека најголема грешка им беше што вакво нешто ставија како сајд стори и е во право, реално тоа испадна поинтересно од самата битка за тронот – главната поента на целата серија.
Не ми изгледа ко да е планирано за сајд стори, туку дека го направија така последниве сезони. Серијата започна со нив, и целиот билд ап беше како небитно е кој седи на тронот ние доаѓаме.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.233
Поени од реакции
27.570
GRRM update:
I am back home again now, and back once more in Westeros, working on WINDS… which, let me add once more, has NOT been finished and hidden away for years. (sigh)

Current Mood:
busy

Se nadevam ke go zagree stolceto veke ednas.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Без да бирам зборови за да го ублажам лошиот впечаток ќе речам уште веднаш: мене финалето ми беше здодевно, на моменти не можев ни да се фокусирам и некако се терав самиот себеси да барам логичност онаму каде што нема. Веројатно за да оддадам некаков трибјут потсвесно за нешто што го пратам со години, за да не бидам контрадикторен на самиот себеси оти сум го гледал, а го гледав оти беше добро, беше револуционерно и веројатно сеуште е, барем во одредени сегменти. Сега некој ќе ми се нафрили и ќе рече: - што к*р си го гледал ако не ти се допаѓа?! Па на почетокот го гледав заради истите причини како и сите други, беше mindblown и не можев да разберам како на некој не му се допаѓа. Потоа кога квалитетот делимично почна да опаѓа и да флуктуира од епизода до епизода се тешев оти тоа е привремено. Надежта е заебана работа. После кога се најави последната сезона, целиот тој спектакл во најава, ми делуваше логично да се чека две години, целото тоа снимање во зимски услови алудираше на зимски крај, на "Најт Кинг" крај. Самата продукција цели две години билдаше нереални очекувања кај публиката, со целата таа мистериозност најавуваше невиден спектакл, епски крај.
После сето тоа мислам дека е разбирливо разочарувањето од страна на гледачите. Креаторите на серијалот создадоа нешто што му избега од контрола, нешто што не трпи импровизации како овие на кои што бевме сведоци. Мислам дека се заплеткаа во сопствената приказна. Созадоја маркетиншки балон кој што му експлодира на фановите во лице, во име на профитот се разбира. Во крајот немаше ништо ни bitter ни sweet туку во голема мера владееше рамнодушност. Како што реков претходно, се отиде на второстепен заплет со извесен разочарувачки расплет. Да немаше алтернативи во ред, меѓутоа главниот протагонист, Ноќниот Крал го ставија под тепих преку очаен крај.
Некој ќе рече крајот е логичен затоа што серијата така почна, со Старкови. Да, дејствието се врти околу нив, меѓутоа од првата епизода, од првите моменти фокусот беше на Најт Кинг. Затоа и Нед Старк ги обезглави дезертерите, оти не му поверува дека Winter is coming. Епа сценаристите истото го направија на крајот, ја обезглавија приказната.
Најмала вина во целата оваа работа имаат глумците. Фантастична глума. Мислам дека во суштина тие се и оние кои што фрлаат сенка врз лошото сценарио, заедно со прекрасната костмографија пропратена со мастрални визуелни ефекти делимично го анулираат неуспехот на последната сезона. Но дури и тие се немоќни пред лошото пишување и очајните дијалози.
Единствен лик во серијалот кој што најмногу доби е Санса. Од антипатична појава се претвори во еден од најлогично изградените ликови во серијалот.
Ако треба да бирам омилена сцена од епизодата, тогаш дефинитивно моментот кога Тирион ги пронајде Џејми и Серси затрупани заедно под урнатините. Дефинитивно најемотивна сцена. Ја фрла во сенка сцената со смртта на Денерис. Дури и Дрогон и го украде моментот кога го стопи железниот трон.
Се останато е просечно.
Мислам дека и ултра фановите кои што моментално живеат во denial длабоко во себе се свесни дека ова беше лоша сезона со лош крај. Остатокот ќе пробува суптилно да го оправда крајот користејќи фрази на политичка коректност, се со цел да ја избегне етикетата "хејтер"
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Не ми изгледа ко да е планирано за сајд стори, туку дека го направија така последниве сезони. Серијата започна со нив, и целиот билд ап беше како небитно е кој седи на тронот ние доаѓаме.
Па не знам баш, точно е дека сѐ започна со нив, ама мислам дека самите фанови ја направија хистеријата околу вокерите и НК, најмногу ради тоа што е премногу интересно и мистично сѐ што е поврзано со нив.

Ги читав и книгите (застанав пред неколку години кај битката против Менс) и не добив впечаток дека баш вокерите се нешто повеќе од сајд стори. Увек тронот бил на прво место, а барем на крајот, мислам дека серијата требаше да кулминира со завршна битка против НК. Ќе беше супер да објаснеа повеќе за него и во конечната битка, Брен со некоја од своите моќи да го заслужеше уште повеќе тронот. Ама тоа е моја желба, некој друг сака нешто трето и то е...
 
B

Beginner

Гостин
Потполно се согласувам за НК таму најмногу ја ебаа работата па и од таа епизода наваму се слабиве рејтинзи. НК да ги убиеше сите на крај тоа ке беше верувам најдобар крај. Бидејки скоро секоја сезона умираа битни ликови и нормално на крајта кога сите очекувавме НК да ги уништи сите и да има sad end. Они направија хепи енд незнам со кој памет мислеле дека така повеќе ке им се допадне на фановите. И немојте со ова е игра на тронови бидејки на крајта и НК слободно можеше да си седне на тронот и пак ке си беше "Игра на тронови". И да Бран за крал бе недајбоже некој да се побуни и да сака да му го земе местото од 6те кралства бидејки грејниот ке треба во војната со гавраните да ги лета да гледа колку војска ке го нападне.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom